Saturday, April 05, 2014

Тези, антитези и синтези... тезгарење!


Во последно време, од страна на бројни „експерти“ во државава, се прави обид за убедување на јавноста дека промената на името Република Македонија е неминовна и (као утешно) дека тоа менување всушност не е тоа што изгледа дека е, туку е наша шанса за менување на референцата ФИРОМ, која е во меѓународна употреба последниве 15 години.  Демек, не го менуваме името туку референцата и така стануваме полноправни членки на НАТО. Тоа е многу опасна замена на тези.
-Точно е дека во ООН, со времената спогодба од 1993та година сме примени како Поранешна Југословенска Република Македонија и од тогаш се користи референцата ФИРОМ (која има статус на привремено име). Точно е и дека, доколку Грција не стави вето, во НАТО ќе бидеме примени под истата таа референца, а времената спогодба ќе продолжи да важи. Е сега, откако на тој начин ќе станеме полноправни членки на НАТО, постои реална можност одреден број држави да се охрабрат и не признаат под нашето уставно име. Со тоа би се создале услови за стекнување дво-третинско мнозинство (ни фалат уште десетина сал) на држави членки во ООН кои не признаваат под уставното име и со едно обично прегласување би исчезнал „проблемот“ со нашето име. Грците тоа добро го знаат. Затоа и притискаат толку остро и токму сега. Гледаат тие подалеку од носот (за разлика од некои тука кај нас).
- Исто така, точно е дека доколку Грција (како очајнички чин) стави вето за нашиот прием во НАТО (под споменатата референца) ја прекршува привремената спогодба и таа станува неважечка, а со тоа ФИРОМ  повеќе НЕ ПОСТОИ.  Никој повеќе не ќе може да не нарекува така, зашто ќе немаме никаква обврска да дозволуваме било кој да не именува со таа референца. Дури и без дво-третинското мнозинство у ООН, паѓа условот со кој не именуваат како ФИРОМ. Значи, со самото вето, Грците ја губат битката за името Македонија. Ризикуваат сосем свесно играјќи на таа карта (но немаат друг избор). Е сеа, губиме и ние.... го губиме членството во НАТО.  Но таа загуба не е конечна, како што би била промената на името. По неколку години пак ќе имаме покана, не за друго туку оти сме на таква позиција во геостратешката мапа на НАТО, а тие, како сериозна организација, не отстапуваат од своите планови.  И тогаш, никој нема да има оправдување за да бара промена на нашето име. Ќе биде тоа прием на Република Македонија.
Ако бидеме стрпливи и мудри, имаме шанса и да го сочуваме името и да станеме членки на НАТО. Се што треба е да почекаме неколку години и да бидеме истрајни, цврсти во сопствените ставови. Е, тука страшно ме нервира тезата дека  овој самит на  НАТО во Букурешт е историски, наша единствена (и последна, бре) шанса, дека ако нема СЕГА прием во НАТО ќе следи потоп...... провидни методи на убедување и заплашување, пропагандни техники за свивање на р‘бетот. Што е тоа што ќе ни донесе НАТО, а не можеме да го почекаме уште некоја година? Што ни фалеше досеа без него?! Добро де, не е дека ниш не ни фали, ама... што од тоа што ни фали ќе ни стигне со НАТО? А?
Работа? Економски прогрес? Технолошки развој? Култура? Висок животен стандард? Образование? Безвизен режим? Почит? Самопочит??! Што?!
Па дури (по 7 години од потпишување на договорот за стабилизација и асоцијација) се вклучи тука и опцијата за забрзување на приемот во ЕУ преку приемот во НАТО (сомнителна констелација)... бреј, одиме во Европа по пократкиот пат - преку Америка!
А од друга страна.... паѓа вредноста на доларот во однос на еврото..... чудна коинциденција.....

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 23 Март, 2008 - 22:11

Коментари:
  • ние ќе влеземе во нато и тоа на клоци, ни се допаѓало тоа нам или не... американците не ни се вистинските непријатели... тие го гледаат својот интерес... играта е кој прв ќе трепне... кај нас некои веќе почнаа да трепкаат... ама кај и да е, ќе прегорат од трепкање... Smiling што ќе си направиме сами, никој нема да ни е крив... затоа, мудро и трпеливо...
    поздрав... Smiling
    (prezviterkozma 23 Март, 2008 - 22:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ОТКАЖУВАШ ОД ПИШУВАЊЕТО за името ... откажуваш од ставот и одбраната на сопственото ...мака ми од тие шо се откажуваат... (gocajaska 23 Март, 2008 - 22:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Prezviter,
    и јас тоа велам, ние ќе влеземе во НАТО - вака или онака! Сал да не биде туку-така, де. Е сеа, треба да се биде истраен.... И точно е - од главата си страдаме Eye-wink Smiling
    Поздрав Smiling
    gocajaska,
    не се откажувам, ма! Сал, да не претерувам со пишувањето.... Smiling
    А, ако ти е мака - твој проблем мило! Smiling Ќе ти мине Eye-wink
    (oksimoron 23 Март, 2008 - 22:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ХЕ,ХЕ ... МИ МИНА КОГА ПИША „НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ , МА “ (gocajaska 23 Март, 2008 - 23:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сосем точно. И јас сум зачуден од каде излегоа „интелектуалци“ да доминираат по ТВ, предвидувајќи ни црна иднина како некои црни гаврани, само ако не си го скршиме рбетот пред грчката агресивност.
    Вистината и правдата (па и правото) се на наша страна, а исто и мнозинството од земји (над 120 од 160 со кои имаме дипломатски односи). Битката за името е битка која можеме да ја добиеме, со туркање на нашата вистина и без попуштање.
    (GoodBytes 24 Март, 2008 - 02:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Логиката ти е исправна ... ама има неколку ама ... тоа е лошото ... Вака “политичарите“ кои се моментално на власт иммат малку повеќе информации за сето ова за кое ние имаме само предпоставки ... и тие се тие кои можат и треба да ност одлуки ... Како и да е на следните избори ке мора да искочат со прикаската зошто ја донеле или не ја донеле одлуката ...
    Поздрав.
    (волан 24 Март, 2008 - 13:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мене не ми претставува проблем да ти кажам дека си прекрасна, еднаш, па уште еднаш, па уште еднаш... , но и ти треба да пишуваш за името, еднаш, па уште еднаш... се додека не се реши „проблемот“.
    Едноставно, твоите очи гледаат подалеку во хоризонтот.
    (seelenluft 24 Март, 2008 - 14:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • gocajaska,
    глеаш како брзо ти минува, браво Smiling
    GoodBytes,
    тоа „експертите“ кај нас никнуваат како печурки после дождливи денови. Ама, погодено им е и местото - печурки најмногу успеваат во букови шуми. Е, многу букови дрва има у државава.... а тек сенките што ги фрлаат....ај да не лафам... Smiling
    И вистината и правдата и правото, па и мнозинството држави кои не признаваат под уставното име - нема да ни вредат многу ако немаме самопочит и решителност да го браниме тоа што е наше... тие неможат да не спасат од нас самите. Не ме плашат мене Грците, туку превртливоста на „некои“ продадени души кај нас... Sad
    Ама, ај белки ќе надвладее разумот Eye-wink Smiling
    волан,
    којзнае дали логиката важи сеуште во мигови кога одразот на самосвесноста се рефлектира од искривените пропагандни огледала во медиумскиот циркус....
    Поздрав Smiling
    seelenluft,
    и уште 100 поста да напишам за темава, ставовите ми остануваат исти Smiling Реков доста, зашто не би сакала да се повторувам, ама... еве сепак, ќе пишувам, пишувам, пишувам..... заради мене, тебе и сите кои размислуваат слично на нас (а уште повеќе заради тие кои размислуваат различно!) Eye-wink Smiling
    Благодарам мила Smiling
    (oksimoron 24 Март, 2008 - 19:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ех тоа грците, мубетите оклу ветото само тоа им иде у последно време.. Пак ја оживуаваат онаа дужен ко Грчка, пак им цури од страна а вода е срамота да увезуваш, или може ќе се претворат во амерички always ultra man со капче и шорцеви и шишен вода во рака цуцање кога нема Мастика.. (SPACEGUN 30 Март, 2008 - 18:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ПРОТЕСТ ПРЕД МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ
    ПОНЕДЕЛНИК, 31 МАРТ 2008, 12:00 ЧАСОТ
    ЗА СИТЕ ОНИЕ ШТО СО ЦЕЛО СРЦЕ И ДУША ЈА САКААТ МАКЕДОНИЈА.
    ЖИВОТ ДАВАМЕ, ИМЕТО МАКЕДОНСКО НЕ ГО ПРОДАВАМЕ!
    Освен вас самите никој нема право да решава за вас...
    Дали ќе бидете Македонци или некакви Марсовци.
    Некој...
    Најперфидно и најбезобразно сака да го одземе она што припаѓа на вашите прадедовци и
    дедовци...и сака да го приложи кон сопствената историја.
    ОД НАС ЗАВИСИ!
    Македонија.
    Македонско.
    Македонци.
    САМО ТОА ПРИФАЌАМЕ
    Протест, Понеделник, Парламент, Предавство, Повелете! [12:00 - Собрание на РМ]:
    http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=22201
    МИТИНГ - ВТОР ДЕЛ:
    http://www.milenko.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=925&PID=45853#45853
    МИТИНГ:
    http://persey.blog.com.mk/node/145221
    ЗАКЛЕТВА
    Што мислите дека ако некој го смени името
    Нема да се пролее македонска крв
    Ако така мислите
    Во тешка заблуда сте
    (S.F. 30 Март, 2008 - 18:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еднаш сакав да те испратам во Амбасадори,
    но овојпат дефинитивно ке те товарам во авион.
    (OGI SINKO 21 Април, 2008 - 15:39 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment