Friday, April 04, 2014

Комплицирана едноставност


Лесно се класифицираат луѓето кои не ги познаваш. Фигури кои ги дефинираш визуелно. Мериш од око. Монохроматска модулација. Го додаваш и звукот на она што си чул за нив. Површноста е едноставна. Компактна смеса од предрасуди и произволни заклучоци.
Одблиску нештата изгледаат сосем поинаку. Кога ќе се доближиш сосема, се добива впечаток дека се губи компактноста. Со секоја пробиена бариера од недоверливост, со секој чекор поблиску до внатрешниот свет на една личност се рони објективноста. А се диференцира субјективноста. Внатре, во јадрото на тој свет хаотично се движат протоните и неутроните. Мааните и доблестите. Стануваш дел од тој хаос, и без да сакаш. Ги гледаш сите тие дилеми испреплетени помеѓу себе. Те понесува енигматичарскиот дух со потребата за решавање на крстозборот. Помеѓу буквите ги губиш мислите.
Премногу детали, премногу нијанси, светлини, сенки и интерпукциски знаци. Внатре во кругот изобилува со форми на геометриски неправилни фигури втиснати една во друга. Се јавува потреба од оддалечување за да се види појасно. Или се затвораат очите за да се стигне до суштината. Во изолација на сопствените мисли, без влијание на визуелните ефекти. Без влијание на туѓите реакции. Секој на различен начин восприема една иста ситуација. И различно реагира.
Ги фрлам сопствените мисли во воздух и ја подавам раката. Мислата која ќе ја фатам на тој начин ја задржувам. Не затоа што е вистинската, туку зашто таа сум ја фатила. Намерно предизвикана случајност. Импликација на компликација. Па, нека биде што биде...


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 15 Декември, 2006 - 08:41

Коментари:
  • баш те разбирам...
    интересно напишано Smiling
    (gersanina 15 Декември, 2006 - 08:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Едно нешто ми падна на памет додека го читав текстов или таа мисла ја фатив, како што напиша ти. Smiling Дали ти се допаѓа објективноста или субјективноста... повеќе? Дали цениш дека добро проценуваш? Дали можеби мислиш дека е подобро да не се оптоваруваш толку со размислување? Мислам дека така некако ти е привршен постов... или можеби грешам? Smiling
    Мене ми се чини дека никогаш немаме "чиста" објективност, ниту "чиста" субјективност... се е некако добро помешано... Smiling
    Поздрав! Smiling
    П.С. Извини ако сум те разбрала погрешно! Smiling
    (Natka 15 Декември, 2006 - 09:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ми заличуе на Кандински Василиј ...
    фино ...
    (ХулаХопа 15 Декември, 2006 - 09:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вероника ...женски пол ...текстов и личи дека женско го пишувало...само женскиот пол може така да анализира и размислува, а машките???оп-троп како ќе им дојде во моментот,тоа што го мислат е точно...тоа што го гледаат е вистинското... (nesonija 15 Декември, 2006 - 09:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Убаво срочено! Може да послужи како упатство за решавање на проблеми од секој тип: семејни, деловни, љубовни... Потребата да се оддалечиш од нештата за да се согледаат појасно. Ти завидувам на умешноста да ги фрлиш размислите и безрезервно да ја дочекаш првата! Во основа, интуитивно, првата најверојатно е и најдобрата! Секако, со целосна спремност да се превземе одговорноста за одлученото. Дури и со компликации.. (Lucia 15 Декември, 2006 - 10:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Прекомплицирано е за да ве разберат мажите ... затоа толку и ви треба кафе муабет со пријателка ... телефон муабет ... чет ...
    Има нешто што само Вие жените можете да го разберете ...
    (волан 15 Декември, 2006 - 10:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Хахаха, задоволството од врвен муабет кај жени и мажи, дијаметрално спротивно. Комплицираното е едноставно! (Lucia 15 Декември, 2006 - 10:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ... нека биде едноставната воља на покомплексинте суштества на кои им припаѓаме... :-)(Намерник 15 Декември, 2006 - 14:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • gersanina,
    се разбираме ние Eye-wink
    Фала
    Натка,
    Многу добро си ме разбрала. Секогаш ги комплицираме нештата со премногу размислување и анализирање. И на крај пак доаѓаме до пресекот - дилемата која се јавува кога се знае премногу и површното непознавање. Субјективност и објективноста ротираат во нашата перцепција со чудесна брзина. Smiling И, најмногу ми се допаѓа објективната субјективност која имаме субјективно објективна ситуација Eye-wink
    Хулахопа,
    заличуе,заличуе...кај ист фризер ни одат мислите изглеа Smiling
    несонија,
    една од поизразитите разлики во восприемањето на околината кај половите - мажите се сконцентрирани на формата а жените на содржината. А често лажат - и формата за содржината, и содржината за формата. Се прелева мислата во кршливите садови од шупливо во празно...
    Луција,
    паметнице драга Smiling
    Пробај некогаш и ти така - ризикувај со случаен избор на мислите. Среќата ги сака храбрите. Интуитивноста често ни го кажува одговорот пред да се појават аргументите и доказите. Препуштањето на случајноста понекогаш има предност зашто изразува решителност за соочување со непредвидливото, неочекуваното без страв. А кога нема очекувања, нема ни разочарувања Eye-wink
    Навистина едноставна комплицираност на комплицираната едноставност Smiling
    волан,
    неразбирливо задоволство е да се сфати цела таа комплицираност на едноставен начин Smiling
    А вие мажите го умеете тоа....
    намернику,
    мудар избор!
    Eye-wink
    (oksimoron 15 Декември, 2006 - 18:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ова ми имплицира компликации во мозоков, не можам да разберам ништо. Eye-wink
    Комплицираното го рационализирам, за да го разберам.
    (Бунка 15 Декември, 2006 - 20:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунка,
    кога рационализираш додади една умерена доза ирационалност и помешај ја со исецканите логички низи, па потоа зачини ја со луцидност(ова има јака арома, затоа сал меѓу прсти Eye-wink ), па сервирај на чинија многуаголник. Иде и салата од свежи дилеми, онака декорирано со ливчиња скептичност Smiling
    А виното се конзумира за да се залие недоразбирањето. Едноставно, вкусна е комплицираноста Smiling
    (oksimoron 15 Декември, 2006 - 23:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси,јас подобра анализа на минимализам во гро план немам слушнато... оди во мај чојс пс:... и прав е волан, ваква колумна, способна е да напише само жена. Браво (RIBARO 15 Декември, 2006 - 23:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ribaro,
    фала Smiling
    (oksimoron 15 Декември, 2006 - 23:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Најчесто првиот впечаток не лаже, или она оддалеку соодветствува на она одблиску...ама кога не е така...Сепак,сите коцки го прават мозаикот целосен...поздрав.(lucija 16 Декември, 2006 - 15:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Значи од денес ќе се фалам,
    - Јас сум комплициран Smiling
    (Бунка 16 Декември, 2006 - 23:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • луција,
    коцките се редат на чудесен начин - од едни исти коцки може да се креираат куп мозаициEye-wink
    Значи, сепак, се е во нашата перцепција и изборот кој ќе го направиме Smiling
    Бунка,
    и да се фалиш Eye-wink
    (oksimoron 16 Декември, 2006 - 23:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • не е баш TAKA OKSI! Pоздрав (error 18 Декември, 2006 - 19:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • error,
    не велам дека Е така.
    Велам дека ЈАС одбрав да биде ТАКА Eye-wink
    (oksimoron 19 Декември, 2006 - 09:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • е многу глеам комплицираност -ексик
    добро бе каде сте бре македонки и иња на вакви денови?
    да не се пре едноставни за вашата големкост?
    кога ангелот дозволува упростување, вие така фино знаете да ја
    замрсите -алал да ви је
    одблизу-одалеку дур да ја измерите дистанцата замина блискоста
    (Fljambur 19 Декември, 2006 - 09:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Fljambur,
    токму за тоа станува збор -
    некогаш од премногу мислење и анализирање се создаваат компликации и таму каде што ги немало. Затоа понекогаш е добро да се поедностави таа комплицираност со случаен избор, т.е без многу мислење Eye-wink
    Поздрав
    (oksimoron 19 Декември, 2006 - 10:21 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment