Saturday, April 05, 2014

Кризирање

Од како паметам за себе, постојано сме во некаква криза. Како дете во социјализмот, кризиравме од аспект на  демократијата и слободното изразување. Потоа почна да се распаѓа Југославија, па дојдоа воените кризи. Крвави, братоубиствени. Се утврдуваа меѓите на нивите. Со осамостојувањето на Македонија се соочивме со куп кризи... те економска, те внатрешно-политичка, те етничко-толерантна, па воена, па коалициски еден куп.... а покрај сите, остана најизразена кризата на идентитетот - никако да излеземе од неа до ден денешен!
Дури ние така со години се давиме во сопствените кризи, не зафати и глобалната економска. Чекајте малце, бре!  Нас сеуште не тресе транзиционата криза. Ни ваму сме ни таму. Немаме време  ние за оваа криза на капитализмот. Иако сме истренирани за преживување во секакви кризни ситуации. 
Туку, мене деновиве ме мачи една дополнителна, незадолжителна криза. Пушачка. Е, до тука се трпи веќе! Пукна кризирачкиот дух! А бе, ни ги забранија сите места за пушење! Нема каде да запали човек цигара! Се криеме како во средно школо, стануваме принудни дисиденти, а не третираат како криминалци од најтежок вид! Си правам фишек од хартија и соучеснички се организирам со преостанатите „неподобни“ личности во своето опкружување. Си чуваме стража, се пазиме едни со други. Заговорнички. А стануваме нервозни, раздразливи, несконцентрирани... ма, сите симптоми на кризирање доаѓаат до израз! Башка чувството на граѓани од втор, трет.... последен ред! Нека тоа, ами послабите по (пушачки) дух почнаа да ја предават каузата -отпаѓаат како зрели круши еден по еден, преминуваат од другата (непушачка) линија. Се помалубројни стануваме.... 
Еј! 
Додека цигарите се легален производ кој може да се најде на сите продажни места без никакви потрошувачки ограничувања - бесмислени стануваат вака ригидните забраните за нивна употреба. Ако државата не сака да се откаже од акцизите и даноците платени од уживателите на овој легален порок - тогаш мора да се потруди да им обезбеди  барем минимални услови во вид на обележани простории за пушачи. А не, исфрлени на улица, како отпадници. Ај, ако канцелариите ти се на приземје, ами оние кои работат на 15-16 кат.... сироти они... Каде се нашите (пушачки)права, бре?! 
Јас разбирам дека цигарите се штетни по здравјето, и им благодарам  што се грижат за моето здравје па со ваков притисок се обидуваат да ме натераат да се откажам од нив. Но, штетни и незадолжителни (баш како и цигарите) се и гумите за џвакање, гумените бомбони, чоколатцата.... непотребни шеќери и масти.... ќе донесат ли забрани и за нивна употреба? Надополнети со насока да не се шлапка со устата додека се конзумираат? Или, прво ќе не сотрат нас пушачите, па коа ќе преминеме на овие џвакачите и шлапачите - тогаш нови забрани? Ниво по ниво.  До Гаме Овер. Па кој ќе преживе ќе раскажува. Ако не биде забрането и раскажувањето, де 
И,  ако веќе се грижиме толку за здравјето на луѓето... што со стресот на работа од наметнати нереални темпа?! Да не го спомнувам и стресот на невработените - убиствен е!
А цените на производите? А парите за рекламите? А нерешениот проблем со името? А дупките на улиците? Расипаните семафори? Глобалното затоплување?  Затемнувањето на месечината? На баба чорапите? А? А? А? 
Сте ми се фатиле тука за цигарите... да ми се фатите за..... Аааааа, кризирам!


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 4 Ноември, 2008 - 15:25

Коментари:
  • кути бре, како на некој да му одговара постојано да кризираме.
    (egej-kostur N 4 Ноември, 2008 - 15:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јееееееееееее! ОКСИ да се прогласи за пушачка на годината! Smiling
    (Бунка 4 Ноември, 2008 - 15:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • И јас сум пушачка али не ми смета тоа да се забрани пушењето. Тоа колку е добро за нас толку е добро за децата кој не се пушачи, а ние ги труеме со цигарите, а плус и плус размислете ИЛИ СТАВЕТЕ СЕ ВИЕ НА МЕСТОТО НА ЕДНО БЕБЕ ДА ВИДИТЕ КАКО ИМ Е НА НИВ. (srnicka 4 Ноември, 2008 - 15:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се чувствувам како дива ѕверка за отстрел, додека пушам на работа...секој момент може да наиде некој инспектор и да ме казни. А зашто го садат, зашто го откупуваат монополите, зашто ги произведуваат и легално ги продаваат. Колку луѓе живеат од цигарите и колку пари се прелеваат по џеповите и во буџетот токму од нас пушачите. Нека одредат кафеани за пушачи. Ако може хомосексуалците да уживаат некакви права, зашто да сме ние граѓани од втор ред?
    (partik1 4 Ноември, 2008 - 15:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • јас кога пушам во град, си тресам у рака да му ибам...Smiling...
    (egej-kostur N 4 Ноември, 2008 - 15:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • решението е многу просто ... престани да пушиш ... се` од тебе зависи ...
    поздрав и имај здрав и убав ден без цигари ... Smiling Eye-wink
    (волан 4 Ноември, 2008 - 15:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Волан не треси зелени пеплишта. Smiling
    (Бунка 4 Ноември, 2008 - 16:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Одлично, секоја чест, барем некој да ме брани. Замисли што зборуваат, ние сме им ја загадувале околината,а не окта,железарница,термоелектраните и многу др.,и замисли мене ќе ме казнат со 50 евра, а колку ли треба овие другиве загадувачи а. Се добивало рак од цигари, свашта, а што се добива бе од разните конзерванси,адитиви и др.токсични материи кои секојдневно ги конзумираме преку храната. И што по кафеаните 30% места за пушачи, кога внатре се 90% пушачи,веднаш да се мења тој закон со внесување на амандман кој ќе гласи: член 1 Секоја кафеана задолжително да истакне на видливо место "забрането пушење" или "дозволено пушење",во целиот простор на кафеаната. член 2 Одлуката за забрането или дозволено пушење ја донесува раководното лице на кафеаната. Па повелете, кој во која кафеана сака, фер нели Е ова е демократија и подеднакви права за сите,односно безкризно општество, ама јеби га да беа сите паметни како мене и како мн.др.пушачи, кризите одамна ќе беа минато свршено време (george bush 4 Ноември, 2008 - 17:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • тој закон треба да се преименува во следнава парола:
    "Пушачи, марш надвор! Курви, марш внатре!" Smiling
    (наш познат блогер 4 Ноември, 2008 - 17:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • според најновите дополнувања на законот од 27 октомври институцијата плаќа 2000- 4000 евра, одговорното лице 1500, а прекршителот 50-150 евра. Под претпоставка да сум човек фирма, ќе ми се фати близу 6000-7000 евра. Со добар адвокат кој помалку би ми побарал, полесно ќе поминам човек да убијам Sad
    (seelenluft 4 Ноември, 2008 - 18:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • колку е само убаво кога си непушач... Sticking out tongue Sticking out tongue
    (Јофе 4 Ноември, 2008 - 18:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А јас како непушач? ме фаќа криза од димовици у моја близина, за ова шо прајме? (Пере 4 Ноември, 2008 - 19:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • “ Ќути , жити се“, ај да не се пуши кај што има непушачи, ама скроз да се забрани е сосем неправедно. Барем просторија за пушење да се дозволи ! Баш кризирање !(ха,ха) Smiling
    (читателката 4 Ноември, 2008 - 20:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • мене па ни дома не ми дават да запалм една цигара, кој ке ги слуша после да зборат и држат лекции, ова ке ти биде, она ке ти биде, па морам надвор да излезам во двор и со мачките да си правам друштво...Sad...
    (egej-kostur N 4 Ноември, 2008 - 20:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Од дома никој нема шанса да ме истера, да пушам на тераса...дома јас сум си цар и што сакам праам.
    (partik1 4 Ноември, 2008 - 21:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Партик, потивко бе, ќе те чуе жена ти!
    (novajlija 4 Ноември, 2008 - 21:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • egej-kostur N,
    а бе од тоа ќутење до тука втасавме....
    Бунка,
    Im a joker Im a smoker Im a midnight toker ..... Smiling
    Срничке,
    не станува збор за пушење пред деца, и јас сум против тоа. Законот до некни си беше арен - пушачите имаа посебно обележани простории за пушење каде не сметаат никому. Е сеа - И НИВ ГИ УКИНАА!!!! Затоа е кризава Eye-wink
    Партик,
    се промовира нов вид на дискриминација..... стануваме жртви на никотинска дискриминација! И како после „да си го ослободиме срцето“, бе? Smiling Smiling Smiling
    волан,
    не престануваааам! Ќе се борам до крај, до последниот дим Laughing out loud Smiling
    george bush,
    eeeee, ама и тебе те сменија.... Обама нека му ја мисли сега Sticking out tongue Laughing out loud
    Ненад,
    ај макај си од крајот. Начека да пукаш сеир сеа..... Sad
    seelenluft,
    хм..... мхм..... ама лесно оди паметот накај убиствени мисли кога кризира човек, нели? SmilingSmiling Smiling
    Јован,
    ок. лесно е кога ти е убаво. на мака се познаваат јунаците, бе!
    Пере,
    убав на тетка Smiling Е, шо праиме, де? Има чаре - подалеку од димовиците! Eye-wink
    читателке,
    викаш „иста сорта сме“? Smiling
    е, па за тоа е и зортов - сакаме просторија каде ќе можеме на раат ЛЕГАЛНО да се труеме! Eye-wink
    егеј костур,
    м‘чи.... ептен гревче си бил па ти....
    Партик,
    а бе, на сите можам да им пркосам, ама пред син ми ведам глава и без приговор одам на тераса. Љуби га мајка Smiling
    Новајлија,
    потивко и ти, де... и да не го слушнаа, го издаде ти со тоа извичникот на крајот Smiling
    (oksimoron 5 Ноември, 2008 - 19:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А таман мислев да ги откажам. На инает ме фатија сега мме. :) (RIBARO 5 Ноември, 2008 - 20:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јас ги откажав цигарите одамна.Сега сакам само да си гледам сеир кога ќе слушне жена му на Партик Eye-wink
    (novajlija 5 Ноември, 2008 - 20:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси,
    гледајќи ве како се мачите и кризирате...јасно ми е дека сеуште нема да го осетам кликот во глава...АЈ ДОСТА БЕШЕ СО ПУШЕЊЕ Smiling
    Рибар, да те поздравам, издржи, не ги откажувај Smiling
    (Леонова 5 Ноември, 2008 - 20:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Рибаро,
    таман Smiling ма, @#%^(*&#@%&* шо би рекол Чико,другар му на Загор Eye-wink
    Новајлија,
    и ти сеир пукаш а? а бе, вие бившите пушачи сте најопасни.... Sticking out tongue Laughing out loud
    Леонова,
    допрва ќе формираме ние здружение за заштита и меѓусебна подршка на пушачите Eye-wink SmilingОни на нас.....
    (oksimoron 5 Ноември, 2008 - 22:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Те разбирам исто толку колку што ги разбирам и кутрите непушачи што без нивна волја досега пасивно си пушеа во заедничките простории. (Filipko 5 Ноември, 2008 - 22:31 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Точно Оксиморон,не случајно велат Бог да те чува од оној кој ги откажал цигарите,тој на своја душа што може да и стори,а не пак на туѓа Cool
    (novajlija 5 Ноември, 2008 - 22:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Filipko,
    не станува збор за заедничките простории, де Eye-wink
    одамна веќе не пушиме во присувство на непушачите (освен ако тие сами доброволно одберат да се „трујат“ дружејќи не во нашите обележани простории). И така не ни беше лесно, ама се трпеше некако. Од некни, од 1ви ноември, ги укинаа и „просториите за пушење“!!! Затоа е нервозава.....
    Новајлија,
    м‘чи не лафи.... стра ме фаќа.... не за друго, туку оти баш БОГ треба да не чува Smiling Smiling Smiling
    (oksimoron 5 Ноември, 2008 - 22:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ...ма тоа е француска поговорка,ама не ја знам оригинал...
    (novajlija 5 Ноември, 2008 - 22:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • И сега ко пубертетлии ќе се криете по вециња?Е,јас само тогаш пушев и да знаеш што ми е мило кога ќе се сетам на тие времиња.. (Filipko 5 Ноември, 2008 - 23:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Лоше вријеме за нас страсне пушаче
    Поздрав
    З
    (zoriv 5 Ноември, 2008 - 23:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Новајлија,
    француските поговорки се кажуваат само во оригинал Smiling
    Филипко,
    а бе, таман решивме да излеземе од пубертет и да се правиме возрасни - ни го вратија чувството на пубертетските доживувања. Smiling
    Зорив,
    од сеа комуницираме преку димни сигнали, по индијански пронцип Eye-wink
    (oksimoron 6 Ноември, 2008 - 07:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ааах, абе и просториите каде што сега ви е досега дозволено и тоа треба да ви се забрани. Зарем не знаете дека Македонија е земјата со најголеми пушачи во цела Европа? Тоа не треба да ве загрижи? Викате, грдо е, ама навикнати сме.. бла бла бла бла... Пак голема работа ако сте биле навикнати, морате на сите околу вас да им досаѓате со тој смрдлив чад од вашите посрани цигари и да им го загрозувате здравјето? Дали вашето дете кога ќе види како вие пушите, ќе земе добар или лош пример од вас, неговиот родител? Па како да ве послуша потоа, и да не пуши, а вие тоа истото го правите?
    Викаш стресот на невработените, ОК, не сум бил вработен, се уште сум средношколец, ама си имам и јас денови кога сум нервозен од X причини и, што да правам? Одам да играм фудбал ако најдам другари, ако не најдам се туширам дома и спијам или исфрлам нервози на интернет - што мислам ќе се согласите е многу подобар начин за исфрлање на нервози.
    Друга работа, парите што ги трошиш на цигари и на слични пороци, дали може да се искористат на друг начин? Дали може да се заштедат и со нив да се купи нешто што ќе ве израдува самите себеси, или вашите блиски со што ќе постигнете среќа во душата? Јас мислам дека можат.
    Последна работа, а тоа отпушоците? Тоа не те нервира кога одиш по улица? Има улици целосно чисти од „обично“ ѓубре, ама полно со отпушоци ваму во Кичево. Дали тоа изгледа добро? Колку пожари се постигнати од такви несовесни луѓе? Па добога, јас фала богу спречив еден пожар пред една година кога се искачував до Крушино и пожарот само што не се распламтил доволно за да ја изеде планината. Ај погоди од 3 пати што беше фрлено тука.
    Ова се сѐ стари „финти“ ама ако ми дадеш разумен одговор на сите нив ќе бидам задоволен.
    Поздрав.
    пс. Не ти го сфаќам она:
    Јас разбирам дека цигарите се штетни по здравјето, и им благодарам што се грижат за моето здравје па со ваков притисок се обидуваат да ме натераат да се откажам од нив. Но, штетни и незадолжителни (баш како и цигарите) се и гумите за џвакање, гумените бомбони, чоколатцата.... непотребни шеќери и масти.... ќе донесат ли забрани и за нивна употреба?
    Зарем ако други работи се штетни по здравјето (за чоколадата или гумените бонбони и нема кампањи низ светот да се забранат како што има за цигарите, или има па јас не сум знаел), односно помалку штетни од здравјето, и тие не се забранети треба да претставува оправдување зошто не треба толку строго да ги забранат и цигарите?
    (Miladinoski 6 Ноември, 2008 - 21:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, ја разбирам твојата криза, ама разберија и ти нашата. Како ни беше нам кои не пушиме, ама од колегијалност моравме да се дружиме со вас, пушачите. Ајде сега и вие бидете колегијални, па направете пауза, барем од здравствени причини.
    Знам дека џабе зборувам, само да те поздравам Smiling
    (KLIKER 6 Ноември, 2008 - 23:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, и јас ги сакам своите деца, ама си палам дома...во моментов ми чади Босот.
    Новајлија, абе не смее да ми зуцне!!! Она мене?!
    (partik1 6 Ноември, 2008 - 23:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Миладиноски,
    и тие простории кои ги користевме досега за да не им пречиме на другите додека пушиме - ни ги забранија.
    Немој со муабетиве, сум ги чула безброј пати.
    Се ми е познато, сите аспекти се опфатени и сите финти употребени за да ми докажат колку се штетни цигарите. Ама, колку поголем е притисокот - се постигнува сосем спротивен ефект Smiling Цигарите ќе ги оставам кога ЈАС ќе посакам да ги оставам. АКО посакам.
    Колку за утеха, никогаш не фрлам отпушоци зад себе, ниту на отворен простор - против тоа сум исто колку и ти, иако сум пушач. Не пушев за време на бременост ниту додека ги доев децата. Дома си имаме одредено во кои простории можеме да запалиме цигара а во кои не. Значи, правилата за заштита на другите се испочитувани. Е, сега... што е со моето право да користам легално произведен и купен производ и да не сметам никому со тоа?!
    (лееј, дојдов во фаза да се правдам.... ептен лоша е состојбава) Laughing out loud Smiling
    Иначе, тоа што те буни на крајот... не се секирај, само иронична компарација е. Немој ти се вака буквално, црно-бело да глеаш - ослободи си го срцето, бре! Smiling Smiling Smiling
    Кликер,
    ех мила.... вие непушачите имате избор - да пиете кафе со нас во „нашите“ простории или на било кое друго место. Ние немаме таков избор. Поздрав Eye-wink
    (oksimoron 6 Ноември, 2008 - 23:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Партик,
    леееј, а бе ти многу лош си бил?!
    Сепак послушај го Новајлијата... потивко малце (за секој случај, де.... нуму после она тебе па ти тажен) Eye-wink Smiling
    (oksimoron 6 Ноември, 2008 - 23:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Шшшшшшт сега влезе...Лош сум ами како?! Треба да се знае кој е газда во куќата!!!
    (partik1 6 Ноември, 2008 - 23:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Убаво велиш, Окси.
    Се фатиле за опашот, а од глават смрди.
    Поздрав, ај по едно да си запалиме.
    (nadezna 7 Ноември, 2008 - 00:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Партик,
    знање имање Smiling
    Нешкова,
    а бе.... со ова закониве почнаа да се развиваат нови болести.... на некои им паѓа притисокот, на други шеќерот, а мане - никотинот!
    Ај, идам на по една интервентна доза за одржување на нивото на никотинот, де Eye-wink Smiling
    (oksimoron 7 Ноември, 2008 - 20:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • леле
    какво кризирање
    4-ти ден без цигара
    ке пукнам
    ајде кога ке помине ова вироза да му и*ам
    (egej-kostur N 8 Ноември, 2008 - 21:53 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment