Saturday, April 05, 2014

Култура е...



Култура е...
Култура е - насловна страна на секое општество.
Култура е - консумирање на културни вредности.
Култура е - одраз на ментална состојба на секој субјект
Култура е.... тоа што го немаме ние!
Култура е тоа што нам ни треба,
култура е тоа што го бараме ние....
.......
Културата не е цел само за себе туку се јавува како потреба во развојот на свеста кај човекот хуманист, активен градител на општеството. Секоја тенденција на затворање на културата значи и узурпација на културните вредности, што во крајна линија може да значи стагнација на општествениот развој.....
Па, за таква една култура неопходна е слобода на творештвото!
Да, Да - слобода на творештвото!

Песнава е стара барем дваесетина години. Во изведба е на групата Токму Така од Кавадарци , а вокалот е Бубо Каров. Клипчето го правев сама (мој прв обид, де... нуму одма да критикувате, дајте елан да продолжам да „клипувам“) ;)
Голема благодарност до Струмјан што беше другар и ја ископа од архивите, а благодарност и до Рибаро кој беше посредник. :)


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 1 Ноември, 2007 - 01:07

Коментари:
  • добро но,нели милсиш дека кога пишуваш за култура треба да произведеш прашања?
    1.Зошто нема култура и сл.?
    (наш познат блогер 1 Ноември, 2007 - 01:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • културата е жива материја,прозиводство на прашања е нејзината суштина... (наш познат блогер 1 Ноември, 2007 - 01:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • 1.Зошто нема просветни работници кој низ 'смеа' кје ги учат нашите деца?
    2.Зошто најголемите уметнци живет во сиромаштија - за после смртта нивното дело да се величи, а некој кретени да заработуваат пари?
    П.С: Поддршката е многу битен сегмент од сечие живеење; и Њутон рекол: дајте ми поддршка, кје ја измерам целата земја.И ја измерил...
    (наш познат блогер 1 Ноември, 2007 - 01:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • и да не заборавам: Културниот Пуританизам е класичен Турбо Фолк.Еве,толку од мене..(наш познат блогер 1 Ноември, 2007 - 01:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • култура,
    колку убава апстрактна именка...
    Smiling
    (gersanina 1 Ноември, 2007 - 08:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Корегирај го линкот до мене инаку жолт картон ќе добиеш. (strumjan 1 Ноември, 2007 - 12:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ненад,
    сликите во самиот клип се прашања Smiling
    Другото е сал текстот од песната на Токму Така, стара музичка тема која сакав да ја извадам од нафталин и да ја актуелизирам пак Eye-wink
    Станува збор за културата на однесување, за нашиот пристап кон културните вредности, а не за самите нив Smiling
    А, за просветните работници..... затоа што нема воспоставено таков систем при обучувањето и продуцирањето на кадри во образовниот процес, па да знаат и да пренесат такви знаења Smiling
    Иначе, за тоа со уметниците што стануваат славни дури по нивната смрт и дека некој друг после печали од нивното име - сосема се согласувам. Такви извртен вредносен систем имаме изгледа кога станува збор за уметноста Sad
    Во однос на Њутн - не е финта да се премери земјата, туку да се помести од лежиштето во кое е зацементирана. Затоа посоодветен би бил Архимед со лостот - дајте ми доволно долг лост и цврста потпора и ќе ја поместам земјата Eye-wink Smiling
    Ех... коа и турбо фоклот доби статус на културна дејност.... дефинитивно ни треба лостот, ако не за поместување - за по грб мавање! Smiling
    Gersanina,
    апстрактноста е убава - остава простор за имагинација и различни, произволни перцепции Eye-wink Smiling
    Струмјан,
    а бе, ја ич не ја сакам жолтата боја. Ако даваш веќе, давај црвен картон па да завршиме работа (црвена боја сакам) Smiling И да знам сеа дека кога ќе ми треба некоја стара, заборавена тема - ти си тука да помогнеш. Уште еднаш фала Smiling
    (oksimoron 1 Ноември, 2007 - 13:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, а што би бил друго (турбо фолкот) ако не културна дејност?! (Dozgulpmus 1 Ноември, 2007 - 13:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Имаме ли ние однос спрема културата? Како надоградба на општествениот систем, културата треба да стои на цврста основа, а не на лабави нозе. Колку средства се издвојуваат за неа? Дали е тоа доволно за мотивација, а за сатисфакција и да не зборуваме.
    П.С.
    Добар ти е клипот Smiling
    (KLIKER 1 Ноември, 2007 - 14:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • имав еднаш напишано и пак кје напишам: Југот редовно од Словенија увезува мајонез и машини за перење,а Словенија редовно од југот увезува - драми,комедии,трагедии...во сите можни агрегатни состојби.
    Поздрави
    (наш познат блогер 1 Ноември, 2007 - 16:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Dozgulpmus,
    би бил опозит на културата, пример за некултура Sticking out tongue Laughing out loud
    Кликер,
    за да изградиме однос кон културата, треба прво да ја имаме културата во нас. Не велам дека немаме културни вредности кај нас, имаме и талентирани културни дејци, но ни фали онаа општочовечката култура Eye-wink Smiling
    Мило ми е што ти се допадна клипот Smiling
    Поздрав
    Ненад,
    ова ко ситуацијата со Фрукталот - праските и јаболката од нас по багателни цени, а тетрапак сокот пак кај нас ама по изгор цени. Плус и ајвар со наши пиперки прават, и името си го лиценцираат. Тоа ти е, создадени сме за експлоатирање изгледа. Шампиони у категоријата Smiling Си имаат култура бре Словенците, гледаш како културтно не прават блесави Sticking out tongue Laughing out loud
    (oksimoron 1 Ноември, 2007 - 20:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • 88/89 пишав во тогашен „Студентски збор“: На југот врие, а Словенците продаваат готови супи! За жал, скоро дека и денес важи оваа состојба.
    И, Окси, повели и другпат, ај сега менувај го и линкот десно во пријатели Smiling
    (strumjan 2 Ноември, 2007 - 00:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Струмјан,
    на југот врие постојано, ама никако да испари. Изглеа имаме многу ефикасен систем за кондензација - ирационалноста Smiling
    А бе, ај шо ми даде жолт картон, туку сеа се мислам... многу картони ќе ми се соберат - плав имам, зелен имам, еве сеа и жолт, а во најава црвен..... шо ќе им правам, бе! Ете, го сменив линкот Eye-wink
    Поздрав Smiling
    (oksimoron 2 Ноември, 2007 - 23:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • браво за трудот, темава е evergreen Smiling)
    (Црнориз 4 Ноември, 2007 - 02:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Crnoriz,
    Фала Smiling
    Иначе, темата е evergreen, ама и ние не заостануваме - остануваме секоаш зелени у однос на културата Eye-wink Smiling
    (oksimoron 4 Ноември, 2007 - 14:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • мене у култура највише ме занима субкултура Cool
    (istoчna 6 Ноември, 2007 - 21:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Источна,
    знаеш ти што да те „занима“ Smiling
    Занимации од субкултурата Eye-wink
    (oksimoron 9 Ноември, 2007 - 08:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • мене од култура,најповеќе ме интересираат..
    културните работнички..
    и..
    културниот простор..
    (anaveno nelogiran 9 Ноември, 2007 - 10:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • култура е нешто шо само на филм ќе го имат сите...... Smiling
    (freestyle 9 Ноември, 2007 - 17:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Анавено (нелогирана, бре),
    Ти лиииииии.... море шо си ти Smiling
    А културен неработник во некултурен простор не те интересира, а?
    freestyle,
    филмовите се дел од културата, бе. Уметнички израз. Ама, тука не станува збор за изразот, туку за одразот Eye-wink Smiling
    (oksimoron 9 Ноември, 2007 - 18:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Денес култура е препукување преку телевизии и новини кој како ги земал 15.000 евра :). (kumasin 12 Ноември, 2007 - 19:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ЛИЧНА ПОКАНА
    Драга блог-пријателке, задоволство ми е да те поканам на промоцијата на книгата МАШКО ПИСМО, инспирирана од мојот блог www.prodavnica natajni.blog.mк. Ќе бидам радосен ако ме почестиш со своето присуство, особено што во книгата си застапена со свои коментари кои си ги оставила под моите текстови. Со тоа си, на извесен начин, коавтор на МАШКО ПИСМО.
    Книгата ќе ја промовира доајенот на македонската блог-сцена, Ивица Боцевски.
    Промоцијата ќе се одржи на 22 ноември 2007 година (четврток), во Книжарницата ИЛИ-ИЛИ, во МАЛА СТАНИЦА, во 19 часот.
    Организатори на промоцијата се македонските издавачи ИЛИ-ИЛИ и ЃУРЃА.
    Срдечно!
    Никола Костески
    P.S.
    Поканава, иако лична, ти ја испраќам на овој начин бидејќи не знам како тоа да го направам со опцијата ПП.
    Срдечно!
    (encyclopedia ga… 19 Ноември, 2007 - 14:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Кумашине,
    ма не сал препукувањето, туку и пукањето стана културна вредност кај нас Smiling
    Никола,
    ПП одамна ми се исклучени како опција, затоа не си можел да испратиш.
    Благодарам за поканата, се гледаме во четврток Eye-wink
    (oksimoron 19 Ноември, 2007 - 19:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • само што почнав да читам ми текна една мисла што ќе ја пишував во коментар. си ме престасала....
    „Култура е.... тоа што го немаме ние!“
    поздрав окси...
    (и смени ме во пријатели, старо е да стои кристинче Smiling )
    (Ki 6 Декември, 2007 - 02:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Убави размислувања.Кога ќе почне нашиот народ да си ја цени културата? Асимилации, глобализација, од се по нешто имаме, а нашето си го ставаме не на второ, на последно место, ми се чини на моменти.Ај, се надеваме дека веќе се свестуваме.Поздрав Оксиморон.(Crystal castle 17 Декември, 2007 - 16:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Да,точно,културата е нешто што го немаме,затоа станува наш стремеж кој никако да го реализираме. (dostoevskigirl 23 Декември, 2007 - 21:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Културно е да се посака и каже: "Убави празнични денови!" Smiling
    (Natka 27 Декември, 2007 - 16:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • KI,
    ма, не е дека до толку немаме, туку што не знаеме колку имаме и не го вреднуваме тоа Eye-wink
    п.с.сменето е твоето ИД на листата пријатели Eye-wink
    Crystal castle,
    многу прецизно Smiling
    Треба да си ги преиспитаме приоритетите Eye-wink
    Поздрав мила
    Достоевски девојко,
    не е до имањето и немањето..... до стремежот е Eye-wink Кога ќе се интензивира, ќе дојде и до реализацијата Smiling
    Натка,
    Благодарам за убавите желби мила моја Smiling
    Ти посакувам и јас тебе се најубаво, не само за празниците - туку секогаш и секаде Eye-wink
    (oksimoron 28 Декември, 2007 - 14:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Среќна Нова година, блог-пријателке!
    Срдечно!
    (encyclopedia ga… 31 Декември, 2007 - 14:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Среќна нова Окси! Ти посакувам се најубаво во 2008...
    (dr. Max 1 Јануари, 2008 - 21:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Благодарам Никола
    Благодарам dr. Max
    Ви посакувам се најубаво Smiling
    (oksimoron 2 Јануари, 2008 - 12:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Точно е, културата ОЧАЈНО нам ни треба. Не сум проповедник, но што знам, она што ти фали велат дека ти е пред нос (слепата точка) Smiling
    КАДЕ Е?!?!?!
    Рандом дигресија, слобода на творештвото(цитирам: ,,А ДОТОГАШ ЗБОР-ДВА ЗА ТОА ШТО не ПРОАЃА")? И неизбежното:
    ,,Култура е -
    насловна страна- http://blog.com.mk/node?from=1
    на секое општество."
    Можеби грешам, но недостатокот од култура е поради тоа што културолошките предводници ни се ,,wanna be" писатели.
    Толстој не бил писател затоа што пишувал, туку затоа што е квалитет! Читан квалитет Eye-wink
    Ps. Да, клипувај Smiling Мене ми се допадна.
    (херој 2 Јануари, 2008 - 14:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Херој,
    во случајов со културата, „слепата точка“ лесно се трансформира во општествена „црна дупка“ во која се губи целиот креативен потенцијал. Sad
    Изместен е вредносниот систем при перцептирањето на културата, па се добива некоја чудна, искривена слика која секој ја толкува на различен (свој) начин. Лесно му било на Толстој да пишува (и опишува) за човековата психа додека сеуште ја имало..... Sticking out tongue Laughing out loud
    Фала Smiling
    (oksimoron 2 Јануари, 2008 - 20:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • No comments: