Saturday, April 05, 2014

Еден Њутн (N=1 kg·m/s²)


Секоја превземена акција предизвикува соодветна реакција.
Оваа Њутнова констатација предизвикува мисловна вибрација, па се прави класификација на сите видови комуникација од секојдневната интеракција во форма на рекреација. И ете ти компликација – пропуштена лекција за граматичка дисекција. Значи.... редукција на продукција. Селекција за протекција на одредена колекција. Нова секција. Стара дирекција. Започнат е процесот за легализација на културната дискриминација преку девалвација на цела нација со креација на нова комбинација за сигнализација. Умствена канализација. Ситуација на стагнација. Без можност за ревитализација. Само гола доминација.
Во обид за симплификација вметнувам начин на градација по степен на мотивација за успешна реализација на мисловната миграција.  Не постои солуција за создавање револуција, само идеална конјукција за мозочна липосукција. Глорификација на зомбификација и бесконечна репликација за социјализација. Новата систематизација за рационализација на индивидуалноста доведува до дискфалификација на интелектуалноста. Материјализација на магнетното јадро на толпата. Законот за гравитација создава концентрација на фрустрација. Го знаел ли Њутн тоа кога го удрило јаболкото по глава?! 

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 1 Март, 2008 - 17:18

Коментари:
  • мислам дека њутон го знел уште на времето кога побарал поддршка да ја измери целата планета. и добил, и ја измерил. и сега имам мала дилема: дали министерот Миле Јанакиевски ова го знае? Би бил благодарен ако некој на ова ми одговори! (наш познат блогер 1 Март, 2008 - 17:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ненад,
    кај го најде Миле Јанакиевски во овој текст, жити се?! Smiling Smiling Smiling
    Текстов е една вложена единица на сила (крстена по Њутн) во обид да се избегне гравитацијата (чија законитост ја воспоставил токму тој)на толпата, т.е. колку сила треба да се вложи за да се задржи индивидуалноста и покрај силното магнетно јадро на поголемите (и побројни).
    Напишаново може да се толкува во контекст на спорот со Грција, за нашиот прием во НАТО, за признавањето на Косово, за партизацијата низ институциите, за протестите кои ги повлекуваат во недолични дејства младите, за вечната борба за зачувувањето на индивидуалните ставови наспроти силната пропаганда, за..... за безброј други теми. И, ама баш во ниедно толкување не го гледам Миле, бре! Laughing out loud Почна и ти ко Макрадули да го спомнуваш човекот кај ќе стигнеш, без никаква потреба за тоа. Избегнувај такви лоши влијанија, гледаш дека ти штетат (ова онака - најдругарски Eye-wink )
    п.с. не ми се верува дека морав дополнително да го објаснувам текстов, ама ме предизвика. Другпат двапати мери, еднаш сечи Sticking out tongue Laughing out loud Smiling
    (oksimoron 1 Март, 2008 - 18:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Го знаел ли Њутн тоа кога го удрило јаболкото по глава?!
    Pa zavisi Oksi kolko bila golema jabuka i koju reakciju e predizvikalo kude njega...Dali ga e zabolelo ili ne...Understand me?
    (interpreter 1 Март, 2008 - 18:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ова што си го напишала е исто како да го разработуваш Пруст и неговите 12тома. потоа одиш кај миле и ти вика: јас се извинувам ама нашиот распоред е пребукиран: ние сме пребукирани со реални проблеми.
    затоа мислам дека кога маваш политика - мавај импотентно.
    метафизика и сл. е малку заебано.Smiling
    (наш познат блогер 1 Март, 2008 - 18:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Intrepeter,
    те разбирам јас тебе кумановке Smiling
    рекацијата која ја предизвикал ударот од јаболка кај Њутн е законот за гравитација Eye-wink А за големината, зрелоста, сортата, па дали била здрава или црвлива јаболката.... тоа незнам. Може и тоа имало силно влијание, којзнае.... Smiling Smiling
    Ненаде,
    каков Пруст, какви томови.... не зезај! И, еве те - пак Миле, па Миле Smiling Smiling Smiling Јани може вода да ти носи Smiling
    Иначе, нема нереални проблеми - сите се реални (ако не се такви не се ни третираат како проблеми, туку како параноја) Eye-wink
    (oksimoron 1 Март, 2008 - 18:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Алал да ти е на мозаикот што си го сложила од зборови на -ја .Мене не ми текнуваат ни 4 збора а ти си ги исплетела како некој џемпер и плус богато е напишано ништо не фали во објаснувањето.Стилот е закон. (MICEVVV 2 Март, 2008 - 17:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Micevvv,
    кога го почнав текстов, носечки зборови во темата беа „акција„, „реакција“ и „гравитација“ (поими кои го сликаат Њутн, де). Забележав дека трите збора завршуваат на -ција. Па ми „светна“ идеја целиот текст да го напишам со зборови кои завршуваат исто (-ција) Eye-wink
    Чудесно е колку комбинации можат да се направат со избор на зборови според определен критериум. Мило ми е што ти се допаднала сложувалката Smiling
    Поздрав
    (oksimoron 3 Март, 2008 - 18:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Лесно е да создадеш сложувалка-брзозборка со зборови кои
    што завршуваат на - ција (CIA)...
    Нив, секаде ќе ги најдеш!
    Ај, да те видам, ако си фраерка, состави
    сложувалка со зборови кои завршуваат на - КГБ...
    Ете, нека и почнуваат... Eye-wink Smiling
    (batadjango 3 Март, 2008 - 19:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • batadjango,
    не е ова брзозборка. Напротив - неопходно е да се чита полека, внимателно... за да се почувствува дејството на кажаното Eye-wink Smiling
    А за фраерството ( не сум ја фраерка, бе) ќе ти кажам еден виц:
    Се возат девојка и дечко низ град со автомобил. На првата раскрсница семафорот сигнализира црвено, но дечкото поминува без да намали брзина. Девојката реагира:
    - Што правиш, бре! Црвено беше!
    - Седи мирна, се возиш со фраер - самоуверено одговара тој.
    На следните семафори пак истата приказна. И после пак. Но, кога стигнуваат до семафор кој свети зелено - дечкото застанува. Девојката се чуди:
    -Не ми е јасно. На сите семафори досега помина на црвено, а сеа кога е зелено ти застануваш?!
    -Ех, не сум само ја фраер у град, де! Има и други!
    Smiling Smiling Smiling
    Е па, не сум само јас „фраерка“ на блогерајов. Има и други. Оставам и тие да поминат на црвено (т.е. да „завршат“ или „почнат“ со КГБ Eye-wink ) Sticking out tongue Laughing out loud
    (oksimoron 4 Март, 2008 - 07:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Њутн бил фраер на времето кога ги испукал законите.
    Ај сега да го видам нека стане и нека проба со нов закон, во денешно време кога реакцијата е енормно поголема од акцијата, кога реакцијата е без правец и насока на делување, кога векторски не се поништуваат?!
    Ах тој Њутан?!
    Како и да е добар пост
    поздрав
    (sting EYE 4 Март, 2008 - 08:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • oximoron, Батаџанго лесно памети и кога ја
    чита као брзозборка Eye-wink Smiling :) ...умно дете! Eye-wink
    (batadjango 4 Март, 2008 - 08:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не сум фраер као Исак, али во денешни услови некако вака
    би гласеле некои од Њутновите Закони
    Маса имам, дајте ми да јадам па ќе видите што е сила!
    Најмногу реакција се јавува кај оние што немаат ниту една акција!...Eye-wink
    (batadjango 4 Март, 2008 - 08:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • sting EYE,
    Њутн уште е фраер Smiling
    Неговите закони сеуште дрмаат, безвременски се Eye-wink
    Сал, никако да се воспостави нова законитост во однос на реакциите.... колку њутни (единици на сила) е потребно да се вложат за да се победи таа сила која не влече надоле?!
    Поздрав Smiling
    batadjango,
    не е сал масата у прашање - и времето на квадрат делува Eye-wink
    А денешното време не е време на денешницата туку ден на времето за кој нема закон за заоѓање Smiling Smiling Smiling
    (oksimoron 4 Март, 2008 - 22:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А да му го дадеме текстов на Тони Деген да го израпува Smiling Иако нема да ја разбере поентата, можеби ќе допре до младината...
    (dr. Max 5 Март, 2008 - 22:01 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment