Saturday, April 05, 2014

Именологија


Од осамостојувањето на нашата држава па до ден денешен, во континуитет сме соочени со оспорувањето на името на нашата држава и барање запреименување. Мојот став по тоа прашање е јасен, сум го искажала низ повеќе текстови на блогов. 12. 3. 4. 5.  Да ја разгледаме сега значајноста на името од еден поинаков аспект, надвор од политичките контексти. 
Името кое го употребуваме за наше претставување во секојдневната комуникација претставува наша идентификација во општествено-социјалните релации. Го содржи во сите наши лични документи (лична карта, пасош, државјанство, возачка дозвола, здравствена легитимација, банкарски сметки, дипломи, уверенија, сертификати...) , иако не сме го избрале самите како наше официјално име. Тоа ни е наметнат избор кој сме го прифатиле без можност за приговор. Уште со самото наше раѓање. Именувањето како идентификација, претставува композит од име и презиме. Двете заедно (но и поединечно) даваат одредени податоци за личноста. На пример полот. Постои јасна, недвосмислена поделба на машки и женски имиња - Александар/Александра, Јане/Јана, Иван/Ивана, Васил/Василка, Ристе/Ристенка, Јордан/Јорданка..... 
Со презимето се пренесува информацијата за потеклото на личноста, т.е. нејзиното семејство. Тоа е поврзувачка нишка со родителите, дедовците, прадедовците. Наследство. Наследувањето е строго дефинирано по машка линија. Тоа дава дополнителен податок и за патријахалните прилики во опкружувањето на личноста. Според презимето, порано постоела можност и од лоцирање на географското потекло, бидејќи некои наставки биле типични за одредени краеви и региони. Но со миграцијата на населението,  информацијата добиена на овој начин изгубила од валидност. 
Значи, нашето име содржи многу податоци за нас. Реални податоци. 
Со развојот на интернетот и креирањето на виртулениот простор, се создаде можност од нови именувања. Е, овде самите правиме избор кое име ќе го употребуваме за наша идентификација во тој простор. Иако виртуелното име нема статус на официјално лично име, и тоа како е лично. Пред се - самите сме го избрале. Како и реалното, исто така и виртуелното име содржи податоци за нас. Тоа можеби не ги одразува нашиот пол или потекло, но ги одразува нашите интереси, начин на размислување и афинитети. Софистициран идентитет. Веќе не станува збор за самото име како формалност, туку за начинот на кој не перцепираат другите преку него. Пораката која сакаме да ја испратиме за нас како личности. Со тоа се префрлува тежиштето во утврдената важност на информациите кои ги содржи името. Нивна нова класификација. Но останува фактот дека името, реално или виртуелно, ја одразува и карактеризира на посебен начин личноста која го користи истото за сопствена идентификација. Секое преименување претставува креирање на нов идентитет. Нови карактеристики. Нови информации. Нови рефлексии. Нова генеза.

- Во прилог на планираната дебата во Точка,  која е во организација наФемгерила. Благодарам за поканата, но нема да бидам во можност да присувствувам. Ова накратко би била мојата дискусија на дебатата.  

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 26 Септември, 2008 - 06:43

Коментари:
  • Уртрински поздрав Окси. Од матемтичка гледна точка, важен е односот именител - именик. Оној кој не` именува, и именуваниот. Самиот збор Именик ни вели дека имаме голем избор на имиња, ни преостанува - листање Eye-wink
    (KLIKER 26 Септември, 2008 - 07:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еднаш на еден блог изразив чудење, како тоа без никој да не тера си избираме никови кои најдобро ќе не отсликуваат. Стануваше збор за никот Лигаф (вака некој мене да ми се обрати, би се навредил,а човекот сам си го одбрал).
    (partik1 26 Септември, 2008 - 13:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси фала за постот и за покажаниот интерес за дебатата.
    (femgerila 26 Септември, 2008 - 13:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Кликер,
    вечерен поздрав до тебе Smiling
    Именителите во математиката кога именуваат лошо му се пише на именикот. Станува се помал и помал. Ја би гласала за содржателите Eye-wink Smiling
    партик,
    не има секакви никови во виртуелниот простор. Еве, мене до пред извесно време ме восприемаа како машко, а одредени личности одбираа да го прифатат мојот ник половично - секој се препознава во некој дел, де Smiling
    Од друга страна, другото блогерско ИД им остава сосем поинаков впечаток а со тоа и поинаку реагираат во конумикацијата. Чудесно влијание имаат никовите Smiling
    Фем,
    темата е привлечна, навистина ми е жал што нема да можам да дојдам на конференцијата. Вака, во обид барем малце да допринесам Eye-wink
    Поздрав, се гледаме Smiling
    (oksimoron 26 Септември, 2008 - 21:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Одличен пост. Поздрав (rus 28 Септември, 2008 - 11:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Убаво, ама замисли да имавме кај нас традиција да добиваме и избираме имиња како индијанските (Бикот што седи, Белиот Облак и слични).
    Ќе имавме блогери со никнејмови како „Блогерот што седи и не може да се логира оти му вика машината - не си човек“ или „Изнервираниот блогер поради too many conections“ и слични имиња.
    Поёздрав Smiling
    (Нено Богдан 2 Октомври, 2008 - 17:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • rus,
    благодарам, поздрав и до тебе Smiling
    Нено Богдан,
    име си е име - какво ни е такво ни е и не си го даваме оти си е наше. А секое преименување, како што е во виртуелниов простор е по ЛИЧЕН избор, никој никого не принудува. Eye-wink
    Досетлива ти e споредбата со Индијанците, ама тоа некако и се трпи....сликовитиот опис.... Туку, замисли да бевме Хавајци или Мексиканци - ти текнува на имињата на Чико (другарчето на Загор)? Ќе цркне машината дур преименува, бре! Smiling
    Поздрав Eye-wink
    (oksimoron 3 Октомври, 2008 - 15:13 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment