Saturday, April 05, 2014

На екс


Дубењето на глава престана. Вчера и денес СДСМ се на нозе. И маршираат. У строј. Сите за еден, а еден за никаде.
Добро, бре луѓе, што е целава оваа галама поради одземањето на имунитетот на еден пратеник за кого истражниот судија има основано сомнение за извршена злоупотреба на службената положба, а со тоа и противправно стекнување на материјална корист?! Секој еден чесен човек против кого се води ваква постапка, доколку ужива некои привилегии (како што е пратеничкиот имунитет), би требало самиот да се откаже од нив и да ја одбрани својата чест преку стандардните правни процедури кои важат за сите граѓани на оваа држава. А не да се затскрива зад својот имунитет. И да плаче зашто со самата постапка бил „спуштен“ на ниво на обичен граѓанин пред институциите на правниот систем во државата ни.
Се насобраа театрални фаци и со траги-комични гестови изглумија скандалозност до степен на сценарио од евтина шпанска серија. Најпрво со држење во заложништво на целата комисија поради донесената одлука, па фрлање пластични шишиња и остри вербални закани, за денес да организираат митинг пред судот и да бараат претставници од ОБСЕ (еј!) да присувствуваат на распитот на осомничениот. Ова можеби и би поминало на некој филмски фестивал, ама на македонскиот народ доста му е од филмање. Сака да ја знае вистината за тоа со што бил преокупиран министерот за одбрана во 2001 година, кога државата ни беше во некаков недефиниран вооружен конфликт. Дали додека гинеа млади војници, тој си играше бизнис?! Можеби немавме војна, но сепак, постои основано сомнение дека сме имале „воени“ профитери.
И, навистина е невкусно да се провлекува името на Љубе Бошковски како одбранбен аргумент од страна на Владо Бучковски. Бошковски веќе подолг период е во Хаг, со одземен имунитет и испорачан од владата на СДСМ поради основани сомненија за непочитување на етичките кодекси за војување ( во војна која ја немавме) и раководење со службите на министерството за внатрешни работи во периодот кога и Бучковски имаше обврска како министер за одбрана да ја брани државата од вооружени герилци. Но, според пријавите од испитувањето на финансиската полиција – министерот за одбрана очигледно бил зафатен со други „работи“ во тој период. Бошковски е во ПРИТВОР и чека да му се суди. За него не важеше пресумпцијата за невиност. Онаа на која се повикуваат челниците на СДСМ кога им треба ним. Крајно лицемерно е сега, после се што направија да го однесат во Хаг, да се повикуваат на сведочење во негова одбрана како причина за покренување на обвинението за злоупотреба на должност на нивниот екс лидер. На крај на краишта, без оглед како ќе заврши постапката за Бучковски, дали ќе биде обвинет или не, дали ќе биде осуден или не... никој нема да го спречи да отиде и биде сведок на одбраната во судењето на Бошковски. Или, можеби, сведочењето не е причината за обвинението (како што сака самиот да илустрира) туку услов (т.е. уцена) за отфрлање на пријавите против него?!
Беше екс лидер на СДСМ, екс премиер на Р.М., екс министер за одбрана на Р.М., екс професор на Правниот факултет, екс.... ама, ептен му тргна со ова „екс“....

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на  3 Август, 2007 - 20:46

Коментари:
  • Хула
    мисли Хопа ...
    да не се замараш
    онака пингвински
    ..
    ?
    (ХулаХопа 3 Август, 2007 - 20:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • хехе окси,
    знаев дека ќе чкртнеш обавезно нешто за ова.
    нема да коментирам од повеќе причини,
    малку што за некои работи не се согласувам со тебе, малку и поради тоа што бурата уште трае. да видиме како ќе се одвиваат настаниве (а и Боцевски нешто на пресот “кисел“ ми делуваше)
    пс. у Хаг неможат да сведочат осомничени за криминал.
    како и да е, пред правдата сите се исти, екс, не-екс, сеедно
    поздрав
    (istok 4 Август, 2007 - 00:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се сложувам со тебе сестро окси, а ја ќе додадам:
    -тие сепак не биле раскарани меѓу себе, како што градеа слика последнава година (бучко, есад и останати). Која им беше намерата да прикажат дека се во раскол?
    -јавно презентираа од каде иде заканата кон судовите.
    -Бучко не ја доби личната слобода за џабе. Секако дека предаде друг.
    (Латмус 4 Август, 2007 - 01:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Хула,
    не се секирај, ич не се замарам Eye-wink
    Хопа, онака... пингвински реакции на пингвински провокации - права пингвинска ситуација Smiling
    Исток,
    не мора да се согласуваме, важно е да размениме мислења. Секој има различен агол на перцептирање на настаните. Кога ќе се вкрстат различните перцепции - ќе излезе сосем нова Eye-wink
    И, да - пред правдата би требало сите да бидат исти. Затоа не ми е јасно зошто некои упорно се обидуваат да се прикажат поисти од другите а притоа бараат да бидат третираат различно Smiling
    Латмус,
    ма, раскараните очајнички бараа нешто околу кое би можеле да се обединат. Овојпат ги обедини стравот. Се плашат дека нема да бидат повеќе заштитени мечки, дека и за нив ќе важат законите кои важат за „останатите“. Eye-wink
    Демонстрирањето сила пред судовите и нивно омаловажување со барањето на странски мониторинг е притисок врз независноста на судската власт . Притисок кој остава отпечаток за непочитувањето на институциите на системот за сметка на партиските интереси.
    Кога се покренува постапка против повеќе лица за исто дело треба да важат одлуките за сите нив подеднакво. Со неодредувањето мерка притвор за Бучковски се оспоруваат притворите на другите лица обвинети за случајов. Изгледа толпата пред судот ја заврши својата задача. Eye-wink
    (oksimoron 4 Август, 2007 - 19:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ама, ептен му тргна со ова „екс“....
    пак екс..екс..
    во Шутка на секс..
    (секс на екс 4 Август, 2007 - 19:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ооооо кавадарчанке сестро , шо не се имаш кажано до сега, за воа че се караме(freestyle 5 Август, 2007 - 22:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Секс на екс,
    а бе, нуму вака... Шутка не е за таа намена. Велиш, и таму има злоупотреба на затворската положба за стекнување на лична корист ?! Sticking out tongue Laughing out loud
    freestyle,
    зош бе да се караме, ка може другарчиња си бииме? а? Ни ли че се кар‘ме од тулку раја? Да го остајме тоа на друизте Eye-wink Smiling
    (oksimoron 9 Август, 2007 - 15:53 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment