Македонската жена е модерна жена. Има француски маникир и бразилска депилација. Чекори во италијански чевли, а вози германски автомобил. Учи да игра аргентинско танго. Сонува американски сон. Се негува како египетска кралица.
Македонската жена е и вешта жена. За свечености редовно приготвува руска салата и морски специјалитети, па ги сервира на шведска маса декорирани во јапонски стил. Засладува со швајцарска чоколада и тирамису. За интимни вечери подготвува лазањи или шпагети Болоњезе.
Се интересира за уредување на домот според Feng-shui. Тајно пазари во кинески шоп.
Македонската жена е горда и еманципирана. Празнува 8ми март со шопинг во Солун. Нејзе грчката политика и е шпанско село. А таа сака шпански серии. Пие турско кафе додека ги гледа. Додуша, во последно време има замена на потеклата на кафето и на серијата. Но суштинска разлика нема.
Македонската жена е светска жена.
Жена со големо Ж.
Спорна е само придавката пред него.
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.mk на
март 1, 2010 23:03
Коментари:
башка, излегува во ирски паб а негува англиски хумор