Отворено - Затворено
Прашања
Низ институциите на системот, а и надвор од нив, се водат бројни полемики за проблемите во државава. Притоа се користат разни изрази и фрази за сликовит приказ и (веројатно) поентирање со заклучоците. Но, некако ми се чини дека во последно време е изгубена креативноста на ова поле. Некои фрази постојано се повторуваат. Многу популарни се разно-разните прашања (ко на квиз да сме, бре) и нивното отворање и затворање. Колку за илустрација:
Откако еден пратеник го отвори прашањето за прислушкувањето, се отворија и безброј подпрашања. Па се бара формирање на комисија за да ги затвори истите. Прашањата, де. Некој мудар политичар рекол дека ако не сакаш да се реши некој проблем – формирај комисија да се занимава со него. И така, иако уште нема формирано комисија, прашањето стои отворено.
Со мало задоцнување во однос на другите посткомунистички држави, и кај нас се отвора прашањето за лустрацијата. И ова прашање не може да се земе како целина – има куп подпрашања. Како, кој, зошто, кога, дали. Па се бараат модули за прецизно одредување на параметрите при дефинирањето на целната група која би била опфатена со ова прашање. И пак комисија. У меѓувреме, прашањето си стои отворено. Затворени се сал досиејата во Архивот. Ама, се најавува и нивно отворање.
Исто така, постојано се отвора и прашањето за дијалогот помеѓу позицијата и опозицијата. Тоа што претходните не успеале (или не сакале) да го одговорат за време на нивното владеење, кога имале можност за тоа, сега го поставуваат како прашање на актуелното. Разговараат но не се договараат. Се бара консензус за различни концепти на делување. Изедначување на ставовите. Ако беше толку полезна едногласноста при донесувањето на одлуки – добар ни беше еднопартискиот систем, бре! Што мајка баравме демократија и плурализам, кога не умееме да се носиме со нив?! Не успеваме да ја прифатиме различноста како поттик за движење. Само создаваме нови ситуации во старите проблеми. Отвараме дилеми и проблеми. Дијалозиме.
Отворено стои и прашањето за амбасадори. А, барем ова прашање е од типот прашања со заокружување на одговорите. Има опција за избор – А, Б или Ц. Ништо полесно. Арно ама, БЦ не сака одговорот да биде под А.
Сепак, најмногу ќеиф ми прави стандардната, најчесто употребувана изјава на министерката за внатрешни работи – „МВР ќе ги превземе сите неопходни мерки, во рамките на своите ингеренции, за да ги затвори сите отворени прашања“. Срце. Добро сеа, затворањето и Е нејзина работа. И добро го прави тоа. Сал и треба проширување на рамката. А и на институциите каде се чуваат затворените.
Со толку многу отворени прашања во државава, постојано сме изложени на промаја. Дува од сите страни. Се луфтираме до бесвест.
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 12 Март, 2007 - 09:55
Коментари:
Има нешто како книга на фрази/одговори за политичари, празни фрази кои се соодветен одговор на секоја ситуација Инаку, штом завладее правото, повеќе воопшто нема да биде важно што изјавиле
(LOLITA 12 Март, 2007 - 12:00 | логирај се за да пишуваш коментари)
... „Не успеваме да ја прифатиме различноста како поттик за движење“. Сосема си во право и тука е суштината на проблемот. Новиве ветришта: од еднава и од другава страна ми даваат надеж дека конечно некој ќе го оддува зачмаеното дувло кое ни сервира 15 години тапкање во место.
(RIBARO 12 Март, 2007 - 12:55 | логирај се за да пишуваш коментари)
Го делиме ќеифот со Министерката од МВР. Една од најнесреќно избраните фаци на македонската политичка сцена. Токму поради нејзиниот празен јазик. Ни форма ни содржина не покажува девојчето. За срам да и се годините. Башка, и не изгледа ко шо треба. За срамови. Со косата неисчешлана на прес. Несредено лице. И уште ко ќе извади лепеза празни фрази. Пуф, пуф... Алал вера за текстов, добра опсервација. Се надевам ќе има продолженија. (Tranzistor 12 Март, 2007 - 13:51 | логирај се за да пишуваш коментари)
Не е само луфтирањето, тоа е добра работа...отвораш луфтираш и воздухот се прочистува. Од промајава постојано настинуваме, болни сме, нон стоп под антибиотици, а термометарот за мерење на телесна температура не е ставен во устата, него во...
(Бунка 12 Март, 2007 - 19:55 | логирај се за да пишуваш коментари)
Лолита,
понекогаш ми се чини дека некои од нашиве политичари сал таа книга ја имаат прочитано и наизуст научено
Последниве два-три месеца ептен ми е впечатлива оваа фраза за „затворање и отворање“ на прашањата. Не сал кај политичарите, туку и во медиумите навлезе фразеологијава а ни се наметнува и во секојдневието.
----------------------------
Рибаро,
Разликите се тие кои не движат. Ако сите мислиме исто или ако цело врееме се обидуваме да се усогласуваме да мислиме исто - само стоиме во место. И длабиме под нас. Удолу.
Инаку, и јас сум оптимист дека се менува нешто во позитивна насока
----------------------------
Транзистор,
а бе, не е битен физичкиот изглед, добро е девојчето. Работи, покажува резултати. Сал би требало да избегне постојано да ја рецитира истата изјава.
Фала. Продолженија ќе има.... се додека има нов материјал. А за негово создавање - неуморни се некои личности
--------------------------
Бунка,
а бе, ај шо настинавме од промаја... ама и половината ни се свиткува, па така поднаведнати офкаме по скалите накачувајќи се по реформските скали кон вратата на Европа. А и таа пустата отворена за нас, па дува промаја и од таму. Коа ќе видиш - исто ни се фаќа! Kако и да се свртиме, на промаја сме. Судбини
(oksimoron 12 Март, 2007 - 20:06 | логирај се за да пишуваш коментари)
Да а јас стварно не можам да избегам од впечатокот дека на прашање кај нас се одговара со прашање. Одговорот секогаш е со повеќе алтернативи под а, б, в. г, д и за чудо во даден момент секоја може да биде и точна, зависи како гледаш на работата, е добро де зависно кој гледа на работите. Ми се свиѓа твојата анализа. Поздрав
(Мечето Ушко 14 Март, 2007 - 14:58 | логирај се за да пишуваш коментари)
абе ...
..
сите имаат промаја у глаа ...
и фразите се одинствено место за бегање ...
значи се раоти за психоделија и игра со зборои ...
нишо поише ...
Дебили
(ХулаХопа 14 Март, 2007 - 15:09 | логирај се за да пишуваш коментари)
Мече,
на прашање со прашање, па пак прашање.... башка постојано нагласуваат „отворени“ прашања дека се тоа ... а бе, не уби промаја!
----------------------------
Вклучи се,
ма, промаја у глава од прашања, засилена со вентилатор од фрази. Дува, дува...
Аха, игра без правила за одредување на правилата
(oksimoron 14 Март, 2007 - 17:17 | логирај се за да пишуваш коментари)
Кавадарци а, која си ма ти 74' родена мора да те знам. Ама од Кавдарци на блогови шо знам. (macedonia 15 Март, 2007 - 09:50 | логирај се за да пишуваш коментари)
macedonia,
„...мора да те знам...“
Ниш не се мора, де. Не си ставај таква обврска на душа - дека мораш сите да ги знаеш
А, би се изненадил да знаеш колку блогери од Кавадарци има
(oksimoron 15 Март, 2007 - 10:03 | логирај се за да пишуваш коментари)
Прашања еден куп,отворени,затворени, какви сакаш. Одговори? Одговори нема,а и кога ги има,ги гмечат, ги дткаат,да ти се смачи, а плус те лажат и мислат дека им веруваш...Загреота, и тие и ние со нив.Поздрав. (lucija 15 Март, 2007 - 11:54 | логирај се за да пишуваш коментари)
Концепти... опции... параметри... консензуси... ингеренции... се* нешто фразеологија!(SBEPот 16 Март, 2007 - 00:38 | логирај се за да пишуваш коментари)
Затварањето - е изгледа поуспешно во последно време
Сите капацитети на затворите се пребукирани ...
(волан 17 Март, 2007 - 20:22 | логирај се за да пишуваш коментари)
широко си фатила..
ај за рамките..
има нови..
дигитални..
од Филипс..
може тие му се мајката..
(mkhere 17 Март, 2007 - 20:30 | логирај се за да пишуваш коментари)
Луција,
затоа не фати промаја - сал “отворени“ прашања иаме. Нема одговор за да ги “затвориме“
-------------------------------
Ѕверу,
се ти е тоа, душо, „национална стратегија“ , „концептуалност“, „европска иднина“...
-------------------------------
Волан,
бар нешто да се затвра, коа неможе прашањата,де
-------------------------------
mkhere,
нуму за рамки збори, де - урамени сме ние на државно ниво веќе скоро 6 години Мајка, шајка...се по список...
(oksimoron 17 Март, 2007 - 20:35 | логирај се за да пишуваш коментари)
Slow day
it’s just a slow day moving into a slow night.
it doesn’t matter what you do
everything just stays the same.
the cats sleep it off, the dogs don’t
bark,
it’s just a slow day moving into a slow night.
there’s nothing even dying,
it’s just more waiting through a slow day moving
into a slow night.
you don’t even hear the water running,
the walls just stand there
and the doors don’t open…
it’s just more waiting through a slow day moving
into a slow night
like tomorrow’s never going to come
and when it does
it’ll be the same dаmn thing.
(jurak OT petrof 18 Март, 2007 - 03:06 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment