Saturday, April 05, 2014

Мобинг

Многу малку внимание посветуваме на меѓусебните релации од социјален аспект и негативните појави во оваа сфера кои често оставаат психички последици на личностите. Изразот Мобинг ни се чини како нов и непознат, но кога ќе го разгледаме неговото објаснување  сфаќаме дека таква „активност“ веќе сме забележале во својата околина или ( нажалост) почувствувале на своја кожа. Само не сме знаеле дека се вика така   :)
Текстов во кој е обработена оваа појава е превезмен од блогот Mooshema, само го преведувам. 
 
„Влезен непреведен во лексиконот, но не и во законот - Мобингот претставува појава кога групата од разно-разни причини, се обидува да ја понижи или психички дезинтегрира единката и таа наскоро, наоѓајќи се во наметната изолација почнува да трпи  одредени психички и емотивни проблеми.
Што е мобинг?
Мобингот е теоретски и практично емоционален терор на групата врз единката. Ваков вид на насилство најчесто се сретнува во професионалното опкружување и во секоја друга ситуација каде постои чувство на припадност кон група  (чопоративност) - политичка, општествена, класна, социјална, етничка... и по правило има реперкусии од сите наведени аспекти во однос на загрозената единка. Во ситуации каде личноста е жртва на мобингот, таа губи секаков јавен интегритет и лична стабилност па станува објект на насилство од групата која потоа тоа насилство го врши без да размислува за потеклото на анимозитетот кон својата жртва, изразувајќи го тој анимозитет и со негативни реакции кон секој облик на социјално изразување на жртвата.
Како  настанува?
За да има мобинг, потребно е да има група и чувство за припадност кон истата. Мобингот ретко се случува во по број мали социјални групи, а најзастапен е кај  припадниците на поголемите групи без оглед на образовните, професионално-стручни или било кои профили на личности.  Најчесто мобингот го започнува еден припадник на групата, по правило оној што има претходно утврден некаков авторитет во таа група кој му гарантира заводливост на почетната идеја, а поради тоа што од некоја своја лична причина се чувствува загрозен од страна на идната жртва. На тој начин, без никаква објективна причина „загрозената“ единка станува џелат на својата избрана и покасно гилотирана жртва.
Фактор време
Неопходно е мобингот да се одржува во правилни временски интервали, за да има разорен ефект врз жртвата. Се појавува или  фрекфентно (повеќе напади за многу кратко време од сите посредници кои прифаќаат и применуваат една иста конструкција за разорување на единката ) или во подолг временски период (константно подгревање на една иста идеја онолку долго колку што ќе биде потребно за жртвата повеќе да не покажува воља за опстанок). За одржување на мобингот доволна е и само една личност која ќе биде истрајна во намерата за уништување на личноста на својата жртва, дури и тогаш кога групата ќе изгуби интерес или најде друга занимација. Таа личност продолжува во секоја ситуација да ја тероризира жртвата и со тоа ја одржува опсесијата за насилство врз единката дури и кога на групата тоа веќе не и е атрактивно.
Жртви.
Ако мислите дека жртви на мобингот стануваат некои слаби по дух луѓе - многу се лажете. По правило, жртви на мобингот најчесто се силни, карактерни,  интелигентни, високо образувани и необично привлечни личности кои со своите особености претставуваат закана за групата, т.е. ги загрозуваат помалку вредните претенденти за водачи на групата.  Парадоксално, но жртвите на мобингот се во многу нешта поквалитетни од своите џелати, и баш тоа е причината за потенцијалниот (а покасно и реален) терор. “
 
Постојат повеќе видови на мобинг, во зависност од начинот на спроведување. Но за тоа другпат. 


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 9 Ноември, 2008 - 13:08

Коментари:
  • Одличен пост ... мобинг на МК блогерај е интересна тема ... чинам дека е присатен ... дури може да се каже дека и е профилиран од некои влијателни кругови ...
    Ти фалат некои линкови ... како и оној од изворниот текст ...
    (волан 9 Ноември, 2008 - 13:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се извинувам одпосле видов дека имаш линк до изворниот текст ...
    (волан 9 Ноември, 2008 - 13:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • мобинг на работа, мобинг надвор, мобинг дома...во секој случај ние сме безобразен и себичен народ...треба многу работа и едукација на оваа тема.
    позз
    (КIМI 9 Ноември, 2008 - 13:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Одличен пост. Штета е што не привлекува големо внимание. Лично сметам дека мобингот во Македонија е застапен прилично, го има насекаде и во приватните но и во државните установи.
    Мислам дека во законот како појава не е обработен, нека ме поправат тие што знаат. Најлошо е што не е застапен ниту како тема во весници и телевизија, малку народот да го разбере и најверојатно многу ке станат свесни што им се случува и како да го препознаат мобингот. Истовремено тоа би ја поттикнало и владата да внесе некој член за мобинг во прекршочниот закон, па народот да знае и кој му се правата во случај на мобинг, кому или каде да се жали во таков случај.
    Вакак како што е сега, многу не го ни познаваат поимот, не можат да препознаат што им се случува, ниту пак знаат што може да направат со тоа. Едноставно оставени се сами на себе.
    поздрав
    (Андреј08 9 Ноември, 2008 - 13:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • На блогот особено. Но не се тие бесчувствителни монструми толку силни колку што ние сме уморни од борбата со нивната глупост. Не застанавме зад жртвата на ниеден напад во последно време им ги предадовме своите пријатели на налетите на нивната мизерија. сега е празно.
    (Killer Dog 9 Ноември, 2008 - 14:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Интересен пост...И овде, кај нас на македонскиот блогерај имаше мобинг, само не знаевме како се вика.
    (partik1 9 Ноември, 2008 - 14:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • мобингот на мак блогерајот е последица на преголемото присуство на Вмровци (се прашувам дали некој е друга партија или барем неутрален) и од егејци ко плевел Smiling
    (lejdi eVaaa braun 9 Ноември, 2008 - 14:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Добра забелешка лепотанке! (GULIVER 9 Ноември, 2008 - 14:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • eva braun lepot… , а каде припаѓаш ти?
    (partik1 9 Ноември, 2008 - 14:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ма дај Мобери зар Јуракот, Геррилата, Букарски,Јанко и секој кој крвареше на овој блог и остави томови тука и не и се приклучи на блог глутницата беа линчувани од партии, неееее. Тие се мезе за нешто уште пострашно-непродуховените домаќини кои дојдоа да си отворат крчма во ова што некогаш претставуваше слободна територија.
    (Killer Dog 9 Ноември, 2008 - 14:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ееее, шо јунаци биле па и ти штом се исплашиле од непродуховени домаќини и си дозволиле да станат нивно мезе, нивни толку лесен плен Smiling Кај била нивната отпорност тука Sad
    (lejdi eVaaa braun 9 Ноември, 2008 - 14:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • партик, во името ми пишува кај припаѓам ја Smiling ете читај Eye-wink
    (lejdi eVaaa braun 9 Ноември, 2008 - 14:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • За другите што ги наброја Killer Dog не знам... бев сведок и во некоја рака учесник во мобингот над Букарски. Иако не припаѓав на групата, тој во мене гледаше потенцијален непријател, поради мојот патриотизам.
    (partik1 9 Ноември, 2008 - 14:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ти ма не те гледам да им се сснеш на некои фигури овде што хараат. Ти фуфка? Имате договор за ненепаѓање или си нивен скаут?
    (Killer Dog 9 Ноември, 2008 - 14:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • кој да им се ссне бе..мене супер ми се некои од фигуриве, да ги барав по лудници не ќе ги најдев вакви погодени Smiling
    (lejdi eVaaa braun 9 Ноември, 2008 - 14:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • да бидеме реални, не обвинувајте никого.Секој блогер си блогира додека тоа му причинува задоволство. а и кавгите меѓу блогерите не се мобинг...и тоа е нивно заедничко задоволство...Ако некој сака да го искористи блогот како неприкосновен личен медиум нема да дозволи опција коментари. Ќе каже што си има, ќе си напише и толку.. а секој кој притиска ко луд на рифреш да види дали има нов коментар, си бара само искра за оган (за расправии) веројатно затоа што му е интересно (lejdi eVaaa braun 9 Ноември, 2008 - 15:21 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси
    Мобинг во мојата организација обично го спроведуваа жени шефови,французинки,неспособни да го завршат тоа што го имаа како задача,љубоморни на секоја жена што подобро изгледа од нив,завидливи на нечиј статус и појава..Абе ужас
    Едната од нив нека биде среќна што не ја пратив во франција со нозете напред...Тоа е неиздржлива средина за работа...
    Од таквите почнуваш прво да се испрашуваш самиот себеси дали си во ред,дали тебе нешто ти фали,дали имаш погрешен однос кон другите,дали си крив ако привлекуваш внимание и имаш аура над себе која те прати насекаде...Откако ќе и погледенш на вистината во очи сфаќаш дека некој упорно се обидува да те уништи и да те згази само затоа што ти си тоа што си, а таа или тој е нула...
    Многу можам да кажам на оваа тема...многу,многу
    (interpreter 9 Ноември, 2008 - 15:28 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Прво-за Мобингот.
    Од мали нозе го чуствуваме, секој некогаш или бил жртва или сведок на мобинг, уште од училишните клупи. Проблемот со малдите е што се повеќе зема замав, а за тоа се највиновни родителите, кои не знаеле да ги научат на основни човекови вредости.
    Второ-за мобингот на Блогерајов.
    Па, не сум баш сигурна за мобингот врз Букар-мислам дека тој беше искомплексираниот кој прв напаѓаше. Да, стојам зад тоа, Искомплексираниот.
    Има некои спорадични напади на блогери, но сепак, тој што ги прави-нека сескрие во земја.
    и Трето-одлична тема, ретко кој ја започнува.
    (nadezna 9 Ноември, 2008 - 15:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Има мобинг и на блогерај...да бидеме искрени до крај
    најмногу го има на работа или пак во училиште на студии и сл...
    (neskova 9 Ноември, 2008 - 15:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Букар сакаше да биде избркан, не знаеше како да си оди сам, и испровоцира се околу себе до тој степен што си ги одзезде сите услови кои му обезбедуваа добар престој овде. Стварно не претпоставував дека толку ќе го разнесат и оние смешни сликички од гугл што ги поврзував со него Smiling не можеше да се снајде како да ми возврати на *ударот* SadИнаку, ми недостига Sad ми се замили Smiling Добар дечко е...само му треба време малку да му слегнат страстите. Ќе се снајде Букар и без блогерајот! Ја го поддржувам, не смее да ни згасне...Smiling
    (lejdi eVaaa braun 9 Ноември, 2008 - 15:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • а мобинг, најмногу има во рамките на семејството (иако не се нарекува баш со тоа име). Како ќе го избегнеш? Кај ќе бегаш од тој мобинг?
    (lejdi eVaaa braun 9 Ноември, 2008 - 15:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • одлична тема..
    само да те поздравам, и да додадам дека има повеќе видови мобинг, но под тој поим се подразбира првенствено малтретирање на работа, изживување...
    го има и во воjската, но таму е донекаде дозволено и прифатливо, за некаква „повискока“ цел...
    се` што ги нарушува хуманите односи, за мене е неприфатливо, и да, обично жртви на мобнинг се најчесто оние единки кои се способни за нешто од оние кои незаслужено држат некоја позиција, и се чувствуваат загрозени од другиот...
    ми се чини, кога би се изградил систем на вреднување според способностите, а не заслугите, ќе се намали и застапеноста на мобингот...
    инаку, мислам дека нема човек кој не може да рече дека некогаш бил жртва на мобинг, а како се справил секој сам си знае...
    обично тоа им се случува на „новајлиите“ во некоја средина, па тоа му доаѓа како вакцинирање... таква е психологијата на толпата, и тешко кој може да се спротивстави на тоа, а да не стане и самиот жртва на тоа...
    работа на свест, тоа треба, и вреднување на способностите и квалитетите...
    ...
    поздрав... Smiling
    (prezviterkozma 9 Ноември, 2008 - 16:14 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • никој и ништо не ми смета од блогериве освен игнорантскиот однос на одговорните кон некои крајно девалвирачки и гадни постови за Тоше Проески, какви што објавува оној ропакон Фуфандор и претходно уште еден дрогиран и мрачен, му го заборавив блогот . Цела една нација се согласила околу една Вредност и Величина, па затоа основачите на блогерајов не смеат да му дозволат на шупливи поединци на таков начин да се исмејуваат со младата ѕвезда, која генерално земено, важи за љубовта на нацијата...веројатно би требало да има некаква, барем минимална, контрола врз блогерајов...а не само за една и единствена своја обврска да ја смета изборот за на насловницата
    (lejdi eVaaa braun 9 Ноември, 2008 - 16:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • кога јурак го уредуваше блогерај секој втор пост беше за него шо не е лошо, ама беше против него.
    смрт за моберите! Laughing out loud
    (смрт за моберите 9 Ноември, 2008 - 16:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • да бе кој се не пишуваше против него. Виолетова, Енциклопедија, евнухот Деди ма цели блогови се отвараа против Јуракот. лудница еј! (eliot nes 9 Ноември, 2008 - 16:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • имаме една група луѓе собрани во политичка партија кои себеси се нарекуваат елита, а своите противници ги нарекуваат сељаци...
    Дали е ова мобинг?
    (fga 9 Ноември, 2008 - 17:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • не сум била сведок на тој турбулентен период кога имало такви силни бранувања против уредништвото на Јуракот Sad мене зоки спијач најмногу ми се допадна, се зезаше онака башSmiling и немаше никаква тензија
    (lejdi eVaaa braun 9 Ноември, 2008 - 17:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • леле мори лепи цел ден си на блогерајов
    остај малку да дишат луѓето
    секаде тебе те и9ма
    во секоја манџа зачин стваш
    аман од тебе
    (egej-kostur N 9 Ноември, 2008 - 17:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • а бе денес е недела, ден за дома и за манџи правење;-). а ти што бараш цело време по мене ( не врескај за еден саат излегувам Smiling )
    (lejdi eVaaa braun 9 Ноември, 2008 - 17:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • фала ку*цу
    (egej-kostur N 9 Ноември, 2008 - 17:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • е баш погоди е-гејче. фала нему Eye-wink
    (lejdi eVaaa braun 9 Ноември, 2008 - 17:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • па затоа си нервозна цел ден, само пиштиш
    изгледа многу ти недостасува
    тешко тебе и на тие околу тебе во климакс Smiling))
    (egej-kostur N 9 Ноември, 2008 - 17:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • де бре па ти уште за еден саат дигаш паника. ќе биде Eye-wink
    (lejdi eVaaa braun 9 Ноември, 2008 - 17:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еве во дневниот весник весник Шпиц се обработува темата ШИКАНИРАЊЕ и МОБИНГ http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=320&ArticleID=13356 Мислам дека треба да се санкционира оваа нездрава појава, што побргу, тоа подобро. (frlacmkd 9 Ноември, 2008 - 18:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Од цела Европа, само Шведска има прав анти-мобинг закон.
    Така барем стои на линкот Mooshema, од каде е горното рпевдено
    http://www.politika.rs/index.php?lid=sr&show=pogledi&part=list_reviews&int_itemID=59826
    (Ajax 9 Ноември, 2008 - 18:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Имаме уште километри за одење до мобинг. Овде основни права не се почитуваат, работноците на градиличте немаат кациги, платите каснат, непријавени колку сакаш, семејно насилство у пораст..... вие до мобинг стигнавте. (shakespeare 9 Ноември, 2008 - 19:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мобингот е присутен секаде.Присутен е и тука.Блогерајов не може да пркне како медиум поради мобингот.Букарски не е жртва на мобинг,ами на неговиот личен избор да ја расфрла енергијата во расправии.Жртва на мобинг се новодојдените автори на квалитетни постови кои не можат да добијат афирмација поради затвореноста на одредени самозадоволни групи што секташки се читаат и допишуваат само во сопствената секта и кога ќе добијат шанса да го уредуваат блогерајов меѓусебно си делат проклето предвидливи и објективно неоправдани,трагикомични насловници.Така е и во реалниот живот.Сите се плашат од новодојдените кои со квалитететот би можеле да им ги разнишаат утврдените позиции... (Filipko 9 Ноември, 2008 - 19:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Filipko , во право си...Букарски го изеде сопствениот гнев, а со навредите кои штедро ги расфрлаше си го навлече и туѓиот гнев. Иако цело време ги одбегнував дискусиите со него, се вклучив со свое мислење на крајот, но не припаѓав на некоја договорена група...Не знам ни дали имало организирана група, но факт е дека во тој период се створи некаков фронт.
    А за младите блогери, би рекол дека клановите не им даваат да пркнат со игнорантскиот однос.
    (partik1 9 Ноември, 2008 - 19:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Така е, не сте требале тоа да му го напраите на чоекот, ама ете биднало. Као по правило сите ги слават загинатите херои, кои додека се живи јадат кал. (shakespeare 9 Ноември, 2008 - 20:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Занчи да пазам со коментариве. Ако јадам многу гомна, може и мене лошо да ме снајде од мобинг “секти“ на блогерај. Многу расправање, значи, тешко мене.... не, да си знам ја.. со кого да се закачам со кого не.... некој нека ми помогне нов сум.... (shakespeare 9 Ноември, 2008 - 20:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Прво поздрав до сопственикот на блогот и браво за пренесување на овој текст на македонски јазик. Сигурно е ова блог на некој од посетителите на блогопедија. Не е лошо да и доставиш линкови кој блогови ги следиш. Ако имаат вакви постови навистиа се вредни за следење.
    Е сега за темата.
    Неверојатно е желбата на блогерајов за чопоративно поврзување и дискредитирање во хиенски групи на одредени поединци. Тоа го имам осетено лично во повеќе наврати на свој грб...овде на блогерајов, а тоа не се разликува ниту во секојдневието.
    Има неколку групи на блогерајов, една е тн. патриотска групација која ги осудува сите на блогерајов кој и најмалку се обидуваат да размислуваат поинаку, друга е една за мене најгадна хиенска групација која ни сама не знае како е настаната, можеби дури и според местото на живеење, која ги исмева иронично и со лош хумор сите индивидуалци кој се обидуваат нешто повеќе да сторат.
    Има многу други групи. Има и такви кој се политички организирани и подтикнати да шиканираат поединци...ма има се и сешто.
    На нашиот народ му е во крв да се групира и шиканира. Тоа го имате дури и низ историски примери.Да се сетиме на глумецот Ристо Шишков, поетот Котевски, новинарскиот мобинг е ненадмашен во нашава земја.
    Пример за некролошки мобинг е оној на Партик кој се обиде јавно да го дискредитира одамна починатиот Киш...а сега го гледам се обидува да даде допринос во дискусијава. Неодамна и Кундера беше подвргнат на истава работа откако го прогласија за кодош. Тоа постојано се случува со луѓето кој вредат и нешто прават во животот. Оние кој не се вредни го деградираат токму со оваа метода.
    Нема да згрешам ако кажам дека навистина ми се гади од одредени блогери и типови овде на блогерајов кој и те како го практикуваат мобингот.
    Не е точно дека на блогерајов го нема и не е присутен и дека кој кога сакал може да си оди па затоа го нема. Тоа е најголема глупост. Што праиме ако не сака да си оди. Дали треба да ги трпи сите кои се нафрлаат на него.
    Темата е петка
    Поздрав Окси.
    (Meceto Usko 9 Ноември, 2008 - 20:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Позадина сатанизације другог, често је у примитивној потреби да за наше недаће окривимо неког изван нас
    (Андреј08 9 Ноември, 2008 - 21:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • мобингот е еден прилично добар инструмент на оние кои не можат да се ослободат од
    сопствената племенска свест
    одличен пост, Вероника
    (istoчna 10 Ноември, 2008 - 00:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • викаш тортура , ма  ви се причинува Smiling
    (hemicarot 10 Ноември, 2008 - 01:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Страшна работа ова мобингов! Толку многу луѓе страдаат секој ден од оваа суптилна тортура. Ние, како земја која остварува, мора одма да поставиме законска регулатива што ќе го регулира ова криминално дејание. Еве, јас го предлагам овој член да биде во текстот на законот:
    Секоја група деца што си играат на игралиште мора да го примат во играта секое едно ново дете кое дошло во радиус од 10м до игралиштето. Во спротивно ќе им бидат одземени сите играчки, а за хроничните престапници ќе бидат испратени на веронаука.
    (Змејко 10 Ноември, 2008 - 03:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Meceto Usko, гледам си ме прозвал во врска со Киш... Тоа воопшто не беше мобинг. Јас не го деградирав тотално Киш, туку се задржав само на едно негово дело.
    За да има могинг потребна е група, која на поединецот кој е мета на мобингот нема да му даде глава да крене.
    Замисли дете кое е дебелко и групата го отфрла и постојано го тормози...или некој е жртва на групата затоа што е Евреин,хомосексуалец, црнец... Пример за мобинг имавме кај новинарите врз Љубчо Георгиевски (одреден период).
    На блогерајов имаше и други прекрасни примери за мобинг, кога се сатанизираше некоја личност.
    (partik1 10 Ноември, 2008 - 06:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Имам одамна читано на оваа тема, главно во хрватски медиуми.
    Не знам што повеќе да кажам од тоа дека се' тоа е ништо повеќе од борба, за опстанок, во капитализам или каква и да е џунгла.Sad
    Мислам дека тоа ќе трае во некоја форма секогаш односно ќе му се дава поинакво име, во различно време.
    (Natka 10 Ноември, 2008 - 10:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ух... се думам сега како да ви одговорам... Smiling
    Темава е комплексна и многуслојна Eye-wink
    Мобингот е многу ретко застапена тема кај нас иако често го сретнуваме како појава. Баш затоа и сакав да го споделам текстов со сите вас. И самата сум го почувствувала мобингот на сопствена кожа во првите години од ова вработување (никогаш пред тоа). Делуваше разорно во однос на самодовербата и создаваше чувство на „дежурен виновник“. Неможев да сфатам зошто ми се случува тоа, се прашував каде сум згрешила, дали некого сум повредила, со што сум предизвикала таква реакција. Колку повеќе се трудев да им се допаднам толку посуров фидбек добивав. И, како во текстов, иницијативата беше од една личност а другите како да и угодуваа. Кога ми прекипе и реков „кој ве ебе, шетајте“ , па зазедов игнорантски став и си терав по свое - се се промени. Со тек на време воспоставивме коректен и колегијален однос.
    За воведување на законски одредби со кои би се регулирала оваа појава, би требало темелена анализа и јасни дефиниции. Тешко се докажува мобингот, баш поради (не)пропорционалноста - еден против повеќемина, т.е. единката наспроти групата.
    Немојте со потсмев дека има куп нереализирани права, дека далеку сме од мобингот и слични иронични забелешки. Толку малку добра воља треба за меѓусебна почит. Омаловажувајќи ги другите не стануваме самите повредни. Во никој случај. Вредноста е во тоа да умееме да воспоставиме коректен и другарски однос со околината. Покрај сите разлики.
    За мобингот на блогерајов - тоа што некои блогери им го направија на Букарски, Фемгерила, Мечето, Јуракот (и незнам уште на кој) е класичен пример за мобинг. Криво ми е што некои од нив потклекнаа на нападите и им ја реализираа целта на напаѓачите - па си заминаа. Не е лесно справувањето со моберите но продолжувањето со својата работа онака како што најдобро знаеме и умееме, игнорирајќи ги зајадливците и злонамерниците - делува! Јас би ги повикала да се вратат и покажат дека се поцврсти и посилни од сите мобери!
    И сите ние да се замислиме што предизвикуваме кај другите со нашите постапки... знам дека лично би се згрозила од самата себе доколку некогаш преземам слично дејствие кон било кого. Не правете им на другите она што не сакате да ви прават вам (знам дека е отцртана фраза, ама ебано вистинита)
    Поздрав до сите Smiling
    (oksimoron 10 Ноември, 2008 - 18:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ---->Tолку малку добра воља треба за меѓусебна почит. Омаловажувајќи ги другите не стануваме самите повредни. Во никој случај. Вредноста е во тоа да умееме да воспоставиме коректен и другарски однос со околината.
    Види, девојче, ништо во животот не доаѓа на готово.
    Има работа да се сврши.
    И живот да се живее.
    Ако не можеш да учествуваш, барем не пречи. Оди си. Милом или силом. Full Metal Jacket part 1.
    Ете тоа е (мислам) неискажаниот резон зад мобингот. Што можеме имаме да речеме на горново?
    ----> За мобингот на блогерајов - тоа што некои блогери им го направија на Букарски, Фемгерила, Мечето, Јуракот (и незнам уште на кој) е класичен пример за мобинг.
    Букарски ми напиша мејл во кој со најјасни зборови кажува дека тоа со „фашизмот“ апла немало врска. И ми кажа други причини заради кои си отишол.
    Фемгерила отиде зашто - најде вработување на универзитет.
    Мечето? Секоја трета реченица во дискусија му беше омаловажување на некој.
    (За Јуракот не знам ништо освен дека е океј. Smiling
    (Ajax 10 Ноември, 2008 - 19:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сите лажат ти прав. Или не изиграле со лажни постови и коментари.
    (Коле 10 Ноември, 2008 - 19:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мобингот кај нас го има на ТОНИ. Особено во институциите кои трпат промени на управните структури како која партија ке дојде на власт. Особено изразен е значи мобингот инициран од ПОЛИТИЧКИ причини. НО...се почесто и повеке и оној кој за своја причина има СЕКСУАЛНИ импликации...за нас сеуште тема за која не се зборува, па дури ни размислува. Одрака оди и нашиот законик кој им дава ОПАСНО разрешени раце на УПРАВИТЕЛИТЕ, па се почесто се слуша она...АКО НЕ ТИ СЕ ДОПАЃА...ЗАМИНАВАЈ (POPEK10 Ноември, 2008 - 22:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ееее немојте да сте такви . не така оддамна пред некој месец
    ја бев жртва на мобинг заради секс меѓу мој такознави шеф и колешка...ама за таков мобинг ич не треба да се лутиме. Сексот да е присутен, не е важно на кој начин SmilingПодржувам таков мобинг, макар спреведен преку мој грб Puzzled Smiling
    (lejdi eVaaa braun 10 Ноември, 2008 - 22:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Време е некој да ја убие оваа. Сите мужи се помочаа од страв. Ма дај некој нека ја опомене официјално!
    (Кристи 10 Ноември, 2008 - 22:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ја ќе ја убијам. кажи само која Eye-wink
    (а бе еј, за закана со убиство знаеш кај се оди, така? Smiling )
    (lejdi eVaaa braun 10 Ноември, 2008 - 22:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А зошто го користите извитоперениот „мобинг“ ко во речникот имаме неколку синоними за опис на појавата? не е дека енглезите го измислија - напротив, можат да учат од нас.(мирјана 11 Ноември, 2008 - 19:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Тоа што се случува на бло воопшто не е мобинг.
    Инаку сите тие, некои посебно Eye-wink, си се вратија или ќе се вратат како попчиња.
    За жал, на блогов има многу луѓе кои трагаат по слава и ако не можат на паметен начин, спремни се да ја добијат со простотилак. Можноп ли е да си жртва ако секој зборти е навреда за некој?? Па не.
    Ич да не ги жалиш. Си имаат тие свои причини што тука трагаат по внимание. Не оспорувам дека имаат квалитети, но дека се никакви се.
    Животот е таков каков што е и никој не може да очекува сожалување. На крајот на краиштата секој треба да си го најде своето место и да се избори. Постојат многу начини. Некои ставаат силикони, некои се глупираат, некои навистина се родени за водачи, некои за лузери, некои едноставно носата смечни чевли итн. Секој како знае и умее.
    Почит е збор кој секој воспитан Smiling треба да го знае, но...
    Сево ова не важѓи за екстремните случаи.
    (AlenAlen 13 Ноември, 2008 - 19:27 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment