Friday, April 04, 2014

Марфи... :)



(за љубовта и сексот)
-Лагата ја убива љубовта. Искреноста уште повеќе.
-Ако мораш да избираш помеѓу две зла - избери го она кое уште не си го пробал.
-Неверните имаат грижа на совеста. Верните се каат.
-Во љубовта треба три пати добро да вдишеш, три пати добро да промислиш, па дури потоа да ја направиш глупоста која од почеток имаше намера да ја сториш.
-Да се заљубиш во самиот себе е почеток на една долга љубовна приказна.
-За да напишеш добро љубовно писмо, на почетокот не смееш да имаш никаква замисла за тоа што сакаш да напишеш, а на крајот никаков поим што тоа си напишал.
-Да се греши е човечки, ама чувството е божествено.
-Ако дојдеш порано - нема да дојде
ако дојдеш на време - ќе мораш да ја чекаш
ако закасниш - таа веќе заминала.
-Љубовта е хемија. Сексот чиста физика.
-Сексот е валкан само ако се прави како што треба.
-Сексот е 50% тоа што си добил и 50% она што другите мислат дека си добил.
-Жената никогаш не го заборава мажот кој можела да го има, а мажот жената која не можел.
-Убавината се вовлекува под кожа, а грдотијата продира до коски.
-Целибат - најнеприродна перверзија.
-Кога ќе згрешиш нешто, барај прошка веднаш - утре може нема да се чувствуваш виновен!
-Сексот одзема најмалку време, а носи најмногу неприлики.
-Ако го фатиш за јајца - ќе ги добиеш и главата и срцето!
-Никогаш немој да спиеш со некој кој е полуд од тебе.
-Секогаш е погрешно време во месецот.
-Сексуалната дискриминација ги погодува срамежливите и грдите.
-Љубовта е триумф на фантазијата над интелигенцијата.

(за проблемите)
-Кога работиш на решавање на некој проблем - секоаш помага ако однапред го знаеш одговорот.
-Никогаш не повторувај успешен експеримент.
-Решението на проблемот ја менува природата на самиот проблем.
-Под најстрого контролирани услови на притисок, температура, површина, влажност и сите останати променливи....организмот ќе се однесува онака како што ќе му падне на памет.
-Во секој крупен проблем се крие мал проблем кој се бори да излезе на површина.
-Успешното истражување се наградува со поголема финансиска подршка, која пак го оневозможува понатамошното истражување.
-Информацијата за измените ќе ти биде кажана после, и единствено после завршувањето на проектот (народски кажано „Сеа ми кажуваш“ закон)
-Откако ќе ги исцрпиш сите можности, ќе остане единственото решение кое го гледаат сите освен ти.
-За да добиеш кредит најпрво треба да докажеш дека не ти е потребен.
-Ако не успееш од прва - уништи ги сите докази дека воопшто си се обидел.
- Соседниот ред пред шалтер секогаш се движи побрзо.
-Како и да се свртиш, газот ти е позади.
-Ако постои можност повеќе работи да тргнат на лошо , прва ќе биде онаа која ќе нанесе најмногу штета.
-Ако наеднаш добиеш желба за работа, не паничи. Седни и ќе ти помине.
-Смешкај се....утре ќе биде полошо.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 11 Август, 2006 - 18:07

Коментари:
  • Окси,
    Не бевме договорени нели.
    Твојот избор на Закони е подобар од мојот. ха,ха,ха
    Кога кисело ке се насмевне човек, значи дека има голема вистина.
    (OGI SINKO 11 Август, 2006 - 19:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • не признавам никаков Марфи..
    освен..Еди..
    (cakamtedadoides 11 Август, 2006 - 19:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Какво договарање, Оги...ја коа се договарам се договарам да биде по мое Eye-wink нема друг договор Smiling
    Имроко, т.е. бг. татари-монголи, ни Еди не е веќе шо беше...пробај со Браун Eye-wink Или Снупи Smiling
    (oksimoron 11 Август, 2006 - 19:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Порно - уметноста ги крши сите ритуали на сексот....(ова негде го прочитав ама не ми текнува каде Smiling )
    (sting EYE 11 Август, 2006 - 19:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Шо ти значи кога младичот ке се поистовети со главниот лик.
    Член 1.
    Младичот е секогаш во право
    Член 2.
    Види чл.1
    (OGI SINKO 11 Август, 2006 - 19:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ме замисли..се решив за Штрумфови..
    има се..и сешто..тука..
    http://blog.com.mk/node/38846
    (cakamtedadoides 11 Август, 2006 - 19:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Штрумфозно марфиозно Eye-wink
    (oksimoron 11 Август, 2006 - 21:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ма..знам ја што сака Оги..
    ама го нема тоа на сликата..
    (cakamtedadoides 11 Август, 2006 - 21:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не го сакам Марфи,Марфи е Фегет!:) (Шанкурето 11 Август, 2006 - 22:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Имроко мој,
    Таман бев подзаборавил.
    Зошто ме потсети.
    (OGI SINKO 11 Август, 2006 - 23:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • oksimoron заедно со OgiSinko -
    сте решиле да бидете законодавци - супер сте Smiling
    (волан 11 Август, 2006 - 23:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не, волан, не заедно.
    Секој побашка, на свој начин а со иста цел. Eye-wink
    (oksimoron 11 Август, 2006 - 23:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ех Марфиеви закони,
    чиста наука
    се докажува сама себе секој ден
    алал да ти е за постов... ќе го зачувам на специјално место...
    Smiling
    -Под најстрого контролирани услови на притисок, температура, површина, влажност и сите останати променливи....организмот ќе се однесува онака како што ќе му падне на памет.
    и после јас физика па физика, немам појма! овие се појаки...
    поздрав
    (gersanina 12 Август, 2006 - 10:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Марфиевите закони ја отсликуваат ироничната страна на сите незгоди на кои секојдневно наидуваме, Јасмина.
    Вештина е во секоја ситуација да се умее да се види и смешната страна Eye-wink
    Оти...секоаш има и таква страна Smiling
    (oksimoron 12 Август, 2006 - 12:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Лагата ја убива љубовта. Искреноста уште повеќе.
    Вистината е болна.
    Вистината е ебена.
    Ни ваму, ни таму.
    Право по средина.
    До коска.
    Ако си умен, немој да лажеш - Премолчија.
    (OGI SINKO 16 Август, 2006 - 23:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оги, си ја сфатил поентата на наведеното Марфиево правило Smiling
    Сите овие правила, ма колку сеирџиски да звучат - кријат мудрост во себе Eye-wink
    (oksimoron 17 Август, 2006 - 00:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Богами сите се добри особено ме насмеа оваа-- Соседниот ред пред шалтер секогаш се движи побрзо.
    (son 23 Август, 2006 - 10:07 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment