Информациите се многу важен сегмент за изградба на интелектот. Редовното ажурирање на добиените информации, нивната анализа и складирање во мозочните архиви претставуваат перманентна надградба на знаењата. Во својот пост Информацијата е моќ.Или не е. IAKOVIBUS изнесува неколку информации и искажува мислење за вредноста на истите.
Вели : „ ...Да, ние сме способни за multitasking, но до која граница? И дали тоа пребукирање на мозокот со се и сешто ни попречува во познавањето и знаењето на информациите кои се нужност за нас во определен период. До каде ќе одиме со силувањето на мозокот? И што после тоа?Ме учеа дека информацијата е моќ. Но дали е така? Дали се точни моите сомнежи дека информацијата може да биде најголемата слабост, да ми смета во животот...“
Искрено, и мене ме замисли со прашањава. Дали информираноста повеќе ни користи, или ни нанесува штета?! Па, си ја пренесов во мисливе ситуацијава на просторот од нашиов општествено-политички живот, во рамките на институциите на системот на државава. Кое изобилство од информации има тука. Провираат од сите страни, се провлекуваат низ клучалките, низ зидовите, низ каблите....Не пречекуваат од секој агол, од под секој камен, црцорат од под стреите, дури и од небо паѓаат понекогаш-изненадно, со грмење и светкање. Од преголемо количество на сосем збиен простор - информациите кај нас развиле и други свои форми. Мутирале во полуинформации и дезинформации т.е. шпекулации. Посебно покрај извори блиски до одредени институции. Под влијание на специфичните надворешни и внатрешни услови, еволуирале во современ репрезент на политиколошката умешност и вештина. Расцутиле во сите бои. Повремено се случува некоја таква мутирана информација со метод на пермутација преку фаза на шпекулација да се претвори во манипулација и да ни го разори мозокот, привремено онеспособувајќи не .
Не нападнале информации од сите страни, ни го узурпираат и силуваат паметот - а ние неаме ни закон да не заштити од нив. Е, затоа, се развил одбранбен нагон кај нас. Сме се сокриле сите помеѓу стаклени зидови. Пливаме вешто помеѓу украсните алги маркетинг, не хранат со инстант популизам и задоволни сме. Не има во сите бои, а некои се прелеваат во повеќе нијанси. Си имаме регулирана температура на водата (млак табиет), си имаме идеално осветлувањеод медиумски неонки (полувидливо до заслепувачко), ЕУ кислород во меурчиња од ветувања жубори во еден агол, а во друг сјајно огледало кое рефлектира вредност и бројност. Среќни сме и задоволни. Немаме причина за загриженост. Не ни можат ништо сите информации и дезинформации. Сме станале златни рипки.
Една од информациите кои ги пренесува IAKOVIBUS е дека „Меморијата на една златна риба е со времетраење од 3 секунди. “ Немаме ние гајле од пребукираност. ;)
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 17 Јуни, 2006 - 19:40
Коментари:
Се специјализира за теми кои го привлекуваат вниманието.
Знаеш и самата.
Што повеке го оптеретуваш, подобро работи.
Ако е под постојан притисок, ке знае да го одвои битното од неважното.
Да нашите мозоци се толку празни, што ни 20 Гига не можат да ги наполнат.
За пребукираност не станува ни збор.
оги.
(OGI SINKO 17 Јуни, 2006 - 23:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

што ќе биде кога ќе реши сопственикот да го прочисти и да промени водух?
(Аrwena 18 Јуни, 2006 - 01:45 | логирај се за да пишуваш коментари)
Кај поголем дел очигледно ваквиот третман дава резултати. Се забораваат сите лаги, пропусти, малверзации, злоупотреби,неисполнети ветувања ... и упорно се гласа за истите луѓе како првпат да настапуваат на политичката сцена.
Инаку...уше една поговорка „Рибата смрди од главата“. Сеа глеам зош - еден куп заборавени, неупотребливи информации кои шират реа на застоеност.
(oksimoron 18 Јуни, 2006 - 12:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

(oksimoron 18 Јуни, 2006 - 12:51 | логирај се за да пишуваш коментари)
Нашиот проблем е у слабата меморија.
Еден афоризам вели - „Сенилноста е добра работа, постојано ти се случува нешто ново“. Е сеа, од постојано повторување на едни исти „новини“, никоаш не доаѓаме до фазата надминување на старото.


(oksimoron 18 Јуни, 2006 - 13:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

Набљудувано од твојава гледна точка и тоа какви рипки сме - шампиони! Им ги исполнуваме желбите, не се сеќаваме на нивните гафови и на нивната непрофесионалност, неми сме пред нивните грешки, си живееме у ладна вода и мало аквариумче...
Рибина факинг идила!
Единствено што сме топлокрвни...
iacovibus
(iacovibus 18 Јуни, 2006 - 15:45 | логирај се за да пишуваш коментари)
post 1
post 2
(qzevski 19 Јуни, 2006 - 17:42 | логирај се за да пишуваш коментари)
(Сале 20 Јуни, 2006 - 10:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

Диско рипче, срцуле, ни 3 секунди не ти вршат работа за перцептирање на еден збор. Половичноста е навистина моронска работа. Не е у јузерот проблемот.

Ама, ич не се секирај - кој признае пола му се простува


Кузевски, добри ти се постовите. Но, смисолот на информацијата е во нејзината корисност во дадени ситуации.

Иаковибус, не знам дали топлокрвноста ни е доблест или маана у случајов. Некако, многу ладноокрвно реагираме на жешките теми

(oksimoron 20 Јуни, 2006 - 10:34 | логирај се за да пишуваш коментари)
Бодријар вака размислува:
Живееме во еден свет во кој се повеќе има информации, а се помалку смисла. Ќе поставиме три претпоставки за тоа:
• Или информацијата произведува смисла, но не успева да ја надомести грубата загуба на значењето во сите аспекти. Колку и да инјектираме, со помош на медиумите, пораки и содржини, загубата, исчезнувањето на смислата се случува побрзо од нејзиното повторно инјектирање. Во тој случај, треба да се повикаме на една продуктивност на базата, за да се заменат немоќните медиуми. Тоа е сета идеологија на слободниот збор, на медиумите демултициплирани во безброј индивидуални клетки за емитирање
• Или информацијата нема никаква врска со значењето. Тоа е нешто друго, операционален модел со поинаква природа, надвор од смислата и од кружењето на смислата во прецизна смисла на зборот. Тоа е хипотезата на Шенон: онаа за една информациска сфера која е чисто инструментална, технички медиум, не подразбирајќи никаква целесообразност на смислата и, значи која не треба да биде опфатена со некакво вредносно просудување. Тоа е еден вид код, како генетскиот: тој е она што е, тоа така функционира, смислата е нешто друго, доаѓа отпосле на некој начин... Во тој случај, едноставно не би постоела никаква значајна врска меѓу инфлацијата на информацијата и дефлацијата на смислата
• Или пак, напротив постои строга и неопходна корелација помеѓу двете, дотолку повеќе што информацијата директно ги унуштува или неутрализира смислата и значењето. Загубата на смислата е непосредно поврзана со разредувачкото, разудебувачкото дејство на информацијата, на медиумите и на мас-медиумите.
Соочувањето со преизобилство на ударни вести, спектакуларно објавени во на ударните страни/термини оневозможува разликување на главното од споредното. Вниманието попушта, владее конфузија. Триумфираат слогани, туркајќи ги во медиумски амбиси вистинските професионални/интелектуални потфати.
(qzevski 20 Јуни, 2006 - 18:07 | логирај се за да пишуваш коментари)
И,
„...Соочувањето со преизобилство на ударни вести, спектакуларно објавени во на ударните страни/термини оневозможува разликување на главното од споредното. Вниманието попушта, владее конфузија...“

честитки....во само две реченици ја сублимира поентата на текстов


(oksimoron 20 Јуни, 2006 - 18:45 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment