Saturday, April 05, 2014

Афектно дефектно


Со обидот за уцена на премиерот во еден политички  многу чувствителен период за Македонија, Тачи демонстрира крајно ирационално и непресметано однесување. Чин на политичко лудило. Излезе од владата „за доброто“ на Македонија. Потоа изрежира караоке шоу со своите министри, кој одвај ги исчитаа стиховите на неговата песнаСироти министри. Потемнети, замрзнати.... чиниш, да ги боцнеше некој – капка крв немаше да пуштат од себе!
И додека опозицијата паничеше, јавноста се брануваше,  експертите експер(па)тетизираа, аналитичарите ан-али/тагони-зираа а медиумите шпекулираа.... други пак кулираа. Откако на Тачи му помина афективната состојба, т.е по пет-шест шамари од меѓународната заедница си дојде при себе, денес истиот тој Тачи изјавува дека е подготвен за соработка и ќе направи се што треба. Се враќа во владата „за доброто“ на Македонија. Покрај се, делува сосем збунето заради настанатата ситуација.
И луд и збунет  – сам себе го ебал!
Или сме во афект или во дефект. Или и во двете истовремено......
 п.с. Многу ми се допаѓа смиреното и стабилно однесување на премиерот во една ваква трилерично изрежирана кризна ситуација. Покажа политичка големина и достоинство кои ретко сме имале прилика да ги видеме на овие простори. Уште да имаше и стабилно мнозинство во парламентот.....

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 17 Март, 2008 - 21:29

Коментари:
  • окси... поздрав по подолго време... инаку, редовно те читам. само да забележам дека тачи не се враќа во владата поради меѓународната заедница, туку поради албанија. беше таму, и сигурно му рекле дека ако не влезе македонија во нато, нема да влезе ни алабанија. оттаму, ми се чини неговиот лупинг, неговото салто мортале...
    Smiling
    (prezviterkozma 17 Март, 2008 - 21:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оксиморон, ти си убедена дека Премиерот не беше
    во договор и не знаеше што прави Тачи!??
    Ако си уверена во тоа, тогаш јас сум уверен дека
    Тачи не знаел што чинел неговиот сопартиец, инаку Подпретседател во Македонската Влада, Имер Алиу.
    Еве ги моите докази:
    Нова Македонија, број 21338, 13.03.2008
    ...ДПА излегува од Владата. Ова го објави претседателот на партијата Мендух Тачи по средбата со американската амбасадорка Џилиен Миловановиќ денеска во Скопје.
    BBC 16. Март 2008 - Објавено на 20:28 GMT
    ...Потпретседателот на македонската влада Имер Алиу и министрите од неговата Демократска партија на Албанците соопштија дека целосно ја напуштаат владата на премиерот Никола Груевски.
    DW 13.03.2008
    ... амбасадорка Џилијен Миловановиќ и амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере не успеаја да го разубедат Мендух Тачи дека не го одбрал моментот за криза во владата и повлекување од кабинетот на премиерот Груевски.
    Кој е овде несериозен? Тачи? Груевски? Фуере? Шеќеринска? Миловановиќ, која не го уапси Тачи, кој е на црната листа на УСА, кога тој стапна на нивна територија во амбасадата??? Кој!?
    За гореспоменативе, Конфуције убаво рекол:
    Племенитиот човек е достоинствен, но не е ГОРД.
    Простиот е ГОРД, но не е достоинствен!
    (batadjango 17 Март, 2008 - 22:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • prezviterkozma,
    не само од Албанија, туку и од косовскиот премиер му беше извршено влијание на Тачи. Но, на нив (и на Албанија и на Косово)од страна на посочената меѓународна заедница им е укажано за реперкусиите кои би ги почувствувале од случувањата во Македонија, а тие се грижат за себе и ги следат инструкциите на посилните (оние од кои очекуваат подршка, де), за разлика од непресметливоста на Тачи..... Поради тоа, сепак, и Косово и Албанија во случајов се искористени како меко перниче за „освестувањето“ на Тачи Eye-wink Smiling
    Поздрав пријателе Smiling
    batadjango,
    Тачи е познат по својата импулсивеност и делувања во афект. А во такви ситуации нема разум и логика. Овојпат отиде предалеку.
    Иначе, за сериозноста и несериозноста.... одамна ни се помешани овие поими, се е сива смеса веќе. Сериозно несериозни станавме Smiling
    Конфучие исто така вели :
    „Лажните пријатели се како сенка - се појавуваат само кога е сончев денот“
    Eye-wink Smiling
    (oksimoron 17 Март, 2008 - 23:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • добро , ај сега по едно пиво ... многу ми се пие ... и ај да му кажеме на Грујо да не попушта за името ни ... пиво ... (gocajaska 17 Март, 2008 - 23:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • gocajaska,
    ех, го најде човекот за пиво..... Sad неможам, не сакам, не ми е убаво пивото, ма! Ја би црвено вино, може? Smiling
    (oksimoron 18 Март, 2008 - 19:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • НОВ ДЕН , СОНЦЕ МЕ ОГРЕА ... отворени продавници , а мене повеќе не ми се пие пиво , ама си купив за црни денови ... п.с. вино секогаш имам ама јаска не го пијам ... и да , ајде бе во нов бран за слобода на Македонија ! (gocajaska 19 Март, 2008 - 08:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ... сироти министри(?) И мене ми падна многу жал за нив. Загреотка кутрите, а и Грујо се носи сталожено(?), државнички(?) Eye-wink
    (RIBARO 19 Март, 2008 - 23:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ribaro,
    сиротоста на министрите е поради маките со кои ја исчитаа изјавата која им ја напишал Тачи, а од која потоа истиот се огради Smiling
    А за државничкото однесување... не ми мешај сеа поими - таа придавка си има авторски права од друга именка ( а-БЦ-де)Smiling
    Иначе, со оглед на острината на провокациите - Груевски се понесе баш достоинствено и сталожено(сакал ти да признаеш или не) Eye-wink
    Поздрав Smiling
    (oksimoron 20 Март, 2008 - 08:04 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment