Friday, April 04, 2014

Политика&Бизнис


Патиштата на политиката и бизнисот во нашава држава многу често се испреплетуваат. Дури, создаваат јазол во перцепцијата на граѓаните. Го врзуваат рационалното со ирационални стеги до степен на задушување.
Политиката е скап бизнис кај нас. Ниедна политичка партија не би опстојала без финансиска подршка. Потребни се пари за кампања. Маркетингот чини скапо. А идеологијата треба да се продаде добро (ова „добро“ во политичкиот вокабулар значи поголем број гласачи). Потребните средства во најголем дел се обезбедуваат од спонзорства. Е сега, зошто некој би вложувал во нечија политичка идеологија? Успешен бизнисмен не ризикува со неисплатливи инвестиции. Нему секој ризик му е пресметан.А неуспешниот бизнисмен....нема ни што да вложува. Може сал да блефира. Значи - покер партија. Ама, тоа е веќе друга димензија. Не дека немаме и покераши, ама за нив у друга прилика.
Еве, да речеме дека бизнисмените вложуваат во креирање на подобра клима за нивниот бизнис.Дали тоа е клима на поларно судство, планински закони, тропски бенефиции и островски монополизам?! И, како таа клима ќе се одрази на општественото здравје на електоратот? Променливата клима носи сериозни нарушувања .
Еден добар дел од бизнисмените изгледа не верува во партиската метеорологија па оди чекор понапред во заштитата на својата инвестиција. Зема капар во вид на кандидатура за мандат. Никогаш досега не сме имале толку бизнис експерти на кандидатските листи. Ниту во советничките кабинети. А што кога ќе дојде нивниот ден за наплата?
Политички бизнис или бизнис политика. Сеедно. Се исплатува очигледно. Но, само за биснисмените и политичарите. Не и за гласачите. Нас не не бива за трансакции. Секогаш погрешно ги вложуваме нашите избирачки акции на политичката берза.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 21 Јуни, 2006 - 19:02

Коментари:
  • Политиката е исплатлив бизнис во кој инвестицијата се врака на грбот на народот....јебига (sting EYE 21 Јуни, 2006 - 19:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Беше еднаш на Дивиот Запад..ситуцијата ни.. (anaveno 21 Јуни, 2006 - 19:48 | логирај сеза да пишуваш коментари)

  • А да прочиташ на мојот блог. Ќе ти се најде... (urbanokavadarci 21 Јуни, 2006 - 20:52 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Со главните црти на пораката од овој пост се слагам. Дефиницијата за болеста ти е добра но лишо е што не даваш лек.
    (волан 21 Јуни, 2006 - 21:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А бе, иритира се поголемата инволвираност на бизнисмените у политиката. Сигурно не им оди бизнисот, па бараат утеха.
    Инаку, за лекот.....нема лек. Треба ампутација на заразеното ткиво.
    (oksimoron 21 Јуни, 2006 - 21:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сепак даваш лек ама не го дефинираш заразеното ткиво. Што е тоа што треба да го исечеме или кој е тој сеедно - Дај кажи да се договориме кого да отепаме... Smiling
    (волан 21 Јуни, 2006 - 21:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • За отепуење нема договор. Идеме и бам-бам! Eye-wink
    Ако се договараме после ќе не обвинат за планирано злосторство, т.е. со умисла. Вака, као непредвидено - у афективна состојба Eye-wink Sticking out tongue
    (oksimoron 21 Јуни, 2006 - 21:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • И толку заврши револуцијата - ај сите на спиење Smiling
    А баш се понадевав за акција. Влегов у филм на Слолунските ...
    (волан 21 Јуни, 2006 - 21:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Доза хумор, де. Smiling Ај се троа посериозно Eye-wink
    Неопходна е јасна поделба на бизнисот и политиката. Да се издвојат бизнисмените од партиските листи, од кабинетите, од министерствата - и да се насочат во приватниот сектор. Ако ги бидува, ако навистина имаат знаења и вештини (како шо сакаат тоа да го презентираат на државна сопственост)можат да бидат успешни и без политичка инволвираност.
    Оние кои веќе имаат приватен бизнис и добро им оди, не можам да ги сфатам шо бараат у политика. Зар ќе ги запостават своите бизниси за да седат у парламент и стискат дугме прозевајќи се?! Сигурно пратеничката плата не е повисока од нивните заработувачки со кои обезбедуваат плата и за одреден број вработени кај нив. Значи - нешто друго е посреди Eye-wink Желба за моќ, за власт. Но превидуваат нешто - така се распрснуваат и не се ефективни ни за државата ни за нивниот бизнис, а најмалку за народот кој ги избрал
    (oksimoron 21 Јуни, 2006 - 21:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А Еутаназија..мило..с(м)рди..ееее (anaveno 21 Јуни, 2006 - 23:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еутанзија применуваат тие, Имроко, не умртвуваат со манипулации од милосрдие, за да профитираат од нашата зомбифицираност. Ем политичка, ем бизнис еутанзија ти е тоа...
    (oksimoron 22 Јуни, 2006 - 00:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, as usuall, интересно Eye-wink
    Па од кај сакаме рајава да има поим од инвестиции? Сме се собрале, играме демократија, си уживаме. До вчера бевме задоволни со „Друже Тито“ и одмор на море,а денес се колнеме у демократијата и капитализмот.
    А бизнисот и политиката одат заедно. Тоа е факт. Ако не е така, тогаш кажи ми како одат земјоделството и политиката, или не знам, литературата и политиката? Тоа што на нас ни фали е организација, систем, владеење на право. Тоа е феномен кој нема да ни се случи барем до следните 20 години.
    (iacovibus 22 Јуни, 2006 - 09:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Делумно се согласувам со тебе Iakovibus.
    Точно е дека политиката и бизнисот се поврзани. Политиката мора да е поврзана со сите сфери од општеството, на сите нивоа, во сите релации, на секој начин... за да умее да ја исполни својата задача- балансирање и овозможување на развој!
    Мене постот не ми беше за поврзаноста(дали треба или не) туку за НАЧИНОТ на поврзување и зависно-последичната релација која директно произлегува од истиот. Кога бизнисот вложува во политиката, тој очекува нешто за возврат. Колку потајно вложува, толку поконспиративни се очекувањата. За јавноста, де - оти тие самите си се начисто и се им е јасно. Smiling
    Политиката треба да обезбеди услови за пристоен живот на сите граѓани, без оглед на нивната дејност. Значи, им се дава доверба да го покачат, одржат и сочуваат стандардот. Е коа тие се ставаат у зависна положба од бизнисот, само се наметнува филозовското прашање „ Кој ќе не чува од чуварите?“ Eye-wink Smiling
    п.с. ми се допадна твојот пост. Глеаш-и за тебе е ФЕНОМЕН политичката состојба во Македонија Eye-wink
    (oksimoron 22 Јуни, 2006 - 18:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во право си.
    Но тогаш се наѕираат нови прашања:
    а)„Политиката треба да обезбеди услови за пристоен живот на сите граѓани, без оглед на нивната дејност. Значи, им се дава доверба да го покачат, одржат и сочуваат стандардот
    Граѓаните треба да ја користат политиката, и правото на глас за самите себеси да си оезбедат услови за пристоен живот. Доколку чекаат од политичарите, отидовме (како што впрочем и отидовме).
    б) Доколку се анатемиса пријателството меѓу политиката и бизнисот (или начинот на кој тоа се прави) доаѓаме до дефиницијата дека лоби групите, како и групите за промоција и притисок се еден нов вид на легализирана корупција (copyright, моја дефиниција Eye-wink )
    Дали тогаш не се разнишува целосно нашата капиталистичка демократија?
    (iacovibus 22 Јуни, 2006 - 20:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • б) Доколку се анатемиса пријателството меѓу политиката и бизнисот (или начинот на кој тоа се прави) доаѓаме до дефиницијата дека лоби групите, како и групите за промоција и притисок се еден нов вид на легализирана корупција (copyright, моја дефиниција )
    ___________________________________________________________
    Има поконкретен израз - олигархија Eye-wink
    (oksimoron 22 Јуни, 2006 - 20:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Токму така Eye-wink
    (iacovibus 22 Јуни, 2006 - 22:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Баш поради ова сите партии се исти...Сеедно е кој ќе победи, потполно сеедно.(hazel_figurine 24 Јуни, 2006 - 17:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Hazel....Ја знаеш онаа рекламата за сокови „Не е сеедно“? Eye-wink
    Никогаш ништо не е сеедно, но ако размислуваме така - ќе биде! Апатијата не носи прогрес.
    (oksimoron 24 Јуни, 2006 - 21:09 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment