-Во нашата земја исчезна средниот слој. Подземјето се спои со врвот!
-Државава не дозволува секој да прави што сака. Затоа и постои организиран криминал!
-Светот е толку многу загрижен за нас што и нас тоа почна да не загрижува!
-Кај нас политичките криминалци не одат во затвор. Нема државата толку пари да ги храни -и облекува сите!
-Скапо го продаваме нашиот глас. Имаме монопол на пазарот.
-Државата на работниците не им дава плата за невработените да не се чувствуваат повредено.
-Уживатели сме на привилегирана демократија. Ги поднесуваме и трпиме сите можни права!!!
-Нашите политичари се делат на десничари и левичари. Во зависност од тоа која половина од мозокот не им функционира!
-Некои политичари се "занимаваат" со полицијата, наместо полицијата да се "занимава" со нив!
-Постојат и такви кои размислуваат поинаку, но нивниот број е занемарлив во споредба со оние кои не мислат.
-Новата гарнитура и понатаму шкрипи. Никако да започне подмачкувањето од страна!
-Владината програма веднаш почна да дава ефекти. Веќе изгледа неверојатна.
-Испишавме нова страница од историјата. Поради неа не ќе смееме да ги запишеме нашите деца на училиште!
На власт пак дојдоа старите кадри. Колку за промена!
Ги молам паметните повеќе да не попуштаат. Состојбата е критична!!!!!
Каков глуп устав! Двапати го прочитав и никаде не пишува кој е убиецот?!
Секоја будала би сакала да е на власт. За жал, бројот е исполнет. Такви кадри веќе имаме.
Изборите беа чесни. Гласовите се украдени после тоа.
Од фантазиите за подобар живот, новата влада не симна на земја. Тоа и е засега единствен успех.
Промената на владата кај нас е техничка работа, т.е. работа на техниката. Конкретно-булдожерска работа.
Ние сме шампиони во демократијата. Имаме две опозиции во владата и две влади во опозиција.
И за политичарите важи хемијата. Базата им предизвикува киселини.
Потребни ни се нови избори. На мафијата и оди подобро отколку на власта!
Афоризмот е доказ дека и големите драми можат да играат на мала сцена.
Преживеавме војна, земјотрес, поплави...... Има ли вулкан во близина?!
Мојата земја е мала, ама растресита!
Ние во секој момент знаеме што точно сакаме. Само незнаеме кога е момент.
Пред изборната трка беше фаворит а после - само коњ!
Нас не ни се потребни партнери. Тие само ја расипуваат играта.
Живееме како браќа, наместо да живееме како луѓе.
Комунистите така добро ги организираат изборите што другите немораат ни да учествуваат!
Нашите парламентарци не само што се цитираат самите себе си, туку и фаќаат белешки од сопствените говори!
Без лекарско уверение не можеш да управуваш со автомобил, но можеш со држава!
Нашите политичари многу ја сакаат демократијата. Никому не ја даваат!
Во минатогодишната војна имавме внатрешни непријатели. Надворешните беа вишок!
Комунизмот е сон кој ни психијатрите не можат да го објаснат.
Порано на илјада неспособни доаѓаше по еден способен. Сега ни тој не сака да дојде!
Демократија е кога не си затвотен затоа што си бил отворен!
Бирократот раѓа бирократ. Работникот раѓа работник. Кој вика дека социјалните разлики не се наследни?!
Идеалистите се снајдоа материјално, а материјалистите-идеално!
Луѓето денес се делат на песимисти и комунисти!
Кој пее зло не мисли. Кој мисли не му е до пеење!
Порано животот пишуваше драми и трагедии а сега драмите и трагедиите се нашиот живот!
Сите луѓе се добри длабоко во својата душа. Само кај некои тоа е толку длабоко што многу тешко излегува на површина.
Во политиката секогаш постои ризик да на лесен начин се дојде до многу пари. Политичарите тоа го нарекуваат"пресметан ризик".
Не се плашам да кажам што мислам. Се плашам да мислам!
Гениите и лудаците ги дели само еден чекор. Е баш тој чекор го направивме ние!
Ако некогаш се опаметиме, уште сега знам што ќе сториме!
Ни ја ветија АМЕРИКА. Ќе имаме и ние 50 држави!!
Историјата постојано ни се повторува, а географијата постојано ни се менува!
Изборите не беа регуларни. Народот погрешно гласаше!
Власта не се плаши од вистината. Напротив, храбро се бори против неа!
Политичарите не ја мразат интелигенцијата. Дури и им недостасува.
Дајте ми цел за да ги оправдам средствата!
Ги нема тие пари кои можат да не купат. Да ги има ... би било поинаку!
Нашата власт сестрано го решава проблемот со невработеност. Можеме да рабитиме низ целиот свет,само тука не.
И непријателите почнаа да ни помагаат кога сфатија што всушност правиме.
И треба да не водат оние кои најчесто биле изгубени. Тие најдобро го познаваат теренот.
Се наоѓаме пред вратите на Европската заедница. Сите си ги бришат нозете од нас.
За сегашната Влада може да помислите се и сешто. Нема да погрешите.
Мораме да пропаднеме мирно и достоинствено. Во прашање е нашиот углед во светот.
Нас непријателот не ни е потребен. Ние се можеме сами.
Владата ни вети подобар живот. Дали мисли да си даде оставка?!
Би можеле ние и да се опаметиме, но со тоа би го изгубиле нашиот национален идентитет.
Власт не се добива преку ноќ. За тоа е потребен подолг мрачен период.
Државата ни е како туристичка агенција. Во подобра иднина тргнуваме барем двапати неделно.
Ништо не знаеме. За среќа добро сме информирани.
Интелигенцијата мисли дека власта е во погрешни раце. Власта пак мисли дека интелигенцијата е во вистински раце.
Чесната интелигенција е толку чесна, што тоа веќе не личи на интелигентност
Во непријателот можеме да имаме целосна доверба. Што мисли тоа и ни го прави.
Преземаме фирми едни од други. Тоа е нашиот начин за обрт на капиталот.
Прес на Владата: „Драги сограѓани! Можеме да ви потврдиме дека демократијата навистина постои! За нејзината локација, ќе ве известиме накнадно!"
Историјата на нашите победи е поразот на нашата историја!
Борците за правата на работниците ја почнаа одлучувачката битка. И добро им оди. Работниците за сега не даваат отпор.
Објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 4 Февруари, 2006 - 12:16
Коментари:
Демократија е кога не си затворен затоа што си бил отворен!
Со новиот закон ова е и натаму точно, но ако се отвораш само на за тоа определено место. Протестирајте си вие, ама подалеку.
(GoodBytes 16 Февруари, 2006 - 23:09 | логирај се за да пишуваш коментари)
The present government is one of national unity. Everyone's against it.
The middle class disappeared in our society. The underground merged with the top.
The state does not allow people to do things anyway they like. That's why there is organized crime.
The world is so concerned with us that we're starting to get concerned.
The state does not pay its employees so that it does not offend the unemployed.
We are beneficiaries of state of the art democracy. We suffer all and everyone's rights.
Politicians are divided into left and right. Depending which half of the brain does not function.
Some politicians "deal" with the police, instead of the police dealing with them.
There are some who think differently, but their number is negligible in comparison to those who do not think.
We appeal to the tolerant to stop giving way. The situation is critical!
What a stupid constitution! I read it twice and it doesn't say who the killer is.
Every jerk wants to be in power. We are sorry to inform you that the quote is already full.
The elections were performed correctly. The votes were stolen afterwards.
We are champions in democracy. We have two oppositions in government and two governments in opposition.
We need new elections. The mafia is doing better than the government.
We survived a war, an earthquake, a flood.... Any volcano near by?
We don't need partners. They only spoil the game.
The MPs not only quote themselves, but they also take notes from their own speeches.
Without a medical certificate for work capability you cannot drive a vehicle, but you can run a state.
Our politicians are so delighted with democracy that they don't want to share it with anyone.
During the war we had so many internal enemies, that the external ones were redundant.
In the past, there was one capable person on each thousand incapables. Now even that one doesn't want to appear.
Democracy is when you are not shut down for opening up.
The idealists managed to succeed materially, while the materialists ideally.
People can be divided into two groups nowadays: politicians and pessimists.
I'm not afraid to say what I think. I'm afraid to think!
They promised America to us. Now we'll have 52 states.
History repeats itself. How come that geography keeps on changing?
The elections were irregular. The people voted wrong!
Politicians do not hate intelligence. They even miss it!
Give me a goal to justify the means!
There is no money that can buy me. If there was... things would have been different.
Our government applies international solutions to the unemployment problem. We can get jobs anywhere else but here.
Even our enemies began to help us when they realized what we are actually doing.
We should be led by those who were once lost. They are familiar with the terrain.
People can freely say anything about the government. They won't be wrong.
We could come to our senses, but that would change our national identity.
One does not obtain power overnight. That takes a longer period of darkness.
Our state is like a tour operator. We start for a better future at least twice per week, for dream locations and at low rates.
The virtuous intelligence is so virtuous that it doesn't seem intelligent.
(Ана Пејчинова 29 Јули, 2008 - 08:44 | логирај се за да пишуваш коментари)
Поздрав
(vankovska 29 Јули, 2008 - 10:31 | логирај се за да пишуваш коментари)
Поздрав.
(oniro 29 Јули, 2008 - 11:02 | логирај се за да пишуваш коментари)
прекрасна си мила моја! Многу убаво од тебе. Твојот допринос е за почит. Благодарам
ванковска, ониро,
мило ми е што ви се допаѓаат афоризмиве. Јас сум голем љубител на нив. Велат - афоризмот е доказ дека и големите драми можат да се играат на мала сцена
Иначе, не се сите мои афоризмиве. Дел од нив сум ги собирала низ годините (слушнато, прочитано) и ги додадов покрај другите со мала модификација заради прилагодување на нашето секојдневие и услови
(oksimoron 29 Јули, 2008 - 19:50 | логирај се за да пишуваш коментари)
а овој ми е фаворит:
`Порано на илјада неспособни доаѓаше по еден способен.
Сега ни тој не сака да дојде!`
(виолетова 29 Јули, 2008 - 20:10 | логирај се за да пишуваш коментари)
хахахахахахахахахахахахаха
(literanova 29 Јули, 2008 - 20:13 | логирај се за да пишуваш коментари)
Еве ти еден Велешки(зајадлив-сеирџиски) афоризам од мене :
ЗНАЕТЕ ЛИ ЗОШТО ЅИНГО НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ПОЛИТИКАТА ?
- ШО СЕА ЗА МАЛКУ !
Ајде, Другарски поздрав.
...
(CTOJAH 29 Јули, 2008 - 20:29 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment