Friday, April 04, 2014

Аман, аман(дмани)


Парламентарната опозиција во РМ поднесе 2 800 амандамани против еден предлог за измена на еден член од деловникот за работа на собранието, поднесен од пратеничката Лилјана Поповска.
Се прашувам дали спорниот предлог за измена содржи во себе 2 800 зборови. Па, да имаат забелешка за секој од нив поединечно. Не верувам. Претпоставувам дека во приложените амандмани се прават комбинации на варијации. Веројатно се вклучени тука и запирките, точките ... некоја виша математика за да се стигне до цифрата 2 800. Сирот предлагач - мораше да го повлече предлогот за да го доработи , да допише уште карактери (и букви и интерпукциски симболи), за да може да ги издржи опозициските амандмани.Заради рамнотежа.
2 800 амандмани за само еден член!
Јас сум восхитена. Луѓе мои, па ова е опозиција! Вака се оневозможува власта да ги исполни своите ветувања, својата програма за подобрување на општествените и економски услови во државата. Ете, вака се втурнува државата во криза. Оти, мора да се создаде прво кризата, за да потоа се понуди решение за истата, де. Школски пример како да се опструира работата на институциите на сосем легален начин. Преку „дијалози“ и преку амандмани. Дур беа на власт, не ги биваше волку. Ни за дијалози ни за амандмани. Изгледа опозиционерството им годи. Дајте, да ги оставеме засекогаш да бидат опозиција. Едноставно – незаменливи се !
п.с. исправка - не биле 2 300 туку 2 800 :)

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 13 Февруари, 2007 - 16:35

Коментари:
  • псст..
    http://vasiotsosed.blog.com.mk/node/68747
    (vasiot sosed 13 Февруари, 2007 - 16:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси is on the road again.Јас пријателски би и советувал на опозицијата да направи внатрешна ревизија како се трошат парите за потрошен канцелариски материјал. Значи да се види од каде и од кого се купува хартија и кертриџи или тонери и кој им ги одржува принтерите и копир машините. Се кладам дека ова го направил некој опозициски махер кој отишол до набавувачот и му рекол, дај ми три кубици хартија по цена три пати повисока дај ми тонери и други тракатанци по пет пати повисока цена, а јас ќе ги натерам моите да пишуваат и принтаат. Парите ги делиме. За тоа се не надмашни. Поздрав ОКСИ Eye-wink
    (Мечето Ушко 13 Февруари, 2007 - 16:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ранозелени леваци, така си ги викам јас.
    (Бунка 13 Февруари, 2007 - 20:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се плашам дека јавноста не ја разбра акцијата на опзицијата. Мислам дека Макрадули ја објасни во една реченица но ние не ја разбравме.
    Он рече
    “Демократијтата нема цена“. И во право е. Нема цена која нема да се плати за да се сопре демократијата. Безвредни се сите купишта хартија и сите евра кои биле и ќе бидат дадени да се сопре се она што ги плаши и не им одоговара а го именуваат како демократија.
    Зарем да дозволат и кај нас да се воведуваат нормални правила на демократската игра како во цел свет. Па луѓе мои за нив таа борба нема цена. За нив тоа е бесценето. По цена на нашата целосна пропаст и по цена на одење во сите можни амбиси тие нема да се откажат од одбрана на нивната матрица, а таа на сите ни е добро дури предобро позната.
    (Константин 13 Февруари, 2007 - 20:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Константин, навистина самиот предлог има елемeнти на диктатура и сл.описи, но позадината и идејата за борба против такви политички решенија треба да биде со здрава основа, желба и чиста совест, а богами и здраво поставена интелигенција во мозокот е потребна. Инаку јас во однос на сегашнава опозиција сакам да се однесувам какодиктаторско копиле Smiling
    (Бунка 13 Февруари, 2007 - 20:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • соседу,
    шшшшшшш.... Eye-wink
    ------------------------
    Мече,
    има, има некоја дубиоза....некој сигурно го полни џебот во ситуацијава Smiling
    ------------------------
    константин,
    СДСМ многу ја сака демократијата - никому не ја дава ! Посесивно си ја чуваат за себе и ја користат коа ќе им притреба Eye-wink Smiling
    ------------------------
    Бунка,
    а бе...Макијавели не ти е рамен у објаснувањево Smiling
    Држи вода диктаторската идеологија вака ко шо ја презентираш - за „повластени“ третмани на „одредени“ структури Eye-wink
    (oksimoron 13 Февруари, 2007 - 22:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Село гори баба си ја фенира.Откако ја средивме државава, законите функционираат, економијата цвета, невработеност-што беше тоа,итн.итн. сега е ред да се позаебаваме малку(со народот,нормално).А плус и ќе не платат...Само едно не ми е јасно: На кого му текна? Поздрав. (lucija 14 Февруари, 2007 - 09:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Lucija,
    токму така - додека беа на власт сета ја наредија беспрекорно, сеа е на ред да се зезаат троа Smiling
    А за текнувањето...ма, си имаат веројатно партиска комисија за текнувала Eye-wink
    (oksimoron 14 Февруари, 2007 - 12:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Добро окси, тебе место те фаќа или стално си во движење...? Smiling
    Баба ми, бог да ја прости, на ваква вест ќе кажеше: "Што да речам ќе згрешам!" Smiling
    Поздрав Smiling
    (Natka 14 Февруари, 2007 - 18:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Natka,
    Smiling Smiling Smiling
    Сакам да сум постојано во движење. Подобро се чувствувам така Smiling
    Вода стои јас не Eye-wink
    Инаку... речи си шо си мислиш - и да се згреши понекогаш, па што?! Има еден афоризам:
    „Искуството е збор со кој ги именуваме сопствените грешки“ Eye-wink
    А, нашиве политичари многу сакаат да се повикуваат на своето искуство Laughing out loud
    (oksimoron 14 Февруари, 2007 - 19:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ццц... кога човек како тебе сака да го изврти значењето на зборовите... секој чест..(Перо 19 Февруари, 2007 - 21:51 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments: