Friday, April 04, 2014

Еурека!


„Не е нивна работа да им кажуваат на партиите како да делуваат, туку да ги претставуваат своите држави во нашава земја“ - изјави Теута Арифи за улогата на странските амбасадори во политичкиот живот на Македонија. И надополни - „Политичките партии се тие кои го имаат добиено мандатот од гласачите и со тоа правото за одлучување како да се делува“
Еурека! Откритие на деценијата!
Да го знаеа ова пред 5 години Пердју, Батлер, Солана и бројните странски претставници кои ни ја кроеја капата тогаш....се ќе беше поинаку! Ама, веројатно во тоа време немаше кој да им ја каже вистината. Тогаш се бараше кривец, а не правец. Затоа и се изгубивме.
Додека „сугестиите“ на амбасадорите им одеа во прилог, ДУИ не расправаше дали се правно издржани или не се. Сега, кога не „играат“ по нивно - дури сега им кажуваат дека не се игра така!
Но, подобро некогаш отколку никогаш. Мене ми е мило што ДУИ ја сфати улогата на странските амбасадори, а уште помило ми е што сфати дека политичките партии кои го добиле мандатот од гласачите се тие кои одлучуваат. Само ќе напоменам дека Македонија е (сеуште) унитарна држава и се почитува изборот на мнозинството од гласачите. Од целата територија. Затоа, нека го почитуваат и тие изборот на 304,572 гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, 56,624 гласачи на НСДП, 70,261 гласачи на ДПА, 57,075 гласачи на ВМРО-НП, 17,364 гласачи на ДОМ и 11,255 гласачи на ПЕИ. Или 517,171 гласач од вкупно излезени 933,089. И нека не бараат помош од оние кои би требало да се претставуваат самите себе си, а не некои други. Зашто - тоа не е нивна работа!


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 9 Август, 2006 - 19:21

Коментари:
  • Да ова е навистие откритие ... еурека !!
    (волан 9 Август, 2006 - 21:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • се слагам со тебе,основното начело на демократијата е задоволено,, почитување на волјата на мнозинството. Во услови на нашава мултиетничка демократија Бадинтер функционира само институцијално.Така што волјата на граѓаните е испочитувана,имаме мнозинство кое одлучува како и со кого ќе коалицира.ДУИ не се вклопува во тој концепт. И тука е крајот на приказната. Баш она што ти го имаш многу убаво изразено во цифри. Идејата за малцинска влада нема кворум.Мене баш ми се свиѓа, ќе имаме економси јака опозиција. (stereo 9 Август, 2006 - 21:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • јас да сум Б.Ц. би ги зел..дрн..дрн..дрн..БАТЛЕР
    не излегувајте на референдум..дрн..дрн..дрн..кој не
    слероза ќе да е..
    (anaveno 9 Август, 2006 - 21:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Манипулацијата потопена во болната амбиција истиснува точно онолку реперкусии колку што тежи самата. Eye-wink
    (oksimoron 9 Август, 2006 - 21:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ех таа физика..
    јас кога би ја потопил..
    не би ја извадил..
    репрекусии..па да..ќе има..
    (anaveno 9 Август, 2006 - 22:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • срц,кавадарци си? (Шанкурето 9 Август, 2006 - 22:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Политичките партии се тие кои го имаат добиено мандатот од гласачите и со тоа правото за одлучување како да се делува - и дали воопшто се слуша шо збори...па каде тогаш на улица,на демонстрации...од каде таква наплив на недемократичност, мајне либе Теута...со кое право се обидувате да влијаете на ОДЛУКАТА НА ПАРТИЈАТА КОЈА ГО ДОБИЛА МАНДАТОТ ДА ОДЛУЧУВА КАКО ДА ДЕЛУВА. (POPEK 9 Август, 2006 - 22:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Е, тоа, Попек, токму тоа е луцидниот момент во оправдувањето на нивното делување Smiling
    (oksimoron 9 Август, 2006 - 22:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Стерео,
    прецизно е утврдено за кои законски измени е потребен Бадинтеровиот принцип на гласање. Во законските одредби за правата на малцинствата. Е па, ако ДУИ гласа против во тие случаи - ќе гласа токму против своите гласачи! Оние кои им го дале мандатот да ги застапуваат нивните интереси Eye-wink
    (oksimoron 9 Август, 2006 - 22:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • апсолутно те разбирам,ја за тоа пишувам неколку семинарски..и многу сакам да бидам интегрититевен и концезуално да се имплементираат во охридскиот договор.АЈ сега види ти пишав неколку и-мејла.Благодарм. (Шанкурето 9 Август, 2006 - 22:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Пред малку на вести слушнав дека Ахмети ќе му пишувал на Американците дека амбасадорката во Македонија нешто не ја бивало. Де бре! Пинки му пиша на Тито - ај да се видиме! Бог да чува и да бране! Има ли крај на глупостите! (marjantod 9 Август, 2006 - 22:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • како одговара ....
    таква политика се води ....
    значи ....
    аршинот е различен за различни ситуации ....
    двоен стандард ..... ако денес политиката на САД и ЕУ им беше наклонета .... тогаш .... ќе играа на таа карта ... .
    во спротивно .... глеаме дека .... неартикулисано се понашаат ....
    (ХулаХопа 10 Август, 2006 - 07:28 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Шо убави прашања, уште поубави одговори од сите, да ги ебам
    Воа на Кавадаречки беше.
    За тебе Окси повлекувам што реков.
    Не те пракаме за Амбасадори.
    Ти девојче за претседател на Собранието.
    (OGI SINKO 10 Август, 2006 - 08:07 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment