Ни играат тешка партија шах овие од Унијата. Знаат дека сме заебан играч. Непредвидлив, недоверлив и ... непресметан. Учен недоучен, ама со манипулаторски перформанси и талент за смислување алтернативни методи (да не речам за девијантни дејствија, де). Најлоша комбинација. Затоа ни смислија изглеа посебна стратегија. Егејска Македонија одмна ни ја колонизираа преку Грција. Сеа еве и Пиринска си ја зедоа под свое. Ете, и Хрватска им е скоро земена, ќе ни стават коњ таму, да не дебнат у ГЕ позиција. Ловецот ќе го стокмат у Косово, а по се изгледа и Србија пред нас ќе ја освојат, па ќе биде тоа директен напад. Шах - мат!
Дајте, да почнеме троа повешто со (ш)пиуните, да ги позиционираме ловците, топовите пропаганда да ги исфрлиме напред, кралските манири на штрек, коњи имаме доволно за сите 64(овај, 27) полиња да ги покриеме ....мораме да ја добиеме партијава! Мораме да ја победиме Европа и да ја освоиме пред таа да ни го направи тоа.
„Народе македонски....со какви идеи си ти....
доста беше, разбуди се....свести се, не спиј ти...“
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 4 Јануари, 2007 - 20:48
Коментари:
-Уште еден дел од Македонија стана европски.,
постов ќе доживее наезда од благонадежни бугари и остроумни историски ВИСТИНИ.
(Бунка 4 Јануари, 2007 - 20:54 | логирај се за да пишуваш коментари)
Предварително благодаря!
(банско 5 Јануари, 2007 - 11:51 | логирај се за да пишуваш коментари)
2/3 ни освоиа.
(Spartak 5 Јануари, 2007 - 12:39 | логирај се за да пишуваш коментари)
(rustcukMK 5 Јануари, 2007 - 12:44 | логирај се за да пишуваш коментари)
Кими'с,
фала
Мече,
а бе, шахот е комплицирана игра, а ние немаме толку време за мислење.....затоа секогаш набрзинка губиме, ама пак заштедуваме време (знаеш...она време за чекање прием...го имаме на претек
Спартак,
а бе, велам ја сериозна е работава, остај што ние сме несериозни
банско и рустцукМК,
ако продолжите со националистички препукувања и закачки во вашиот познат стил ....а бе, ќе ве бришам, ич не ви се ;удам ни минутка. Да си знаете. Каква демократија, каква слобода на говор - тоа кај мене не пали. Не е ова Стразбур, па да ми исправате криви дрини
(oksimoron 5 Јануари, 2007 - 13:14 | логирај се за да пишуваш коментари)
ама, како стојат работиве, за да излеземе негибнати од оваа ситуација, ќе ни требаат две шаховски постави.
(frustrislava 5 Јануари, 2007 - 13:22 | логирај се за да пишуваш коментари)
Не се коси! Срекен Божик!
(rustcukMK 5 Јануари, 2007 - 13:23 | логирај се за да пишуваш коментари)
или кралев гамбит ...
или дамина индиска ...
или александрова одбрана ...
или ХулаХоп-овска
(ХулаХопа 5 Јануари, 2007 - 13:31 | логирај се за да пишуваш коментари)
Второ, честито нов дизајн...
Трето и најважно - постов ти е закон!
Стратешки треба да размилуваме,
А бугарите веќе жалат што нема веќе колење прасиња по дома за Нова Година, јагниња за 1ви Мај...па за варење ракија муабет да не правиме
Али затоа им се нуди и сервира европеиско пиле
(Леонова 5 Јануари, 2007 - 13:42 | логирај се за да пишуваш коментари)
бек он ту д сабџект, колку и да играме ние шах, секогаш ке не поразуваат. Незнаеш дали сме прости или лукави. Се прават такви сплетки, и пак ништо. Само паѓаме се подолу и подолу. Се спремаме за влез во европа, ама што, од Европа ни Е! Албанциве ке влезат побрзо од нас. Донесуваат некои глупави закони, па незнам си ова, она, лустрација....и што...абе, дури некој не се свести и не си ја чукне главата ни пиуни ни шпиуни не не спасуваат.
пзодрав, СРЕЌНА НОВА ГОДИНА
(Ki 5 Јануари, 2007 - 14:06 | логирај се за да пишуваш коментари)
Матирани сме уште пред да почнеме
(iacovibus 5 Јануари, 2007 - 14:23 | логирај се за да пишуваш коментари)
Туку ајде ,не може никој да ви го земе правото да тртљате ама треба да знаете дека сепак вие сте малцинство(за што зборува се помалиот одзив на изборите за ова -она).Него,кога и вие најмрзливите почнавте да се занимавате со темата ШАХ(привилегија на мислечките луѓе) без оглед на идиотизмот со кој ја толкувате партијата ете ќе речам дека надежта станува се поопиплива.
п.с. Единствено малку ме загрижува присуството на Спартак и неговото согласување со постот и коментарите.Него, признавам, го сметам(в) за тро побистар ама -секој има право на лош ден.
(VUJKO-VLADIKA 5 Јануари, 2007 - 14:59 | логирај се за да пишуваш коментари)
нема негибнати - коа сме влегле у играва...има да играме
--------------------------------
rustcukMK,
ама ич не се косам
--------------------------------
Хулахопа,
хулахоповски му е мајката
--------------------------------
Леонова,
фала многу
а пилето европско.....одамна ни ги исколва очиве
--------------------------------
кристинче,
а бе, чукнати сме одамна во главите, ама...изглеа уште малце ни фали
Фала и поздрав
--------------------------------
iacovibus,
аааа неаме...иаме, иаме - крал на подземјето! Сите (ш)пиуни работат за него
--------------------------------
Вујко Владика,
Срц, у право си - секој има право на лош ден. Знам, те разбирам, сочувствувам со тебе...ама.....не можам да ти помогнам. Низ некои работи човек мора да мине сам, за да ги надмине. Така и ти со твојов лош ден.
(oksimoron 5 Јануари, 2007 - 17:38 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment