Saturday, April 05, 2014

Демократската независност на уставната горна Република нова Македонија


Деновиве медиумите кај нас се преплавени со текстови кои се однесуваат на „проблемот“ со името на државава. Го обработуваат, третираат, анализираат, концептираат, моделираат, перцептираат, вреднуваат, премеруваат, дискутираат, предимензионираат..... ма, се му прават. Чекајте малце, луѓе.... ние немаме никаков проблем со нашето име. Проблемот нека си го проблематизираат оние кои си го имаат. Оние кои и го создадоа. Нашите јужни соседи.Неможам да ја сфатам колективната хистерија кој се создаде поради предлозите на Нимиц. И, не ми се верува дека во јавноста веќе почнува да се шпекулира со избор на одредени предлози како „не така лоши“, демек прифатливи за нас. Па, кој што значи, на кој начин не опишува, каква порака испраќа за нас.... Еј! Зарем веќе не доведоа во фаза на двоумење? Не сме повеќе сигурни во своето име?! Или ни треба потврда на се' што досега деклариравме?Да видиме…. Хм…Демократска? Ебати демократијата кога не можеш да се викаш така како што сакаш.Независна? Ај, не зезај! Непознат поим за нас.Уставна? Премногу променливо. Значи ли тоа дека на секои 5-6 години ќе се прекрстуваме?Горна? Ако за грците бидеме горни, за бугарите сме баш леви, албанците со право не сметаат за десни, а за србите ионака секогаш сме долни. Централна глупост сме.Нова Идиотија.Бивша Македонија.
Ете, дотаму ќе не донесе претераната флескибилност во докажувањето на компромисните вештини. 15 години понижувања и шамарења не не' научија ама баш ништо. Сакаме кога не ставаат во шах-мат позиција.Не! Не прифаќам никакви придавки, никакви прилози, ни суфикси, ни префикси. Никакви граматички корекции, бре!Единствено нешто кое можеме да прифатиме е само двојната формула – за цел свет Македонија а за Грција како таа сака. Нека си го решат проблемот самите со себе. Така би ги советувал и секој добар психијатар во светов.А не, сме се уплашиле дека тие ќе стават вето за нашиот прием во НАТО. Нека стават. Па што?!Уште колку образи имаме за вртење?


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на  21 Февруари, 2008 - 21:37

Коментари:
  • Каде си па ти????? Smiling
    Недостасуваш тука, почесто да плакнеш очи и разбиструваш глави.
    Должност ти е тоа Eye-wink
    (seelenluft 21 Февруари, 2008 - 21:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • биди поздравена:)
    така де, ја мислев и имаме некој “дипломати“ и као бошкем се договараат нешто,
    а они како тргнале, ни се мешаат у пасоши, устави....
    уште малку и диети и програми за прање мозга ќе ни договараат,
    (naja.com 21 Февруари, 2008 - 21:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • мила Оксиморонке, многу ме бендиса твојот пост...
    И немам што да кажувам освен...
    имам и јас предлог:
    НЕЦЕЛОСНА МАКЕДОНИЈА!
    па нека му ја мислат...
    горна долна ваму таму доктор дулитл
    лева десна амандманска феудална
    тибам сите имиња и длупата математика со двојни формули
    и безвезе референтни системи
    нека се викаат тие досадна грција...
    еееееееее
    (gersanina 21 Февруари, 2008 - 21:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси ако организираш протест викај ме! Laughing out loud
    Кавадраци како ќе го викаме Горно Неготино или пак Негоино ќе стане Долно Кавадраци? Sticking out tongue
    Значи од мене: Долго и гласно Noooооооооо!
    (Бунка 21 Февруари, 2008 - 22:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еден од ретките постови што ми се допадна на целиов блогерај... тоа пробувам да им обајснам и јас на нашиве тупи и недоквакани глави... не се работи за името, се работи за вртењето газ, ако го свртиме сега пак, ќе не ебаваат во вечноста... не смееме да дозволиме поради нашите деца... јас не сакам да ја сносам одговорноста, да моите деца бидат ебавани од секого... (arschloch 21 Февруари, 2008 - 22:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Seelenluft,
    еве ме пак мила Smiling
    Прво сакав сал да одморам троа, ама после ми се наарни, ме фати мрза за пишување. Ама, почнавте да ми недостасувате сите и - еве ме пак!
    Поздрав Eye-wink
    Наја,
    ех.... што мислевме а што испадна,а?! Laughing out loud
    Како е тргнато, не само у диети што ќе ни се мешаат туку ќе ни забранат воопшто да јадеме нешто. А ние, како што сме научени безусловно да слушаме.... ќе си умреме од глас со самозадоволна насмевка на усните оти сме биле послушни и сме испочитувале се!
    Благодарам за поздравот, биди ми поздравена и ти Smiling
    Gерсанина,
    мило мое,
    НЕЦЕЛОСНА МАКЕДОНИЈА е највистинитиот опис на државата ни. Ама, кому му е уште до вистината у светот денес. Една досадна Грција не врти околу прст а ние ко да немаме памет да ни се сврти.
    Гушка до тебе Smiling
    Бунка,
    протест, ами како!
    И не ме чепкај за Кавадарци..... и никако за Неготино. На крај на краиштата, како се движат нештата(притисоци од сите страни), само Кавадарци и Неготино ќе останат Македонија, бре! Тиквешка Македонија! Eye-wink
    Поздрав
    arschloch,
    благодарам, мило ми е што размислуваме слично Smiling
    Биди ми поздравен
    (oksimoron 21 Февруари, 2008 - 22:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во повеќето случаи историското искуство, покажува дека создавањето на сопствениот идентитет се темели за сметка на мислењето на другиот, а посебно кога е обременето со негирачки елементи.
    Крајно сложената карта на Балканот, затекната во наследство од вековите на миграционите процеси, завојувања, од создадените религиозни односи, се покажа како плодна претпоставка за функционирање на редица стереотипи како важен фактор во односите меѓу балканските народи.
    Стереотипот создава определена навика за разбирање на луѓето, ситуации, народи, религии, култури, навики, кој понекогаш и тешко се варат.
    Денес на посткомунистичките балкански простори, напоредно со појавувањето на проблемот за одделни историски идентитети, јасно се оцртува и проблемот за балканскиот идентитет.
    Да си мост, врата, крстопат и агол едновремено, не е завидно, претходната положба секојпат носи и слабост но и силина.
    Затоа да изрецитирам нешто во твој стил.
    Како сакаш. Јас тргнувам по својот пат
    Без проштални солзи, без небулози.
    Ќе се скријам негде ејј... далеку, далеку...
    Некој друг твојата љубов нека ја проси.
    Мила моја земјо, зарем уште во душава ми гледаш...
    А не...не...нема во гроб да сум твој херој.
    Е загубив..., Но како се нарекува победата
    Кога откако ќе се сменат местата
    Пак настапува бедата
    Точно е, малку сме праведни, а повеќе грешни
    Значи имаме иднина како и минатото тешки.
    Збогум денес! А кога ќе се видиме од спротива,
    Ќе наздравам со вино на изгрејното сонце.
    Ејј... кој поет сум...,a...a..., нема везе.
    Него што се занесуеш ти жити се.
    те нема те нема па пак се губиш.
    Ај, еве еден поздрав.
    Поздрав Smiling
    Eye-wink
    (Meceto Usko 21 Февруари, 2008 - 22:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • де јуре..де факто..
    ние сме ПРЕКРСТЕНА Македонија..
    не ми е јасно,зошто сеуште некој некрстен не се пожалил за тоа...
    (anaveno nelogiran 21 Февруари, 2008 - 22:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Поздрав Окси за твојот политички cоme back. Секое збиднување низ твоето видување. Поздрав4е!
    (KLIKER 21 Февруари, 2008 - 23:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Очекував ваков пост од тебе.Сосем си во право.Поздрав! (читателката 21 Февруари, 2008 - 23:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во првиот поголем налет како да клапнавме во првите редови. Некои веќе се согласија со промената(а целта нели беше единствениот компромис е ословувањето од страна на Грција), ама еве сега како што гледам ги консолидираме редовите, па брзо и поддржувачите на измените во нашето име,идентитет и историја се стишаа. Тоа е добро. Поз. (SLaCk 21 Февруари, 2008 - 23:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јас би го ставил целото име што ти е во наслов, ама знам дека грците пак мана ќе најдат Smiling
    Одличен пост, како и секогаш.
    Поздрав
    (М.И. 22 Февруари, 2008 - 03:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Нека го сменат името.
    Нека одберат било кое од петте имиња, сеедно ми е.
    Само нека се смени, важно проблемот нека се реши - којзнае ако го промениме името и брзо влеземе во ЕУ и го напуштиме најпосле концептот нација-држава може и ќе добивам повеќе пари во месецот, ќе живеам подобро. Зошто во пакет и не бараме да направиме унија со Грција? Не ќе мора да одиме во Солун само за викендот, морето повторно ќе биде наше.
    Ајде не се преправајте за во јавност, смешно е - секоја власт од македонската е подобра власт.
    И српска, бугарска, југословенска а да не говорам за Брисел.
    (aleks.bukarski 22 Февруари, 2008 - 03:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мечето Ушко,
    на баканот долги години проблемите се сокриваа под тепихот, но почна да се разјадува паркетот под него и да крцка при секој чекор. Не се спорни уредувањата на државите кои произлегоа, туку нивното усогласување едни со други - како парчиња мебел во разни бои и дезени.... стакло - метал и дрво - текстил комбинации Smiling Smiling Smiling
    Солиден поетски револт изразуваш. Никогаш не си ставил стихови на блог досеа. Мило ми е што баш кај мене у коментар напиша Eye-wink Smiling
    Ме нема па се губам.....ама се најдов пак Eye-wink
    Поздрав пријателе Smiling
    Анавено нелогирана,
    де јуре - не јурат, бре!
    де факто - факат!
    некрстени а прекрстени, нема како нас никаде! Единствени сме!
    Кликер,
    Фала мила, пробај погледни низ моиве очи и види ги различните нијанси. Ќе ти се допаднат, знам Eye-wink Smiling
    Се гледаме мила Smiling
    Читателка,
    мило ми е ако сум ги погодила очекувањата. Поздрав Smiling
    Slack,
    ма, ние сме како трски во мочуриште - под секој налет се свиваме и пак се исправаме, но секогаш сме у калта. Флексибилноста колку е добра толку и не чини Eye-wink
    М.И.,
    и мене тоа ми звучи најлогично - целото име како у наслов, па да ги видиме Грците што ќе смислат поново, до кај им е креативноста Laughing out loud Smiling Smiling Smiling
    Благодарам пријателе, биди ми поздравен
    Алекс Букарски,
    да го сменат, а? Да станеме Бивша Македонија?
    Ова со српско, бугарско, југословенско.... ме потсетува на баба ми, кога ни раскажуваше како било порано. Демек, вака турците, така србите, онака бугарите, па партизаните и германците, ех Тито....па заглавивме со грците и европјаните. Е, сеа, замисли што ќе им раскажуваме ние на нашите внуци. Вака некако : „ И после дојдоа комунистите, па демократите, па независните, па устав менувачите, па новите, се до бриселците.....тоа беа времиња кога бевме Македонија, внучко, ама не знаеш ти - ја нема сеа таа држава....“ SmilingSmiling Smiling
    (oksimoron 22 Февруари, 2008 - 07:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Многу интересна оваа расправа за името, па и референдум ќе се распишел. Зошто не се распиша референдум за другите решенија со кои фактички ја изгубивме државата? Земјата ја купуваат странци (без ограничување, дури и под привелегирани услови), електричната енергија ја поседуваат странци, целокупното производство веќе го имаат странци, политиката ни ја води САД, култура воопшто немаме, црквата никој не ја признава. Единствено по што егзистираме како држава е името. Достоинството на една држава не доаѓа од името, името на државата станува достоинствено според делата што таа ги прави. Јас лично да ви кажам мислам дека е нечесно името на моите претци да се валка со активностите на нивните денешни наследници. >Sad
    (квадратуранакру… 22 Февруари, 2008 - 08:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • НИ ВО РАЈ НЕ ОДАМ НАПУПЕН И СО СПУШТЕНИ ГАКИ. Кој ги трти?Има и други решенија.Не мора ни во нато ни во еу да влеземе. (Krapp 22 Февруари, 2008 - 08:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Само што никој во ниту еден момент не го постави влезот во НАТО и во ЕУ на референдум. Зошто? Затоа што тогаш треба да се објасни што тоа значи, кои се последиците, што не чека. Вака, сите веруваат во бајките кои сами си ги раскажуваат пред спиење. Мед и млеко ќе потечат, а Македонија ќе стане рајска градина.
    (квадратуранакру… 22 Февруари, 2008 - 08:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • и јас нешто слично мислам...Ако им е проблем името нек си го решат самите.
    бтњ...кој гарантира, ако прифатиме сеа ново име,дека во иднина нема да не дупчат како сакаат...
    рџавом курцу и длаке сметају...така да јас сум против сите предлози!
    (КIМI 22 Февруари, 2008 - 08:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мислам дека секако ќе мора да има референдум. До душа работата сега личи ... меѓу чекан и наковална... Sad
    (Natka 22 Февруари, 2008 - 08:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оваа ситуација треба да ја решаваат одлучни и храбри а не кукумавки.Во секоја ситуација има излез само дали се вистинските луге во таа позиција? (Krapp 22 Февруари, 2008 - 08:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мирјана,
    а бе, многу референдуми заговараш, треба секоја недела да гласаме така Smiling
    „...Достоинството на една држава не доаѓа од името, името на државата станува достоинствено според делата што таа ги прави...“
    Ова ти е многу добро. Smiling
    Или, омилениот совет од бабата на сопругот (често го кажуваше) - „ Човек треба да се труди да го викаат бисерко, и многу да внимава да не дојде у позиција да го наречат посерко, оти ако еднаш го наречат така - после и бисери може да сери, пак му е џабе. Никогаш повеќе нема да биде бисерко туку ќе остане посерко.“
    Е, таа грешка ја направија нашите државни раководители пред петнаесетина години кога ја направија спогодбата и прифатија референца наместо име, па после и знамето го сменија. Оттогаш сме посерковци, не македонци. Sad
    А за НАТО сосем се согласувам. Не мора референдум да се организира, туку да се појасни што значи за нас влегувањето во тој воен сојуз. Дали со приемот во него ние всушност доброволно се согласуваме да бидеме освоени? Дали понудената заштита ја плаќаме со наше учество во нивни борби? И, како на воен сојуз, целта на НАТО е територијално проширување, гео-стратешко позиционирање т.е. освојување на што поголем број полиња на шаховската табла наречена „планета Земја“.
    Незнам колку сме свесни во што се впуштаме следејќи го стадото. Или каде сите - таму и ние! Но, ова е веќе друга тема, да не забегувам сеа.....
    Крап,
    со спуштени гаќи неможеш да одиш ама баш никаде (ќе се спрепнеш и ќе паднеш така) а не пак у рајот Smiling Sticking out tongue Laughing out loud
    У однос на ЕУ и НАТО аспирациите...
    Ја сум за мало предефинирање - доста се стававме во позиција да коленичиме за прием. Значи, нема повеќе НИЕ сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ, туку ако ТИЕ сакаат да бидат почестени со наше членсво - доаѓа во предвид само со името Република Македонија. И никако поинаку. Eye-wink Smiling
    А јас верувам во актуелнава Влада и сметам дека ќе го сочуваат достоинството на овој народ Eye-wink Smiling
    Кими,
    токму така мила моја
    Нема никакви гаранции. Ластик ситуација е ова - прво се развлекува а потоа те „гори“ повратниот удар Smiling
    Натка,
    немора да има референдум. Тоа би создало дополнителни хаотични превирања и кампањски игри кои сега најмалку се потребни. Треба само да се остане ладнокрвен, да не се избрзува, да се остави прво Грција да се изјасни (да се испука) а потоа смирено, аргументирано и јасно да се каже нашиот став (усогласен и единствен).
    Поздрав Smiling
    (oksimoron 22 Февруари, 2008 - 20:44 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment