Friday, April 04, 2014

Траекторија на лагата

Уште на првата, почетна точка се постави прашањето дали Македонија може сама. Дали независноста е возможна. Се копнееше да се остане дел од телото на СФРЈ. Макар и како опашка. Ќе го покривавме грдиот задник на една пропадната идеологија. Се сомневаше во изразената воља на народот на референдумот за независност. Сомнежот остана и покасно. Се создаде одбивност кон сите форми на референдумски изјаснувања.
На втората точка се зазеде дијаметрално спротивен став. Се прифати претседателска и премиерска позиција веднаш по техничката влада која го расчисти патот кон независноста. Се застана на чело на негираната афирмација за самостојна држава. А, сеуште без верба за опстојување. Се конструира мрежата за соработка со структурите за кои не важеа границите. Беше тоа превентивна мерка - ко излезот за итни случаи. Знаете, онаа врата која води директно надвор до пожарните скали у случај на елементарни непогоди.
Сеуште неубедени во сопствената државност, а со голема желба другите да не признаат како таква, преминавме кон третата точка. Промена на државните симболи. Лесно е да се промени знаме на држава во која не веруваме . Парче платно, де. Дури, и името не ни беше нешто свето. Иако го има во светата книга. Моравме да го задржиме изгледа презимето на бившиот сопруг по разводот. Да не потсетува постојано чии сме биле. Алиментативно голтање на гордоста. Божем привремен статус, ама стана современ лапсус на зрелата незрелост. Израз за безизраз на самопочит.
Потоа беше лесно. Следната точка се распрсна дисперзивно во безброј потточки. За секој правец по една леплива пипка. Октоподска. Приватизацијата не е едноставен процес. Треба силно и истовремено флексибилно(безрбетно) тело за нејзино спроведување. Безброј раце, а една глава. Една уста за полнење. Ненаситна. Пирамидален синџир на исхрана.
Следуваше пауза. Привидна. Не беа на површината, ама го прекопаа подземјето. Кртовски. Од институциите се помина на теренот. Се ископаа ровови за да се руши тлото и да се пробие пак на површината. Се исцрта и рамка како шаблон, како мапа за копање. Се наиде притоа на многу црви и ларви. Чекаа трансформација во пеперутки од министри. Да одлетаат низ полето на културниот натпревар.

И, конечно повторно се изби на површината. Дуваше поволен ветар популизам. Свиреше во ушите „по еден вработен од секоја фамилија“. Ама, се претвори во ураган кој корнеше дрва и камења, пустош насекаде. Се промени дури и изгледот на зeмјaта. Територијална поделба, рекоа. Се изеде се што можеше. Лесно им одеше, двојазични беа.
Сега, пред самиот крај, на работ од провалијата ни велат „Напред, не назад“. Ја би се вратила чекор назад. Некогаш е потребно за да направи чекор назад за да се земе залет за успешен скок напред. Ма, голем чекор назад ни треба.

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 13 Јуни, 2006 - 20:36

Коментари:
  • АНАЦИОНАЛНОСТ..МОРОНИЗАМ..кој си спомнува за денешниов ден..пред 2.ХХХ и кусур години... (anaveno 13 Јуни, 2006 - 20:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Интересен пресек на ситуацијата.
    Со многу работи се подудара со моето мислење, но со дел не..., но нема да навлегувам во расправа.
    Сепак добар напис...
    (волан 13 Јуни, 2006 - 22:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Имроко, не паметат тие вчера шо кажале, а не па да паметат пред 2*** и кусур години шо било . Едноставно мислат сеа за сеа и не им е гајле ни за вчера ни за утре.
    Волан, слободно кажи си - различните мислења допринесуваат кон побогата и поконструктивна дискусија. Не е тоа расправа туку комуникација Eye-wink
    (oksimoron 14 Јуни, 2006 - 01:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • 2.327 год..од смртта на Аце..кој го спомна?..а сакаме да го носиме неговото име..(anaveno 14 Јуни, 2006 - 01:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Да. 13 јуни 323 год. п.н.е.
    Smiling
    Да знаеше кутриот шо ќе му направеа од државата - ќе се прекрстеше уште тогаш....
    (oksimoron 14 Јуни, 2006 - 01:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • јок..не му вреди..ТРСКА..таа е во мода последниве стотина.. (anaveno 14 Јуни, 2006 - 01:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Прекршен ни е духот како народ со оваа цик-цак траекторија.
    (ана 14 Јуни, 2006 - 07:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ви велам дека се сe распродава, па дури сега е на ред нционалната свест која е помала и од еден Мајмун! (blogenius 14 Јуни, 2006 - 15:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Убав муабет... поздрав (Lavot 16 Јуни, 2006 - 09:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • свет на лаги! (blogenius 16 Јуни, 2006 - 14:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ако нама лага, вистината не би постоела,...2.327...од смрта на аце, а секаде го носиме неговото име ! (blogenius 17 Јуни, 2006 - 14:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси,
    Треба да се застане.Продума и тргне напред.
    Висат црните петна како дамаклов меч.И треба да висат.
    Да не се заборават Окта, Телеком,ЕСМ.Сите приватизации.
    Да се кажува и прикажува кои луѓе ги сторија.
    Од левата и десната страна.
    Истите тие би повторно, ако може.
    Е неможе, вели еден глас.Доста беше.
    Не верувам во медот и осите.
    На кого раката му е научена да фака, ке си остане клепси.Му требало, или не.
    Верувам во ;Р-то; дека ке се обиде да смени нешто.Кон подобро.
    Ако заебе и он, тогаш тури му пепел на се.
    Оги.
    (OGI SINKO 17 Јуни, 2006 - 15:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оги, затоа велам дека ни треба чекор назад - овие како се залетани, ако ги остаиме напред ќе не донесат до крајот ногу бргу!
    Треба да се исправат направените грешки за да може после да се тргне во нов правец. Траекторијава е сал мал историјат на транзиционата лага.
    (oksimoron 17 Јуни, 2006 - 17:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Или чекор наназад или силен скок од место, па да се прескокне бездната и да се затрупа ама од другата страна. Само се се плашам да не “некој“ од позади не турне во бездната уште пред да решиме самите што да правиме. (Jakov 19 Јуни, 2006 - 07:49 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ја би се фрлил во провалијата..... О_о (MSV 19 Јуни, 2006 - 08:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Така е, ни треба преносно кажано, во случајов чекор назад за да ги исправиме правецот. (E-Lady 20 Јуни, 2006 - 13:15 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment