Живееме во урбани времиња. Со урбани навики. Конструиран свет. Во сите сегменти. Да го замислеме и љубовниот живот како конструкција. Зграда. Има повеќе катови. Има фасада. И станари. Веројатно и куќен ред.
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 18 Март, 2007 - 22:22
Коментари:
пресели се на приземје..
или..
батали го она..
живеј брзо..
(mkhere 19 Март, 2007 - 01:10 | логирај се за да пишуваш коментари)
Се надевам дека утрово гулабите ќе се гостат од твоите дланки

(seelenluft 19 Март, 2007 - 01:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

ама нема послатко од она, скала по скала...
(istok 19 Март, 2007 - 02:56 | логирај се за да пишуваш коментари)
побркувањата се секогаш возможни,де

Инаку, урбаноста ми е во однос на повеќекатната конструкција, а лифтот... лифтот е само начин на движење помеѓу катовите

----------------------------
Реф,
точно така, секој со својата одговорност. Башка, со скалите добиваш и на кондиција

И... имаш ли забележано дека излезот во случај на опасност секогаш води до скали?!

----------------------------
mkhere,
на приземје си секоаш прв на удар,де

Поткровјето е некако... поромантично...
а романтиката не сака брзање

----------------------------
selenluft,
да, превозно средство, или начин за движење низ спратовите. Секој самиот избира како ќе стигне. И до кој спрат. А, уморувањето е од недостаток на кондиција т.е. почесто користење на полесниот начин.
Погрешните личности се ретки, но доволна е една да направи штета и да се најдеш во лавиринтот на недовербата

---------------------------
исток,
кажи им, душо,кажи им... секогаш е послатко кога ќе се вложи труд

скала по скала, чекор по чекор, кат по кат

(oksimoron 19 Март, 2007 - 07:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

Убаво е ова правило...

Има тежина, голема вистина во позадина.
Поздрав

(Natka 19 Март, 2007 - 09:22 | логирај се за да пишуваш коментари)
тие што не можат да се качат во лифт?
(iacovibus 19 Март, 2007 - 12:26 | логирај се за да пишуваш коментари)
со лифтот се оди горе-доле, а всушност се стои у место. Губат значење висината и нискоста. А метафората со лифтот за врските и обвските, и пред се трудот кој го вложуваме во нив, е баш поради значењето на истите

Поздрав

-------------------------------
iacovibus,
чудна работа е тоа што во една студија клаустрофобичарите се наведени како многу принципиелни личности, со цврсти лични ставови. Ма, нема врска ова со постов и темава, ама ме потсети твојот коментар

Изгледа клаустрофобичните по дифолт се предодредени да не влегуваат во стапици - не за друго, туку поради неподнесувањето на тесниот, затворен простор

(oksimoron 19 Март, 2007 - 17:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

(Бунка 19 Март, 2007 - 20:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

Со суперсонична брзина на полжав!
(dark Lord 25 Март, 2007 - 13:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

(dr. Max 26 Март, 2007 - 23:36 | логирај се за да пишуваш коментари)
No comments:
Post a Comment