Friday, April 04, 2014

Инструментализам


Органите на власта во една држава се избор на народот во таа држава. Значи, инструмент на народот за исполнување на симфонијата државно уредување. Парламентот е инструмент кој носи закони, владата инструмент кој ги спроведува а судот инструмент кој ги санкционира прекршителите на истите. Има и инструмент претседател на држава, ама кај нас ретко се користи. А и тогаш, ретко кој го слуша. За да биде нашиов оркестар комплетен, има и инструменти опозиција, инструменти синдикални организации, почесен инструмент Бадинтер, инструмент невладин сектор, бројни инструменти за јавно иформирање (богами и за дезинформирање) .... ма, цел инструментален асортиман. Инструменти од сите профили. Дувачки, жичани и ударни.
Со целиов оркестар диригира палката аспирација за влез во ЕУ. Сите инструменти гледаат во таа палка, ама нејзиното движење секој си го интерпретира на различен начин. Ги читаат нотите на малата ноќна музика, а свират голема дневно-политичка симфонија. Со протестна нота како такт пауза. Не е лесно да се биде публика на неусогласениов оркестар. Секој инструмен си има мислење за себе дека е најталентиран и најуспешно функционира. Па прави обид да ги натсвири другите. Или барем исвирка.
Наштимајте ги инструментите, господа. Шкрипат.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 23 Декември, 2006 - 13:44

Коментари:
  • Е, така е навистина но џабе им е тоа.И да ги наштимаат пак ќе ги раштимаат кога незнаат да свират па затоа и неверувам дека знаат да ги наштимаат ако некој како мене не го викнат да им ги наштима и така! поздрав (error 23 Декември, 2006 - 17:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • error,
    велат дека успешноста е само 1% талент и 99% труд. Треба да вежбаат, да вежбаат.....а им треба и некој ко тебе да им ги наштима инструментите, де Eye-wink
    (oksimoron 23 Декември, 2006 - 18:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • арно ама немаме многу време - кои ќе ги чека да учат да свират па после да пеат и се така раштимани.се плашам ддека ѓе остарам се додека созреваат со вежбањето. (error 23 Декември, 2006 - 18:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Многу слично мислиме за истиов проблем на свирење на расштиманите оркестри ... самиот напишав пост со малку подруг приод ... но во основа целта на постот е иста и кај мене и кај тебе ... Smiling
    Штета што не го видов твојов пост порано за да го линкам ... Smiling
    (волан 23 Декември, 2006 - 19:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • volan,
    а бе последнава недела ептен до израз дојде раштиманоста на оркестарот. Ама, ај...белки ќе се управат,де... може не им бил денот, т.е. неделата Eye-wink
    (oksimoron 23 Декември, 2006 - 19:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • АААА те сватив и ти филозофираш јак блог нема што,ај во блог врендс ја ке те турам(Filozofija 24 Декември, 2006 - 09:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Некои работи си се добри во оркестарот, некои се полоши... многу труд треба; треба и да се загрее салата, треба почесто да се има проби, да се синхронизираат петолинијата... ајде, да се надеваме дека конечно ќе се научат да ја свират „Ода на радоста“
    Eye-wink
    (iacovibus 24 Декември, 2006 - 14:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Filozofija,
    шо знам дали филозофирам...се зависи од екстензијата во која се читаат постовите....и личната перцепција Eye-wink Фала Smiling
    iacovibus,
    а бе, првата виолина почна сосем солидно, ама упаднаа избрзано трубите и фанфарите....пијаното никако да се снајде со скорашното прераспределување на сопствените клавиши, па накриво типува - не како пијано туку како клавир(затоа и никој не го слуша,де)..... трианглите тропкаат со своите колумни помеѓу тактовите .... грмнаа и тапаните со својот подземен екот....од некаде се појави и дајре (?!) кое самозадоволно дава шмек на виолончелото кое никако да се справи со забеганоста на сопственото гудало..... Sticking out tongue Laughing out loud
    Ама, ќе извежбаат со тек на време, ќе ги совладаат инструментите и ќе ги научат нотите Eye-winkПа коа ќе не подберат после , онака сихронизирано......којзнае дали ќе ни биде до музика тогаш Sticking out tongue Laughing out loud
    туку, ај да не кобам....ќе си ја потпевнувам одата на радоста Eye-wink Smiling
    (oksimoron 24 Декември, 2006 - 15:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Нашиве свиркаат со УСТА. Не баш најдобро...ама секако самозадоволно. Се набуѓаа со камен, и сеа си свиркаат...мајке им га свирнем. А шо се тиче диригент...нема...на одмор е...(POPEK 27 Декември, 2006 - 00:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Свират ултра лајт поп. Репертоарот тој, неиновативен, непродуктивен.Представата преку глаа, досасна,видена и чуена. Евети едно ДЕЖАВУ... (SPACEGUN 27 Декември, 2006 - 05:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сигурно до сега научиле некоја новогодишна песна да ни ја засвират за Нова година за добро здравје и среќен живот~ поздрав (error 29 Декември, 2006 - 19:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • „Не е лесно да се биде публика на неусогласениов оркестар.“
    Може тоа е проблемот, место да сме публика која секоја вечер незадоволна си оди од концертот, но пак сабајлето се нацртува во салата... може треба и ние да земеме инструменти?
    (mе 2 Април, 2007 - 01:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ме,
    а бе, многу инструменти ќе има така. Ќе нема публика за која да се свири Smiling
    Нека, со тек на време ќе извежбаат Eye-wink
    (oksimoron 2 Април, 2007 - 20:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Блазе му на оној што е глув, со ваков оркестар де Smiling.
    Ама, музикава почна да пробива и ушни тапанчиња, па тешко е и глув да бидеш, ќе чуеш.
    Среќа што публиката се враќа и слуша секогаш, мислејќи дека ќе чуе конечно, наштимано,
    добро е што оптимизмот не не напуштил, и повторно и повторно...
    (ЧИТАЧ 2 Април, 2007 - 20:23 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment