Friday, April 04, 2014

Перцепција


Зошто го сакам нетот? Зошто толку многу време поминувам пред монитор, читајќи разни постови во блогосферава? Што е она кое ме привлекува во нетот како поим?
Во Платоновата филозофија поимите добиваат форма на посебни, независни од човекот како субјект идеи. Светот кој е видлив е само несовршен одраз на материјалните нешта. Секоја идеа, според него, е вечна и во себе идентична, причина и последица на се постоечко што никогаш не може да ја достигне самата идеа.
Суштината на нештата, изразена во идеите, може да се спознае само со разумот и треба да се разликува од појавите кои ги забележуваме со сетилата. Тоа е светот на идеите на Платон. За мене ова е перцепција на блогосферата. Медиум кој претставува еден паралелен свет на идеи. Овде секој блог е идеа сама по себе. Воопшто не ме интересира кој како изгледа во реалност, неговата возраст, пол, степен на образование, имотна состојба, професија, религија, сексуална определба, брачна состојба... Ме интересира начинот на кој таа личност размислува, начинот на кој се изразува и ги презентира своите ставови. Ме интересира самата идеа. Значи, блогосферата е можност за комуникација на идеите независно од сите сетилни впечатоци.
Чистите, слободни идеи циркулираат низ нетов. Секој ги восприема на свој начин, во зависност од сопствените перцептивни перформанси. Ги обликува, ги моделира и им дава лик во својот свет. На својот ѕид. Една иста идеа, во зависност од реципиентите, може да има повеќе форми. Е, тука идат недоразбирањата. Секој смета дека неговото моделирање е најблиску до оригиналната идеа. Секој различно ги толкува сенките на ѕидот.
Исклучете ги сетилата. Вклучете го разумот. Сите ние сами по себе сме чиста идеа. Различна од другите. Ги сакам идеите.
-->
Линкови до овој блог запис
Перцепција (реплика)
од Aрхеолошки д… на 15 Јули, 2006 - 01:53
Наместо да пишувам цел ферман од коментар кај Оксиморон на темата за Платон, идеите и блогерајов....

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 13 Јули, 2006 - 16:58

Коментари:
  • Да, ги сакам идеите. Особено различноста. (POPEK 13 Јули, 2006 - 18:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • идеите не се и гени..да ги мешаме и гените..помалку ќе бидеме пред монитор..не само Платонска љубов(филозофија).. (anaveno 13 Јули, 2006 - 19:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • imroko,
    говориме за духовното, не за физичкото Eye-wink
    А гените веќе ги смешале нашите родители. Smiling
    Од друга страна, Џон Лок вели дека сите доаѓаме на свет како tabula rasa, и не обликува околината. Па сеа ти види...
    (oksimoron 13 Јули, 2006 - 19:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • видов..филозофии..и Гносеологија..и бегам.. (anaveno 13 Јули, 2006 - 20:32 | логирај сеза да пишуваш коментари)

  • Хммм..интересен пост. би ти препорачал нешто поопширно во врска со твоето размислување. пробај: Блог_лајф.блог.ком.мк (ross 13 Јули, 2006 - 20:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ајде... монадите на моите идеи осцилираат во хармонија со монадите на твоите!
    Платон е типче што знае навистина да замисли, и најчесто се согласувам со него (ОК, со неговата перцепција на поетите воопшто не се согласувам Shocked).
    Нетот (Втората компјутерска револуција), а со тоа и блогосферата како дел од него, е нешто како постојано активиран вулкан: исфрла лава (жешка лава иде!), но исфрла и пепел, и прашина, и магма, и камења, и... некому тоа му е ОК, некому му смета топлината / лавата / пепелта / камењата... некој умира, некој ужива.
    А јас - јас си пијам лимонада, сурфам на горештиниве и си brainstorm-ирам со моите и туѓите идеи...
    And I salute you!
    (iacovibus 14 Јули, 2006 - 09:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Која блогосфера?
    Неколку блогови само вредат да се читаат, другото се е деца и на нивните блогови немаш што да читаш/коментираш. Не пречат децата, туку фалат возрасните, за да може да се рече дека има блогосфера со квалитетни блогови, вака смешно е да се рече дека има некои идеи на блоговите, па и платон е спомнат, па и филозофии Smiling
    (sanni 14 Јули, 2006 - 12:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • iakovibus,
    и мене не ми се допаѓа ставот на Платон кон уметниците. Ги смета за сосем непотребни. А греши Eye-wink
    Сани, душо,земи напиј се нешто против депресија, песимизам и мизантропија, па да праиме муабет. Smiling
    Во децата е иднината. Во сите овие блогови, како што рече Иаковибус, има се и сешто. И добро и лошо. За секој вкус по нешто. Има прекрасни, мудри, забавни па и луцидни. Точно е дека има и сосем безвезе блогови, ама сепак, и тие си се идеа сама по себе. Безвезе идеа, ама сепак идеа :-Р
    (oksimoron 14 Јули, 2006 - 12:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • МНОГУ мудрости покажа...што прајш Окси овие денови...? (Шанкурето 14 Јули, 2006 - 21:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А, еднаш сакав да постирам на слична тема. Еве ми прилика. :) ОК, сакав да посочам на сочноста на извесни аВтори низ харизматичниов Блогерај кои, имено, му даваат “црвенило на образите“. Како пак доаѓаат посетите, дал блогериве имале ил не „свои читатели“, бла, бла... ни оддалеку не е ниту ќе е поента. Оттука и дотука - Линијата секогаш е отворена.(jurak OT petrof 14 Јули, 2006 - 23:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • jurak
    ot,
    у цело шаренило на блогерајов - има и црвенило, де. Smiling
    И во право си, не е поентата у посетителите туку во изложувањето на
    идеите. Тие самите си го бараат местото во овој свој виртуелен свет. Eye-wink
    (oksimoron 15 Јули, 2006 - 00:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • а светот се врти..час си горе..час си доле..десно..лево.во коментари.. (anaveno 15 Јули, 2006 - 00:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Imroko,
    уш да те разбрав шо сакаше да кажеш, па да одговорев.
    Ама, еве, оваа твоја идеа останува енигма. Има и такви идеи, де - Smiling
    Инаку, ако мислеше на флексибилноста на идеите или нивната променливост - прочитај кај Аrwena. Многу појасно е кажано Eye-wink
    (oksimoron 15 Јули, 2006 - 01:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • баш!
    (gersanina 15 Јули, 2006 - 01:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се разбира. Демистифицирањето на твојата дилема е едноставно, сите посетени, кликнати значи, линкови (а:visited) на мојот блог имаат команда за пречкртување (line-through). Поздрав :) (jurak OT petrof 21 Јули, 2006 - 14:28 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Благодарам за објаснувањето Smiling
    Сеа ми е полесно Eye-wink
    (oksimoron 21 Јули, 2006 - 15:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ми се допаѓаат оние слатки и помалку лути изјави од типот идејата е се парите се ништо, не ни помислувам да се камсикувам пред да помислам колку би болело тоа.Ти текнува на она, два три камсика и поблиску сме до Бога. Знаес, кога некој би го пробал овој просветителски ритуал на прочистување,имам некое грозничаво чувство дека веднас, онака чисто од срце, искрено платонски би се вљубил во чувствителниот Хедонизам на Материјализмот. (paroklo 4 Август, 2006 - 20:34 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment