Saturday, April 05, 2014

Преку работ


Трошење на енергија , која всушност и ја нема баш, за дилемата што би било кога би било. Претпоставки дали тоа што поминало на начин на кој што поминало би поминало така ако било поинаку. Ако се реагирало онака како што не се реагирало кога се реагирало. Лудилото во нас и околу нас. Кое е посилно? И кое не турка преку работ?
Предрасудите за грев се трансформирале во дефиниции. Исцртале граница како „треба“ и како „не треба“. Сите “знаат“ што е погрешно а што „не е“. Но, дали гревот е нешто што го чувствуваш во самиот себе или нешто што другите го гледаат кај тебе? Лично или наметнато чувство. Интровертна премолченост или екстровертна манифестација на драматиката. И, битен ли е изразот ако нема почувствуваност на манифестираното?! Етика или етикета.... или можеби само естетика....Перманентно усовршување на методите за самоуништување. И константно самосожалување. Потврда преку негација. Невини во осудите, но виновни во невиноста. Со спартанска дисиплина за недисциплина.
Кога би имале свет без исцртани линии, без ограничувања, свет во кој се ни е дозволено – би се изгубиле во него. Би паднале со дух. Би ја изгубиле индивидуалноста. Онаа, на која се повикуваме цело време како да вртиме 194. Не, не умееме ние без рабовите . Ни требаат за да се кршиме преку нив.

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 19 Октомври, 2007 - 23:53

Коментари:
  • преку работ..
    многу остро..
    по мое..
    преку колено..
    па во скут..
    така ќе има почувствуваност на манифестираното..
    взаемно..
    (anaveno nelogiran 20 Октомври, 2007 - 00:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Би паднале со дух или би се продуховиле.. Би ја изгубиле индивидуалноста, за да станиме љубов.. Но, не, не умееме ние без рабовите. Ни требаат за да паѓаме во бездните, за да го цениме животот. (seelenluft 20 Октомври, 2007 - 11:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • анавено,
    тебе изглеа ти треба модификација заради прекфалификација на манифестацијата на буквализам - од колено на колено па преку работ на приемчивоста Eye-wink Smiling
    Seelenluft,
    рабовите ни требаат за да не потсетуваат на ограниченоста. Наместо да создаваме неограничен свет, ние упорно бараме рабови за да ги поминеме у знак на протест и се скршиме во обидот. На што повеќе парчиња се кршиме, тоа подобро. Изглеа тоа ни е начин на размножување на заблудите - проста делба.
    (oksimoron 20 Октомври, 2007 - 15:48 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: