Friday, April 04, 2014

Аквариум


Информациите се многу важен сегмент за изградба на интелектот. Редовното ажурирање на добиените информации, нивната анализа и складирање во мозочните архиви претставуваат перманентна надградба на знаењата. Во својот пост Информацијата е моќ.Или не е. IAKOVIBUS изнесува неколку информации и искажува мислење за вредноста на истите.
Вели : „ ...Да, ние сме способни за multitasking, но до која граница? И дали тоа пребукирање на мозокот со се и сешто ни попречува во познавањето и знаењето на информациите кои се нужност за нас во определен период. До каде ќе одиме со силувањето на мозокот? И што после тоа?Ме учеа дека информацијата е моќ. Но дали е така? Дали се точни моите сомнежи дека информацијата може да биде најголемата слабост, да ми смета во животот...“
Искрено, и мене ме замисли со прашањава. Дали информираноста повеќе ни користи, или ни нанесува штета?! Па, си ја пренесов во мисливе ситуацијава на просторот од нашиов општествено-политички живот, во рамките на институциите на системот на државава. Кое изобилство од информации има тука. Провираат од сите страни, се провлекуваат низ клучалките, низ зидовите, низ каблите....Не пречекуваат од секој агол, од под секој камен, црцорат од под стреите, дури и од небо паѓаат понекогаш-изненадно, со грмење и светкање. Од преголемо количество на сосем збиен простор - информациите кај нас развиле и други свои форми. Мутирале во полуинформации и дезинформации т.е. шпекулации. Посебно покрај извори блиски до одредени институции. Под влијание на специфичните надворешни и внатрешни услови, еволуирале во современ репрезент на политиколошката умешност и вештина. Расцутиле во сите бои. Повремено се случува некоја таква мутирана информација со метод на пермутација преку фаза на шпекулација да се претвори во манипулација и да ни го разори мозокот, привремено онеспособувајќи не .
Не нападнале информации од сите страни, ни го узурпираат и силуваат паметот - а ние неаме ни закон да не заштити од нив. Е, затоа, се развил одбранбен нагон кај нас. Сме се сокриле сите помеѓу стаклени зидови. Пливаме вешто помеѓу украсните алги маркетинг, не хранат со инстант популизам и задоволни сме. Не има во сите бои, а некои се прелеваат во повеќе нијанси. Си имаме регулирана температура на водата (млак табиет), си имаме идеално осветлувањеод медиумски неонки (полувидливо до заслепувачко), ЕУ кислород во меурчиња од ветувања жубори во еден агол, а во друг сјајно огледало кое рефлектира вредност и бројност. Среќни сме и задоволни. Немаме причина за загриженост. Не ни можат ништо сите информации и дезинформации. Сме станале златни рипки.
Една од информациите кои ги пренесува IAKOVIBUS е дека „Меморијата на една златна риба е со времетраење од 3 секунди. “ Немаме ние гајле од пребукираност. ;)

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 17 Јуни, 2006 - 19:40

Коментари:
  • Окси,
    Се специјализира за теми кои го привлекуваат вниманието.
    Знаеш и самата.
    Што повеке го оптеретуваш, подобро работи.
    Ако е под постојан притисок, ке знае да го одвои битното од неважното.
    Да нашите мозоци се толку празни, што ни 20 Гига не можат да ги наполнат.
    За пребукираност не станува ни збор.
    оги.
    (OGI SINKO 17 Јуни, 2006 - 23:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • абе не е за џабе онаа поговорката...имаш памтење ко златна рипка...во овој наш слушај златни рипки се партиите, а парламентот ќе да е некој вид на аквариум Laughing out loud))))
    што ќе биде кога ќе реши сопственикот да го прочисти и да промени водух?
    (Аrwena 18 Јуни, 2006 - 01:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Убаво ке беше да бевме златни рипки,но што да правиш кога информацијата ти доага со булдожер,кашикари и почесни огнени стрелби на свадбари... (f9 18 Јуни, 2006 - 02:09 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мила, не се политичарите златни рипки, туку така тие го третираат електоратот у Македонија. Бомбардираат секојдневно со информации контрадикторни една на друга, ветуваат а не исполнуваат и пред секои избори не убедуваат дека се најдобри.
    Кај поголем дел очигледно ваквиот третман дава резултати. Се забораваат сите лаги, пропусти, малверзации, злоупотреби,неисполнети ветувања ... и упорно се гласа за истите луѓе како првпат да настапуваат на политичката сцена.
    Инаку...уше една поговорка „Рибата смрди од главата“. Сеа глеам зош - еден куп заборавени, неупотребливи информации кои шират реа на застоеност.
    (oksimoron 18 Јуни, 2006 - 12:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ф9, тоа се бомбастични информации, де. Рафални, па информации кои погодуваат у центар, информации кои рушат се пред себе.... мислиш дека е метафорично, а оно ти било буквално Eye-wink
    (oksimoron 18 Јуни, 2006 - 12:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • според мене информацијата е знаење, а колку повеќе знаење толку повеќе и моќ!Аквариумот го нијансира знаењето и правилно ја насочува моќта! А за златната рипка ќе си ја купам заедно со аквариум! (blogenius 18 Јуни, 2006 - 12:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Блогениус, информацијата е знаење, точно. Но, истата треба аналитички да се обработи и чува у меморија за да може да се употребува. Инаку е сосем бескорисна.
    Нашиот проблем е у слабата меморија.
    Еден афоризам вели - „Сенилноста е добра работа, постојано ти се случува нешто ново“. Е сеа, од постојано повторување на едни исти „новини“, никоаш не доаѓаме до фазата надминување на старото. Eye-wink Smiling
    (oksimoron 18 Јуни, 2006 - 13:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се согласувам дка е така од научен аспект, а тоа се вика аналитичко размислување.Ќе ти дадам еден пример: Ако добиеш информација и веднаш реактивно делуваш на истата тогаш меморијате ја нема, а ако ја анализираш и ја обработиш ќе знаеш дали е корисна или не, и тогаш ќе занеш дали да ја меморираш или не!!! Поздрав (blogenius 18 Јуни, 2006 - 13:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Имаш право, Окси Eye-wink
    Набљудувано од твојава гледна точка и тоа какви рипки сме - шампиони! Им ги исполнуваме желбите, не се сеќаваме на нивните гафови и на нивната непрофесионалност, неми сме пред нивните грешки, си живееме у ладна вода и мало аквариумче...
    Рибина факинг идила!
    Единствено што сме топлокрвни...
    iacovibus
    (iacovibus 18 Јуни, 2006 - 15:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еведва линка кон два мои претходно постови во кои зборувам за информацијата и смислата:
    post 1
    post 2
    (qzevski 19 Јуни, 2006 - 17:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • хаха морон ти е јузерот ахаха (disko 19 Јуни, 2006 - 21:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Пер, едноставно праиш селективна амнезија.
    (Сале 20 Јуни, 2006 - 10:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јужни, таа селективноста не заеба, душо. Smiling
    Диско рипче, срцуле, ни 3 секунди не ти вршат работа за перцептирање на еден збор. Половичноста е навистина моронска работа. Не е у јузерот проблемот. Eye-wink
    Ама, ич не се секирај - кој признае пола му се простува Smiling Пола по пола...иаме пола на квадрат Sticking out tongue
    Кузевски, добри ти се постовите. Но, смисолот на информацијата е во нејзината корисност во дадени ситуации. Eye-wink
    Иаковибус, не знам дали топлокрвноста ни е доблест или маана у случајов. Некако, многу ладноокрвно реагираме на жешките теми Smiling
    (oksimoron 20 Јуни, 2006 - 10:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси секако дека смисолот на информацијата е во нејзината корисност во дадени ситуации. Проблем е дали може да се најде смисла во информацијата и дали постои смисла во информацијта.
    Бодријар вака размислува:
    Живееме во еден свет во кој се повеќе има информации, а се помалку смисла. Ќе поставиме три претпоставки за тоа:
    • Или информацијата произведува смисла, но не успева да ја надомести грубата загуба на значењето во сите аспекти. Колку и да инјектираме, со помош на медиумите, пораки и содржини, загубата, исчезнувањето на смислата се случува побрзо од нејзиното повторно инјектирање. Во тој случај, треба да се повикаме на една продуктивност на базата, за да се заменат немоќните медиуми. Тоа е сета идеологија на слободниот збор, на медиумите демултициплирани во безброј индивидуални клетки за емитирање
    • Или информацијата нема никаква врска со значењето. Тоа е нешто друго, операционален модел со поинаква природа, надвор од смислата и од кружењето на смислата во прецизна смисла на зборот. Тоа е хипотезата на Шенон: онаа за една информациска сфера која е чисто инструментална, технички медиум, не подразбирајќи никаква целесообразност на смислата и, значи која не треба да биде опфатена со некакво вредносно просудување. Тоа е еден вид код, како генетскиот: тој е она што е, тоа така функционира, смислата е нешто друго, доаѓа отпосле на некој начин... Во тој случај, едноставно не би постоела никаква значајна врска меѓу инфлацијата на информацијата и дефлацијата на смислата
    • Или пак, напротив постои строга и неопходна корелација помеѓу двете, дотолку повеќе што информацијата директно ги унуштува или неутрализира смислата и значењето. Загубата на смислата е непосредно поврзана со разредувачкото, разудебувачкото дејство на информацијата, на медиумите и на мас-медиумите.
    Соочувањето со преизобилство на ударни вести, спектакуларно објавени во на ударните страни/термини оневозможува разликување на главното од споредното. Вниманието попушта, владее конфузија. Триумфираат слогани, туркајќи ги во медиумски амбиси вистинските професионални/интелектуални потфати.
    (qzevski 20 Јуни, 2006 - 18:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Многу содржајна анализа на информацијата и нејзиниот смисол од Бодријар. Фала што ја постираше. Но, едно нешто е превидено - меѓусебната комбинација на информациите. Една информација сама по себе често нема смисол. Смисолот го добива у комбинација со други информации. Затоа е неопходно меморирање на информациите и нивно поврзување едни со други во даден момент, за добивање и потврдување на смисолот од информираноста и користа од самите информации. Ама, тука е потребна специфична вештина, оти лошата комбинација резултира со бесмисленост.
    И,
    „...Соочувањето со преизобилство на ударни вести, спектакуларно објавени во на ударните страни/термини оневозможува разликување на главното од споредното. Вниманието попушта, владее конфузија...“
    Smiling
    честитки....во само две реченици ја сублимира поентата на текстов Eye-wink Мило ми е што и покрај метафорите, иронијата, сарказмот - ти си го восприемил текстов на вистински начин и си навлегол во суштината на истиот Smiling
    (oksimoron 20 Јуни, 2006 - 18:45 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment