Friday, April 04, 2014

Огледалце, огледалце мое...


Владата ни се спрема за состанок со јавноста. Поради важноста на состанокот, малку е збунета. Напната и вознемирена. Затоа, напрво одлучи да си овозможи една масажа со јавното мислење. Скокотлива масажа за релаксирање на укочените скептици. Па туш. Топло, ладно. За циркулација на шпекулациите. Потоа помина на премачкување со инсинуации. За нежен изглед и затегнување на консултациите. Мора да се биде во форма секогаш, де.
Го отвори плакарот со подредените предлози и ... дури сеа се најде во недоумица. Што да облече за овој значаен состанок? Мора да изгледа најдобро пред оние кои и ја дадоа довербата. Па, почна со комбинациите. Оваа кошула со оваа сукња...хм...ма, не бива! Портокалови линии и разнобоен точкаст материјал не е добра комбинација. А црново фустанче? Одговара за секоја прилика. Ама, многу демоде изгледа така. Сите претходни влади имаат носено таков фустан. Не, не бива! Па, таа е посебна, уникатна, единствена - таа е вистинската! Не смее да дозволи некој да ја споредува со ниедна претходна. Ги симнуваше од закачалките сите идни предлози за министри и комбинираше, споредуваше...додека не погледна на часовникот. Уф, нема толку време колку што има дилеми. Затоа се реши на еден трик од детството. Еци, пеци, пец, ја сам мали зец, ти си мала верверица, еци пеци пец! Се насмевна. Колку е лесно коа се играш.
Се облече и седна пред огледалото. На ред е шминкањето. Неколку црвени експерти на усните, неколку сини на очите. Аналитичари за затемнување на трепките и новинари за сјај на лицето. Косата ја пушти да паѓа низ рамениците, како слободна мисла на дофат на рацете на електоратот. Готово. Си намигна на својот одраз во огледалото и тргна. Со своите опозициони ремчиња сандалите малку ја стегаа. Но, ќе издржи. Има сила. Се движи со големи чекори.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 14 Август, 2006 - 01:03

Коментари:
  • Време е за спиење. За тоа и најверојатно сум без коментар за, во секој случај, добриот текст. Лека ноќ од новиот ни центар кавадаречки... (marjantod 14 Август, 2006 - 01:23 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • неверојатно е колку е вистина ова што го напиша и како добро ме изнасмеа текстов.(Ronin 14 Август, 2006 - 18:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А бе, тип-топ ни се спремила владава Smiling
    Да видиме сеа дали во работата ќе биде добра како што изгледа Eye-wink
    (oksimoron 14 Август, 2006 - 19:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се е спремно за танц мила....само музиката ја нема.....Али нешто касни со бендот (sting EYE 14 Август, 2006 - 21:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Е па тогаш, време е за Тиквешки гроздобер. Повеќе информации за некој ден, кај мене на блогот.... (marjantod 14 Август, 2006 - 22:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ех, Марјан, Тиквешкиот гроздобер....ми враќа многу спомени од детството. Најмногу го сакам тој настан кај нас Smiling
    Еве, покана до сите блогери - кај да сте за Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци да сте Eye-wink
    (oksimoron 15 Август, 2006 - 13:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • За гроздобер не викај,викни за вино да се пие.Вие Кавадарчани берете го грозјето,а нам Скопјани давајте ни го виното да го пиеме. (solza 15 Август, 2006 - 19:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Солзо, ме расплака од смеење Smiling
    Таман работа од вас да чекаме да дојдете да ни го оберете грозјето. Отидовме сите од рака така. Sticking out tongue Не. Не ве викаме за тоа. Знаеме дека не ве бива. Ама, не берите гајле - вредни сме ние и за вас Eye-wink
    Поканата се однесува за карневалот, за саемот за вино и куп други културно-уметнички настани кои се организираат во склоп на манифестацијата Тиквешки гроздобер Eye-wink
    Значи, ве викаме на забава, пиење вино.... Eye-wink
    (oksimoron 15 Август, 2006 - 23:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • на здравје виното....
    ај побрзо отварајте....нека пука.
    (sexonblogeraj 15 Август, 2006 - 23:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • мани ги бе. (Mr.Lordi 16 Август, 2006 - 21:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Здарво оксиморон. ти откривам една тајна. а тоa е: крипер и сајленс се иста личност. една индивидуа со различни интереси поздрав од тишината во морските длабочини(Silence 16 Август, 2006 - 23:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мило ми е што ми се довери. И двата твои блога многу ми се допаѓаат. Smiling
    (oksimoron 16 Август, 2006 - 23:59 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment