Friday, April 04, 2014

Коалицитација


Завршија изборите. Но, не за сите. Завршија за граѓаните. За политичарите, изборите уште не се завршени, сал се премина на друго ниво. Избори после изборите. Првите беа прелиминарни, но и овие не се за потценување. Сега избираат избраните. А меѓу нив има избрани победници и избрани губитници. Избраните победници мораат да одберат партнери од избраните губитници за да победата биде целосна. Знаеме дека цело е кога има се, но овде тоа не важи. Овде целото никако не смее да биде се (и сешто). Мора да се бира внимателно. Против овој зборевме, овој го спрепнавме, оној нас не турна, другиве фрлаа камења, а некои ни плазеа и јазик. И, кои губитници се помалку тоа што се?! А сепак побројни?
Наддавањето започна. Секој нуди она што може. А, се бара она што не може. Вредносниот систем по кој се избира е детерминиран од ветеното и планираното. Оти, неветеното се реализира непланирано.Но сепак се вреднува и тоа. Ама, во друг систем. Системска недоверба. И, додека се лицитира добиениот глас од електоратот, програмските определби се губат во надвикувањето.
Еднаш...
Двапати...
Трипати...
Продадено!


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 8 Јули, 2006 - 17:28

Коментари:
  • Окси,
    Се кажуваш девојко.
    Грешка.
    Остави простор за коментар.
    (OGI SINKO 8 Јули, 2006 - 18:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • браво девојко,мажена ли си? (Шанкурето 8 Јули, 2006 - 19:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Виа три дена у Кавадарци се одржуе Балканско првенство у џудо. Ваа вечер беше отварањато. Немаше кој да го отворе! Главниот домаќин, Градоначалникот не беше тука! Си заминал на одмор у Грција! Е па , другари и другарки некој треба да се замисле дали сме такви каа шо се кажујме или некој бумбар ни брче у главата, па си останујме на истото ниво десет километри од сите главни патишта у државата... П.С.Да! Ептен кавадаречки беше воа, ама од кавадарчанец и шо можиш да очекујш друго.... (marjantod 8 Јули, 2006 - 22:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Марјан,
    изглеа на Пано му беше пренапорна кампањата, а уште понапорен неуспехот....веќе се гледаше себе си како мин.за земјоделие...и сеа ти сакаш да се „замара“ со џудисти?! а бе, ај...си ги лече нервите сеа у Грција Sticking out tongue
    Шанкуре,
    Мажена сум. Многу мажена. Eye-wink
    Оги,
    Секогаш има простор за коментари. Еве, мене ми е многу мило што на овие избори победи ВМРО-ДПМНЕ, ама ако коалицира со ДУИ, ќе сметам дека гласовите кои ги освои се изневерени. Комбинаториките при коалицирањата можат да чинат многу.
    (oksimoron 8 Јули, 2006 - 23:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси,
    Извештај од прва борбена линија.
    Ние ги внесовме внатре, ние ке ги изнесеме.
    ДУИ ке почека 8 години.
    (OGI SINKO 8 Јули, 2006 - 23:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Пано Минов, Тошето на Агата, Ленча Чирковата, Драги од Росоман, Живка на Цимо....Од вчера Пано ни (Е)Минов почна да отпушта вработени у локалната самоуправа (освен виа спомнатите со него на чело)...изгледа се нервира дебелиот...или пак почнуе да се гребе кај новата државна власт, па прае место за младите им вмро-овчиња....... Ни шо можиме да си напрајме самите на себе, десет ДУИ и двеста Али Ахметовци не можат да ни го направат.......... (urbanokavadarci 9 Јули, 2006 - 01:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Драги мои Кавдарчани, примерот со Пано Минов е добра илустрација за реперкусиите при непромислени коалицирања водени од личниот, а не интересот на гласачите (во случајов станува збор за состојбите у Локалната Самоуправа).
    Ама, вака ми ја пренасочувате темава, де Smiling
    Не смее да се лицитира со гласовите добиени од народот. На луѓето им беше доста од СДСМ и ДУИ и тоа јасно го изразија на изборите. Нема да има којзнае каква промена, ако еден дел од досегашната власт остане и во идната. Ќе биде тоа половична влада. Мандат за составување влада добива партијата која има освоено најмногу пратенички места и цела одговорност за идни коалицирања е на нејзиниот грб. Нека размисли добро дали купува подршка за влада или продава веќе добиена доверба за формирање на истата.
    (oksimoron 9 Јули, 2006 - 14:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А што е со ова, најновово барање Шеќер да остане у Владата, како министерка за евроинтеграции?
    Но, кога веќе нашиве партии не се доследни на идеолигиите кои (ТРЕБА ДА) ги пропагираат и имплементираат, се’ е можно. И ништо нема да ме зачуди, најискрено ви велам.
    Само апсурд би било коалицирањето на ВМРО со оние кои за време на целата кампања ги нарекуваа убијци, криминалци и др. Ништо, само уште еден доказ за нефункционалноста на демократските механизми.
    (iacovibus 9 Јули, 2006 - 15:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • здраво оксиморон, да си ми жив и здрав!А блог се разпродава за данок,а јас сум првиот да го плаЌа! не фер игра! (blogenius 10 Јули, 2006 - 12:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • На крајот од минатите избори имавме убав пример за оваа Коалицитација, кога СДСМ излажа дека нема да влезе во коалиција со ДУИ. Не верувам дека ВМРО тоа сега ќе го стори.
    Јас како граѓанин и гласач би се запрашал и: што е тоа што ДУИ го направи за четирите години додека ја имаше власта? Ако има нешто позитивно да се наброи како одговор на ова прашање, тогаш има некаква логика со нив да се преговара, ако не, од ПРИНЦИП треба да се игнорираат. Настрана тоа што ДУИ во очите на Македониците и сите други немилитантни граѓани на Македонија претставува, тоа ич и да не го коментирам.
    Bottom line, ако ВМРО ДПМНЕ влезе во коалиција со ДУИ, трајно ќе изгуби гласови на илјадници луѓе, а најверојатно и значителен дел од членството.
    (GoodBytes 10 Јули, 2006 - 22:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ДОЛЕ ВЛАДА! :) (yellowstar 10 Јули, 2006 - 22:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Iakovibus,
    апсурдот по се изгледа ни стана востановено правило во политичките комбинаторики. А пак се повикува на истите демократски механизми (кои одамна не функционираат).
    GoodBytes,
    „...што е тоа што ДУИ го направи за четирите години додека ја имаше власта?“
    Хехехе....ДУИ се изглеа единствена партија у свет од која народот има корист единствено коа НИШТО не прави. Оти, коа прават - користат убиствени методи. Eye-wink
    Ж‘та ѕвездо,
    кај мене ли на блог најде да уриваш влада?! Sticking out tongue
    оди таму на владини блогови, овој не е (шо не значи па и дека е невладин Eye-wink ) Уствари.... влада уште не е ни формирана, така да тоа ДОЛЕ ВЛАДА е сосем валиден и сликовит израз за фактичката состојба - навистина Влада (Бучковски) е доле! Eye-wink
    (oksimoron 11 Јули, 2006 - 19:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Недостигот на вистински политичар ќе ја доведе ВМРО до одлуката да се реши на коалиција со ДУИ (и која било друга партија да го освоеше мнозинството на гласови).
    Видете, да бидам јасен - немам јас ништо против никого.
    Но чудна ми е дефицитарноста (после петнаесет години) од политичари во Македонија. Имаме софисти, демагози, популисти и што се’ друго не. Политичар(ка) немаме.
    Значи, се работи за принципи.
    До кога? Eye-wink
    (iacovibus 12 Јули, 2006 - 11:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • После сите пазарења и наддавања се прашувам дали во парламентот ќе има вистинска опозиција? Се враќаме ли во едноумието? Единствени што исклучија коалиција меѓу себе се ВМРО-НП и ДУИ. Другите сите комбинации се можни. (SLaCk 13 Јули, 2006 - 13:52 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • И вчера, а и денес, особено после неколкуте прочитани постови и дадени коментари, размислувам за следното.
    Сите велат „Политиката е курва“.
    Дилемата која ми се наметнува е дали може да се изразиме за одредена наука/професија (нели е општествена наука) дека има карактерна особина (што би рекол Шербеџија, нели).
    Оваа толку прифатена „дефиниција“ како аксиома, би била ужасно смешна кога би ја транспонирале на пример вака: „Хемијата е курва“. А?
    И сега ми се наметнува заклучок - не може политиката да е курва, ама може и тоа како тие што се занимаваат со неа (демек политичарите) да бидат курви.
    Ако вака ја поставиме работата, тогаш равенството е точно. Може со секој ако добро плати. Е сеа што е добро, секоја курва (политичар) си знае за себе т.е. сам(а) си ја одредува цената.
    (macmeto 13 Јули, 2006 - 15:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • macmeto,
    тоа е твоја перцепција на политиката како наука. Вулгаризираш. Ама, промискуитетноста при коалицирањата оддава таков впечаток и ти дава за право да се изразиш така.
    Изглеа затоа народот никогаш нема татко. Сите му се, и никој не е.
    А, немора да биде така.
    (oksimoron 13 Јули, 2006 - 17:07 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment