Friday, April 04, 2014

Компот


Во тековната плодна изборна сезона созреаа овошките од изборните листи. Се распиша општа берба. Па се селектираа подобрите, поздрави плодови. Многумина се изедоа (сами од себе), но сепак остана трошка разум и се почна со приготвување на зимницата. Зашто, треба да се мисли на следните четири години до другата берба.
Најпрво се измија од предизборните ветувања. Па почнаа со отстранување на семките од изборните програми. Оти, може човек да се задави ако ги конзумира необработени. Потоа се помина кон лупење на скепсата кај јавноста. Само таму кај што има оштетувања на прагматичната кора, де. Здравите лушпи остануваат. Тие даваат посебен шмек. И арома и вкус. Со исечканите парчиња верба се наполнија теглите пратенички групи. Има тегли во различни големини. Некои збираат повеќе, некои помалку. За подолотраен ефект, се доде и конзерванс од странски дипломати. Мора да се користи овој адитив ако сакаме да потрае. Сеа, дали ќе трае до следната сезона за берба, зависи од квалитетот на конзервансот. И неговиот мандат, т.е. рок на траење. Оти, различни фабрики за конзерванси има - европски, американски...На крај, се дополнија со шеќер изјави и водена коалиција да ги залие. Се стави капак на се. Ке вријат сега 100 дена. Дури потоа ќе бидат спремни за употреба.
Наредени на парламентарната полица во државната остава, ќе не предизвикуваат следните четири години. Некои тегли веројатно ќе се потрошат порано. Други нема да издржат, ќе се расипат. Но, ќе има веројатно и такви кои ќе се најдат на право место у право време за да ја задоволат гладта на народот. Послужени во посебни, кристални садови, ќе потсетуваат на свежината во сезоната на бербата. Велат, што си надробил тоа ќе сркаш. А за дробење не бидува. Надробивме...

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 16 Јули, 2006 - 16:20

Коментари:
  • А ја па чуди се оти тоа ѕенѕерите од кај баба у дворот почнале да буѓосуат и нема да успејме некое тегло инајстински компот да стокмиме, па зимото да се освежујме од долгите кавадаречки зимски ракијни ноќи. Буѓата да ти доаѓала од сеуште истопорените типови и типки по билбордите и ѕидовите у Кавадарци. Тешко на виа град (држава) со ваква “младина“. А бе 24 часовна мора почнаа да ни стануат. Ќе почнат и од фрижидерот да ни излегуат!...Ма отиду ја да се “удавам“ у добра музика!!! (marjantod 17 Јули, 2006 - 00:38 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • А бе, правев компот од праски викендов, па се обидувам преку секојднивни ситуации да креирам метафори за илустрација на актуелната политичко-општествена состојба
    Sticking out tongue Smiling
    А, ме интересира и колку ќе трае конзервансот, де Eye-wink
    (oksimoron 17 Јули, 2006 - 21:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • гледам имале среќа..си била "блага" со компотот..можам да замислам со ајварот..направи го "љут"..и мели..мели..сомели ги "црвените"..
    е ај сега домаќински моабет..па земи мешај..мешај..не се чешај..
    (anaveno 17 Јули, 2006 - 22:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Imroko,
    рано е за ајвар, сеа е сезоната за толчен пинџур(од зелени пиперки).
    Инаку, мора да се меша, оти инаку се загорува Eye-wink
    А рецепти не менувам - кулинарски тајни не се оддаваат Smiling
    (oksimoron 18 Јули, 2006 - 07:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А што не сум по благото?
    Дај ми ајвар мене, со сирење! Eye-wink
    (iacovibus 18 Јули, 2006 - 09:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • T'чен пинџур Окси, ти е извор на енергија во кавадаречките дневни ракијарски шеми. Само не е за консумација пред сериозни средби. Оно, и нафтата незгодно мириса, ама изгледа такви се карактеристиките на сите извори на енергија. А компотот, како оригинален поглед на политичката ни ситуација, во секој случај ти е многу на место...(marjantod 18 Јули, 2006 - 15:46 | логирај се за да пишуваш коментари)


  • No comments:

    Post a Comment