Friday, April 04, 2014

Срча


Забелешка во твојот нотес,
неразбирливо запишана
со кратенки и симболи.
Стаклени опсервации на зборот.
Прекршена рефлексија на интерпукцијата.
Апсолвирана недореченост.
Ракописот личи на мене.
Ги има моите црти,
мојот поглед и насмевка.
Контура на мисла
побегната од хартијата.
Ме бараш помеѓу страниците,
а еден добар дел од мене
сеуште е ... во пенкалото.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 13 Јануари, 2007 - 12:25

Коментари:
  • Секој под срча подразбира различно нешто, но воглавном од прва асоцира на стакло, на чаша, на скршен џам. На нешто оштро, но и многу болно.
    Си згазнал по срча.
    Одиш по срчи - во контекст на некој ритуал.
    Но може да поврзе и со душевна состојба која лебди во воздухот. Ситуација каде со срчест поглед како низ скршена призма си се гледаш себе си и својата неизмерна болка.
    Во овој контекст ќе ти постирам дел од една моја песна:
    Се кршат стаклените ѕвона
    ситни кристали пополека се ронат
    сечејќи ми го срцето ко ѕвездички одат
    кон моето тело пополека да тонат.
    Звукот кристален насекаде се слуша
    подмолни крици во мојата душа
    снег од кристали пополека се спушта
    стаклените барикади веќе се рушат.
    Прости за узурпацијата на просторот. Smiling
    Милозвучна_солза
    (Аrwena 13 Јануари, 2007 - 13:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Благодарам за прекрасните стихови Арвена. Многу убава мисла носат со себе. Smiling
    А постов не е поезија. Ни одблиску.
    Тој е само срча од една помисла. И нејзин отсјај од светлоста на дискусијата. Нема болка. Само креација на витраж Eye-wink
    (oksimoron 13 Јануари, 2007 - 15:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • срчка да ги фати душманите..
    (џам 13 Јануари, 2007 - 15:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • твојот ракопис го препознавам во виното. чао (error 13 Јануари, 2007 - 15:51 | логирај сеза да пишуваш коментари)

  • Прекрасно... во пенкалото и во раката која го преместува, во намерата да се пишува..
    (E-Lady 13 Јануари, 2007 - 17:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • како единствена инспирација, кога виното мечтите ќе ми ги претвори во реалност, безумно вљубени во светот. (error 13 Јануари, 2007 - 17:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • error,
    in vino veritas Eye-wink
    а после и срчи Sticking out tongue
    e-lady,
    мастило мисли Smiling
    (oksimoron 13 Јануари, 2007 - 18:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • мирисот на мастилото, воздишка... (all_is_half 13 Јануари, 2007 - 19:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ...И во оној/онаа што го движи пенкалото. Smiling
    Некогаш и јас не можам да си сфатам што сум сакала, што точно сум сакала да кажам со тоа што сум го напишала, кажала... кога се читам... не овде.
    Некогаш си викам дека сум го "пораснала" тој период, некогаш дека за тоа нешто сеуште имам да учам.
    Магични се мислите и она што е позади нив, некажаното! Eye-wink Smiling
    Имај убава вечер! Smiling
    (Natka 13 Јануари, 2007 - 22:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вкусно.. убаво за читање. Кога симболите на мастилото ќе засушат, рефлексијата на знаците се впива во очите.. Убава душа си,, хехе. (SPACEGUN 13 Јануари, 2007 - 23:13 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • recikliranje

    тоа е одраз на јазик во твојот нотес
    исклучително јасна засекотина од кратенки без симболи
    без збор, без разговор
    ракописот е срча над врат кој останал над хартиите
    што залудно се кријат пред пенкалото.

    Smiling
    (jurak OT petrof 13 Јануари, 2007 - 23:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • all_is_half,
    миризливи мастила....мхм... Smiling
    --------------------------------
    Натка,
    некажаната мисла е срчата која светка Eye-wink
    ---------------------------------
    spacegun,
    витражот пропушта онолку светлина колку што е потребно за да се насетат контурите на мислата Eye-wink
    (oksimoron 13 Јануари, 2007 - 23:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јурак от,
    срча која со рабовите на буквите ја сечи мислата, го милува вратот и сурово го размачкува создадениот колаж натопувајќи ја хартијата со бојата на животот Eye-wink
    (oksimoron 13 Јануари, 2007 - 23:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • И С'рч е слично на срча
    (Бунка 14 Јануари, 2007 - 00:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунка,
    се бара срча Eye-wink Smiling
    (oksimoron 14 Јануари, 2007 - 02:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • прекрасно, неочекувано известие под прстите на писарот. (SIRMA 14 Јануари, 2007 - 03:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Фала Сирма Smiling
    И, добредојде назад. Одамна те нема на блогерајов
    (oksimoron 14 Јануари, 2007 - 04:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • .. во пенкалото или во типката го оставаме. Ме погоди онака пред спиење Окси.
    Уф, шо убаво е да се врати човек Smiling
    (RIBARO 17 Јануари, 2007 - 08:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ах срча срча...
    Камо да има една сега (без пена сабајлечки Smiling )
    п.с.Постот изобликува со генијалност на мислата...нема да ми биде прв пат кај шо ке те наградам со мислата...
    ОКСИ..= ОПСЕРВАЦИЈА НА ИНТЕЛЕКТ ПРОПРАТЕН СО ГРАНИЦА НА СОВРШЕНСТВОТО
    поздрав Марјан
    (sting EYE 17 Јануари, 2007 - 08:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • со виното крвта ми станува пена, ме растопува со срчата во проѕирнoста на воздухот.(error 17 Јануари, 2007 - 10:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јако
    (Леонова 17 Јануари, 2007 - 11:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Многу, многу убаво...
    (dr. Max 19 Јануари, 2007 - 18:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Според сите знаци, оној момент кога ќе станам видлив, мојата моќ ќе стане безгранична и јас ќе можам да го столчам својот и секој непријател во стаклена срча. (error 20 Јануари, 2007 - 16:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • убаво ти стои поезија (козмо 2 Февруари, 2007 - 22:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • фала Smiling
    (oksimoron 2 Февруари, 2007 - 22:29 | логирај се за да пишуваш коментари)




  • No comments: