Friday, April 04, 2014

Мерки за премерки


Една секунда политички маркетинг на националните телевизии чини 8 евра. Во зависност од локацијата и површината која ја опфаќа, се одредува и цената на билбордите. Капите, маичките, знаменцата, запалките, приврзоците... се плаќаат од парче. Секој според потребите и можностите.
Е сега, оние кои ќе бидат најзастапени во медиумите, на билбордите...оние кои ќе поделат најмногу парчиња рекламен материјал...не значи дека се најдобри. Значи само дека имаат најмногу пари. Значи дека ним политиката им се исплатила, т.е. таа е профитабилен бизнис за нив. Обично маркетингот се користи за да се продаде подобро некој производ. Се вложува за да се заработи. У случајов - гласот на народот. Дали изборот ќе ја покаже моќта и исплатливоста на маркетингот или квалитетот на понуденото?! Дали ќе се подлегне на сугестивниот, заводлив рекламен штос или ќе се одлучи објективно, непристрасно според личниот резон базиран на индивидуалните, ненашминкани рационални анализи?
Човечкиот мозок во просек тежи 1 400 грама. Научните испитувања укажуваат дека го користеме 7-10%. Значи, само 100-140 грама функционалност. Ако ги споредиме вложените средства за заведување на нашите сиви ќелии - колку чини еден грам памет?! У добивка сме или у загуба ?


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 9 Јуни, 2006 - 17:19

Коментари:
  • Тешка математика за еден маж, во време на светско првенство во фудбал Smiling
    (волан 9 Јуни, 2006 - 18:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јас користам околу 500 грама од мозокот на љубов и убави девојки, а на кампањи само еден промил(во минување ги забележувам и толку). (Lusty 9 Јуни, 2006 - 22:25 | логирај сеза да пишуваш коментари)

  • во загуба сме, ама ќе не извадат во добивка бидеќи податоците се добиени од погрешен извор( од заводот за статистика, а не од бирото за вработување:)... окси, смрди во политикава и тоа бетер него мојов чамец по добар улов (RIBARO 9 Јуни, 2006 - 23:08 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • А бе, параметрите се тие - се зависи од начинот на пресметка Eye-wink
    Дал ќе се стаи разумната концентрација врз грамажата, па помножено со цената на маркетингот....или...ќе се подели грамажата со понудената цена па ќе се множи со неискористениот % од мозокот ... или... ќе се множат сите параметри кои се дадени на располагање а делбата ќе биде по изборите....или...ќе се дели се и ќе се вади корен од глупоста...или.... Smiling ма, има безброј варијации за пресметки !
    Премерени сме ние во сите мерки , неизмерливи ни се капацитетите за мерливост сал Eye-wink
    (oksimoron 9 Јуни, 2006 - 23:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Од ова што го кажа излегува дека она што го живееме и не е баш некоја демократија, туку КАПИТАЛОКРАТИЈА. Систем во кој владее капиталот и оние што го контролираат. Тоа значи дека капитализамот, колку и да се удира в гради дека е така, не е подемократски од комунизмот. (.аНТИ 11 Јуни, 2006 - 03:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Па,донекаде и у право си Eye-wink Лесно беше у комунизмот - си имаше сал еден
    избор и воопшто немаше потреба од мислење! У ствари, и не смееше да се
    мисли, немаше таква опција Sticking out tongue
    Не е проблемот у идеологијата Анти, туку во резонот на луѓето кој е
    подложен на моделирање у зависност од маркетингот Eye-wink
    (oksimoron 11 Јуни, 2006 - 03:28 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ај погодете кој ќе им ги плати предизборните кампањи на партииве... ПА НАРОДОТ, и тоа допрва ќе треба да исплаќа рати... се плаќа народот... т.е. НИЕ драги мои пријателчиња...
    Патриота2
    (patriota2 11 Јуни, 2006 - 03:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Точно
    е дека во комунизмот имаше само една партија, и дека немаше општи
    избори. Тоа директно значи ограничување на демократијата. Ама прашај
    се, дали сега НАВИСТИНА ИЗБИРАМЕ? Ни се подметнуваат готови листи на
    луѓе ставени на листите по партиска заслуга. Јас пишав за ова
    веќе
    .
    (.аНТИ 11 Јуни, 2006 - 09:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, проблемот е што мозокот функционира по принципот „се’ или ништо“. Значи, слично на switch-евите кај компјутерите. Сето тоа имплицира дека ни го силуваат целиот мозок одеднаш, и оној дел кој ние не го искористуваме; ние, оргазмично признаваме дека сме у загуба... но само констатираме. Немаме сила за акција, па изморени сме од еб*њето.
    Мислам, нешто као шо рече аНТИ, имаме плурализам само de iure.
    @ Патриот: Аман веќе, не го спомнувај тој збор...
    Не сум сигурен, но изглеа сум алергичен на зборот
    НАРОД. Па сите веќе, „народот ова...“, „народот
    она...“. Ја не глеам народ у Македонија. Никаде.
    (-- плус, ако си патриот, ќе користиш user Патриот, а не патриотА, од проста причина што е српска форма--)
    iacovibus
    (iacovibus_ 11 Јуни, 2006 - 18:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Без оглед дали станува збор за мнозински или пропорционален модел, комунистичка, демократска, националистичка, либерална, народна или било каква друга идеологија .... оние кои вложуваат повеќе средства во маркетингот успеваат да ја купат глупоста од гласачите за да после се глупираат и самите.
    А оној мал дел кој резонира без влијание на маркетингот и избира рационално ... сосем ирационално - секогаш останува мал дел на маргините од централните глупости, на ивицата од паметот. Eye-wink
    Некој сфатил дека избирачите се ко потрошувачи - треба да ги анимираш со неверојатни, илузионистички па и нереални рекламни спотови за да „купат“. Наместо содржина и квалитет, се оди на маркетиншка хипноза која предизвикува психоза, ама со постизборен ефект.
    (oksimoron 12 Јуни, 2006 - 09:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еј, прочитај го коментарот за експрес лонецот кај јанко и за само од 7 до 10 секунди и ќе се свари, а ќе функционираат само 100- 140 грама, другото е помија!!! (blogenius 12 Јуни, 2006 - 12:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ајде окси, постирај нешто! (blogenius 13 Јуни, 2006 - 12:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ха-ха-ха !
    А бе, затрупана сум со работа, неам време сеа да се сконцентрирам на пишување...а колку сал теми има деновиве!
    Ама, не сакам да стаам нешто сал ради реда, ради квантитет, да ми се броат постови, де Eye-wink
    Ај, вечерва ако имам енергија (напорен ми е денов, верувај) ќе стаам нешто Smiling
    Баш пријатно ме изненади со барањево за постови Smiling Мило ми е шо ти се допаѓаат моиве пишувања и очекуваш ново Eye-wink
    (oksimoron 13 Јуни, 2006 - 13:15 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment