Friday, April 04, 2014

Кафка


Во своето дело „Процес“, Франц Кафка ја опишува судбината на една обвинета личност во светот на институциите и нејзината агонија при талкањето низ лавиринтот бирократија. Извонредна алегорија на апсурдната борба на поединецот за зачувување на својот интегритет во машинеријата на инсинуациите и шпекулациите кои се обидуваат да ја разградат личноста. Наметнување на вина за случај базиран на сплет од околности кои заедно креираат димензија на испланиран, координиран хаос. Преку најразлични психолошки методи, со обвинувања и заплашувања, се создава слика на безизлезна состојба во која некој мора да ја превземе одговорноста. Влијанието на насоченото јавно мислење станува погубен скор при пресметката на таа одговорност.
Одредени структури на системот, специјализирани за брзи интервенции, имаа демонстрација на своите вештини. Но не во име на институцијата која ги обучила, туку во име на сопствена суетна реакција - освета заради „навреда на нивната маленкост“. Лицата кои учествувале во нападот на дискотеката „Процес“ треба да одговараат за својата постапка и како цивилни лица и како службеници кои ги злоупотребиле своите овластувања. Неопходна е брза разрешница на случајот. Дали министерката за внатрешни работи на РМ ќе покаже умешност да се справи со ситуацијата и да воспостави контрола најнапред во редовите на својот сектор, па потоа пошироко - останува да видиме. Досега, за краткиот период додека ја врши должноста министер за внатрешни работи, покажа солидни резултати. Фрли камче во вирот организиран криминал за да ја измери неговата длабочина и предизвика површински бранувања. Се надевам дека е добар пливач, оти во случајов нема гуми за спасување. Пливаш или тонеш.
Опозицијата веќе монтира кафкијски процес од случајот „Процес“. Ќе падне ли Јанкуловска во стапицата, како Јозеф К. во делото на Кафка, прифаќајќи ја „играта“ и обидувајќи се да одговара на процедуралните забелешки во продолжена агонија од обвинувања до драматичнот пресврт (прифаќање на вината), или ќе има храброст да делува брзо и решително при спроведувањето на законите, вршејќи ја бескомпромисно својата должност?!

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 20 Декември, 2006 - 23:40

Коментари:
  • Опозицијата сегашна, одсекогаш имала високо-развиена технологија на фингирање на вистината, а и традицијата на тоа поле им е долга, пипците уште подолги, а главата ко на смок, онаа змијата што истовремено дави и цица.
    Озбилни реченици со вискоразвиена технолошка позадина не ми кажуваат, зошто ќе бидат во функција на помагање на развивањето на подлата мисла на опозицијата, сегашна.
    Едноставно е, сфатете ја опозоцијата неозбилно, и така слушајте ја, значи неозбилно, па нема да има никакво фингирање на вистината, сама ќе исплива било која вистина, каква и да е.
    (Бунка 21 Декември, 2006 - 00:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунка,
    неозбилноста на опозицијата е озбилен проблем. Умеат да ги предимензионираат нештата на начин како што ним им одговара. Ама, некако...не се инвентивни во креирањето кризи....се повторуваат исти сценарија. Eye-wink
    (oksimoron 21 Декември, 2006 - 13:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јас велам дека опасно е неозбилниот да го сфатиш озбилно. Сфати го неозбилниот неозбилно и тој сам ќе се удави во неговата бара.
    Скоро исто ама не е исто Eye-wink
    (Бунка 21 Декември, 2006 - 22:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • I have theat book и така (Filozofija 31 Декември, 2006 - 18:37 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment