Saturday, April 05, 2014

По патот со облаците


„Не е голем човек оној кој никогаш не паднал, туку тој кој после падот станал и продолжил“ – рекол Ганди.
Ама, не кажал колку пати треба да се падне пред да се „порасне“. Пред да се освои големината. Не кажал ни за „видовите“ на падот како средство. Ниту пак, за злоупотребите негови. Колку ниско може да се падне за да се биде „голем“. Не, не кажал ништо за тоа.
Тргнуваш по својот пат кон соништата. Паѓаш. Стануваш. Ја тресеш прашината од себе. Стегнуваш заби. Ја голташ болката. Продолжуваш напред. До следниот пад. А потоа пак истата постапка. По истиот редослед.
По неколку падови, повеќе не се прашуваш дали ќе боли следниот, туку... дали ќе станеш после него. Доѓаш до моментот кога стравот повеќе не е од падот, туку од станувањето. Ќе можеш ли?!
Со модринки во душата, скршеници на егото, шината идеологија и отоци во разумот.... чекорат духовни инвалиди со поглед вперен во облаците. Ја следиш траекторијата на нивниот поглед. Забележи ја прекршеноста. Забележи го изгубениот правец. И, уште нешто што недостасува. Сјајот во очите.
Застани за момент. Ајде, обиди се да ја замислиш големината. Колку е голема? Многу? Добро. Но, зарем самата мисла за неа не е исто така голема по волумен? Ја собира ли во твојата глава?
Сега си збунет. Се чувствуваш ограничен од самиот себе. Од својата глава. Точно. Таму е проблемот.
Прочитај ја повторно првата реченица. Мислата на Ганди. Помести го фокусот од „голем“ на „човек“. Да. Го имаш клучот сега.
Продолжи по патот кон облаците. Кога го имаш клучот со себе, тие ќе те досегнат тебе.
Не, не е ова цртан филм.

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 8 Август, 2007 - 22:29

Коментари:
  • колку пати треба да се падне...
    тоа е различно за секого...
    зашто, никој не знае како е во туѓите чевли...
    (виолетова 8 Август, 2007 - 23:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не е битно колку пати ќе се падне. Битно е дали ќе има некој да ти пружи рака за да станеш. Еден релативно постар човек, и релативно познат во јавноста еднаш ми рече:
    - Најбитно е во животот да имаш еден пријател/ка кој безрезервно ќе ти помогне кога ти е најтешко. Имаш таков?
    (Бунка 8 Август, 2007 - 23:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, супер пост! Smiling
    Вчера бев малку растревожена, мала утеха од близок човек ми беше потребна за да продолжам. Денес сфатив дека не сум требало да се растревожувам, било сосема само во мојата глава, немало потреба за тоа. Чудно, како понекогаш лесно е да се падне, дури и кога нема дупка или камен пред тебе, а сепак можеби имало камења кои биле прескокнати, но сепак недоскокнати.... Sad
    Поздрав Smiling
    (Natka 9 Август, 2007 - 07:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Написот ти е напишан прво во твојата поетска душа - а потоа си го пренела алеголрично во ликот на окси ... сите имаме таков избор - секојдневно и таков предизвик ... Поздрав ...(волан 9 Август, 2007 - 07:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • виолетова,
    да, во право си мила. Но, не само бројот, различен е и начинот на паѓање Eye-wink
    Бунка,
    имам такви пријатели Smiling Среќна сум поради тоа Eye-wink
    Паѓањата и станувањата се фази низ која сите минуваат. Ама, сите на различен начин ја НАДминуваат Smiling
    Натка,
    се е во главата мила моја, таму се најголемите препреки Eye-wink
    Ти имаш широка душа и не се сомневам дека ќе ги поминеш сите препреки.
    Има еден слоган кој често се користи како совет - „отворете го умот“. Но, кај некои луѓе (не кај тебе, само мала генерализација, де) тоа „отворање“ резултира со испарување. Зависи од % на чистота на мислите Laughing out loud
    Поздрав и до тебе Smiling
    Волан,
    велиш, ми се мешаат ИД-ата?! Можно е, можно...
    А предизвиците ја имаат онаа тежина која ние ќе им ја дадеме со нашиот избор за реакција на истите Eye-wink
    Поздрав Smiling
    (oksimoron 9 Август, 2007 - 15:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ми се чини битно дефинирањето на целта. Издигнувањето над секојдневието и визијата за патот. Тогаш падовите полесно се надминуваат. Инаку лесно се губиме во лавиринтот на набитни воздигнувања.
    (seelenluft 9 Август, 2007 - 16:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Најмногу паѓааат оние кои имаат страв од летање.Оние, похрабрите, слично како Икар, полетуваат еднаш во височините, ги надминуваат човековите сознанија и нивниот пад е фатален, за жал. (KLIKER 10 Август, 2007 - 18:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • seelenluft,
    се согласувам со тебе. Кога целта не е јасно дефинирана - и самиот пат станува нејасен, магловит. А тогаш лесно се паѓа. Eye-wink
    Кликер,
    има скриена порака во твојот коментар Smiling
    Умешноста да се лета тешко се совладува. А кога ќе се совлада, многу е важно да се балансира висината - превисоко воздухот е редок, а прениско постои опасност од заплеткување во гранките и грмушките Eye-wink
    (oksimoron 10 Август, 2007 - 19:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ...се додека занавек не паднеме, во дупкада на нашето постоење...
    (dr. Max 15 Август, 2007 - 23:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Нечии летови се за други падови, како што и нечии падови се за други летови - како што би дефинирале најшколски малограѓаните. Меѓутоа, издржаниот лет и константниот пад пак се погубни за сите нас, оти, кога веќе си горе, се заборава тоа што е долу, и обратно.
    Само држете ги умовите отворени, тие ќе ви ги санираат и претераните летови и претераните падови.
    Интересен пост...
    (Верверичката 18 Август, 2007 - 20:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Битна е перспективата кога се наоѓаш во падната положба... не мора да значи дека е секогаш жабја иако знае да крека. Некогаш крекот жабји е крик за спас кој возобнува... но сé е до слухот и начинот на кој си се преслушуваме себеси без разлика на сé.
    Окси, те следам по патот качен на најфлуидниот облак Smiling
    (RIBARO 19 Август, 2007 - 14:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • dr. Max,
    тоа „за навек“ е паѓањето со духот Eye-wink
    Верверичке,
    летањето бара друштво, додека паѓањето најчесто е осамено. А перцепцијата е променлива во зависност од висината, точно е Smiling
    Рибаро,
    жабја, птичја, човечка.... секоја перспектива си има свои предности и недостатоци. Важно е во секоја ситуација да се биде свој. Eye-wink
    Фала ти, пријателско ведро облаче Smiling
    (oksimoron 27 Август, 2007 - 20:50 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment