Friday, April 04, 2014

Импровизант


Утре е 2 август. Ден со повеќекратно значење за нашата држава.
Илинден. Православен празник.
Датум на кој пред 103 години македонското население кренало востание за ослободување од турското ропство. И издржала цели 10 дена независна Крушевска република. Прва македонска република.
По 41 година од тоа востание, повторно креирање на македонска република. Овојпат полунезависна. Заседанието на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински. Македонија како составен дел од СФРЈ.
Народот сака да прославува. И празници и годишници. Со нивно одбележување им се оддава почит на предците. На нивната храброст и умешност. За таа прилика луѓето патуваат на местата на настанот и положуваат цвеќе. Мечкин Камен е местото каде се прославуват јубилеите од Крушевската Република. А за прославувањето на јубилеите од АСНОМ, Прохор Пчински не ни е достапен. Не смееме да отидеме и да им оддадеме почит на делегатите на АСНОМ.
Мене сеа нешто друго ме буни....малку е чудно што далечната 1944 година, една група основоположници на комунистичката идеологија на овие простори, одржале собрание во манастир! Оксиморонска ситуација. Комунистичката идеологија не признава постоење на бог, а нејзини следбеници заседаваат во манастир изграден за божјите верници. У сам старт грешка. Изглеа отаму ја влечеме цела генеза на нејасни, нелогични дејствија. Темелите на државата ни се удрени накриво. Зарем не можеле да се состанат во некое бачило на Шара? Ионака терминот „бачило“ ни добива димензии на историски настан. Плус, претседателот Црвенковски денес ќе беше поштеден од држење часови по географија и топографија, а немаше да мора да објаснува и за јурисдикцијата на црквите врз нивните манастири. Но, не би бил тој тоа што е (демек успешен претседател, де) ако не понудеше и алтернативно решение. Прославата по повод јубилејот од заседанието на АСНОМ да се одржи, како и минатата година, во Пелинце со импровизиран споменик. Коа не оди ко шо треба, бар за импровизации не бидува. Махери сме! 15 години импровизираме управување со држава.
Некој друг претседател на некоја друга држава сериозно би се ангажирал во изнаоѓање на решение за ситуацијава. Би употребил авторитет, дипломатски вештини и политички дејствија за реализација на прославата по повод еден така значаен јубилеј за државноста. Но, не и нашиов. За таква постапка треба знаење, треба умеење. А Црвенковски единствено знае и умее да импровизира. Всушност, и самата негова кандидатура беше импровизација за излез од неуспешната влада. А по неговиот избор - сите ние импровизираме дека имаме претседател на државата. Но, барем имаме држава. Македонија издржала многу досега. Ќе го издржи и него.
За многу години, минати и идни...Нека ни е честит празникот!


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 1 Август, 2006 - 19:31

Коментари:
  • Окси, Честит и тебе.
    По цена и да не се влезе повеке во Сб.Прохор Пчињски, не би ги молел српските попови.Не би се спуштал под дозволеното ниво на додтоинство.
    Тоа Груевски убаво го кажа.
    (OGI SINKO 1 Август, 2006 - 20:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се согласувам со тебе Оги.
    Имаме гордост, имаме достоинство и нема потреба од молење и самопонижување.
    Меѓутоа импровизацијата кај Пелинце е токму тоа. Нема потреба од истата.
    Може на прославата на Мечкин Камен да се изрази почит и за АСНОМ. Па да се слават двата јубилеа на исто место додека не се реши проблемот Eye-wink
    (oksimoron 1 Август, 2006 - 21:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Кој ги врти.ако не го даваат ние ќе му шибнеме уште 5 год на оној одметникот (Mr.Lordi 1 Август, 2006 - 21:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, не биле сите во АСНОМ комунисти. Барем половината немале врска со комунизмот ( доказ повеќе се еден куп асномци затворени по 1944 од страна на комунистите ). Инаку, се согласувам со тебе - ако АСНОМ не може да се одбележи во Св. Отец Прохор Пчињски нека се одбележи во Крушево. (кнсис 1 Август, 2006 - 21:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Импровизираа со името, импровизираа со знамето, импровизираат со народот (демек да не се збогател наеднаш-остајтего малку нека греби по тенџерето),се клошарат за (божем) некој си манастир кој е уредно ПРОДАДЕН НА СРБИТЕ (со тапија) и на крај крив ни е квази владиката (ака хорсаш - лопов) кој наводно е мокен до толку шо и он сакал да се слика со ДРЖАВНИКОТ на манастирот за 2-ри инаку ништо од фештата.........п.с. НАМ НЕМА ДА НЕ СПАСИ НИ АФТОРИТЕТОТ НА ПУТИН СЕГА....ама нејсе има надеж...ке престнат импровизациите...ке преминиме на ГЕНЕРАЛНА ПРОБА (sting EYE 1 Август, 2006 - 21:20 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се согласувам дека не биле сите комунисти, но тогаш бил зачетокот на комунистичката идеологија на овие простори, па у тој контекст ми беше забелешката Eye-wink
    Инаку, сметам дека Пелинце како импровизација е сосем неумесно решение за проблемот. Ако веќе се сака да се обележи јубилејот, најдобро е да се стори тоа на другото историско место кај што се прославува исто така значаен државен јубилеј - на Мечкин Камен Smiling
    (oksimoron 1 Август, 2006 - 21:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • stingeye,
    по толку импровизации, БЦ како искусен импровизант, еден ден ќе ни смисли импровизирана ЕУ и импровизиран прием у истата (некаде на територијата на РМ, оти, нели, се друго е надвор од наша контрола Eye-wink )
    Smiling
    (oksimoron 1 Август, 2006 - 21:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Е БАШ ТАКА..........ИСТО КАО СВОЕВРЕМЕНО ЏАРО ГИ ИЛУЗИОНИРАШЕ ПОП ГРУПИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ДЕКА ГИ ВОДИ НА КОНЦЕРТ ВО ИТАЛИЈА.....БЦ - И СЕ Е МОЖНО (нешто као скопско - ај наздравје да ни е) (sting EYE 1 Август, 2006 - 21:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ај нека ни е вечен и долговечен празникот!
    Мислам дека некаде имам прочитано дека покрај трите значења кои Илинден ги има за Македонија (нели, религиозното, потоа 1903 и 1944), постои и четврто општо или трето историско значење, чинам од антиката беше...
    Ќе пробуричкам да најдам Eye-wink
    Повторно, нема потреба да коментирам: директно во целта
    (iacovibus 1 Август, 2006 - 22:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Од Илинден 1903 преку АСНОМ 1943 до ДЕНЕС. А каде сме денес? Сеуште на крстопатот! Ќе се погоди ли вистинскиот правец? Ќе издржиме ли по патот кога ќе кинисаме по него? Кој ќе ни одговори на бројните прашања? Ако самите не сме свесни за тоа што сме и ако цврсто не застаниме зад своите убедувања, ако не ја одбраниме вистината...Е тогаш џабе ќе ни бидат и одговорите. Нека ни се вечни сеќавањата за големите луѓе и големите датуми! Нака ни е вечна Македонија! Нека ни е полн со радост утречниот ден! (marjantod 1 Август, 2006 - 23:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Iacovibus на 2 Август 300 и некоја п.н.е Филип и Александар кај Херонеја ги победиле Грците. (кнсис 2 Август, 2006 - 17:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Браос КНИКС....Е ова поштујем....од каде доага 2-ри Август...изворно....респект (sting EYE 2 Август, 2006 - 19:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Пробуричкав низ нетот во потрага по одговорот и ... станува збор за битката кај Херонеја (338 п.н.е.) кога е извојувана победа над Атина и Теба од страна на македонската војска предводена од Филип Втори Македонски заедно со син му Александар. Smiling
    п.с. линк (http://www.makedonskosonce.com/broevis/2000/sonce317/Tekst30.htm)
    (oksimoron 2 Август, 2006 - 20:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Знаев дека има нешто... Прашање: why we're not informed for this?
    Eye-wink
    (iacovibus 4 Август, 2006 - 09:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • НАМ НЕМА ДА НЕ СПАСИ НИ АФТОРИТЕТОТ НА ПУТИН СЕГА.... (reaktor 5 Август, 2006 - 11:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Браос КНИКС....Е ова поштујем....од каде доага 2-ри Август...изворно....респект (reaktor 5 Август, 2006 - 11:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • тој НЕ е Жарко.
    Зомбификација....
    (маца 5 Август, 2006 - 11:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Навистина браво за Книсис, извонредни познавања од историјата. Ретко кој знае за овој податок од минатото. Smiling
    (oksimoron 5 Август, 2006 - 15:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Добро Мацо, еве ќе го сменам линкот... Eye-wink
    (oksimoron 5 Август, 2006 - 15:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Зошто во Манастирот Прохор Пчињски - На тоа прашање е одговорено со тоа дека тоа била единствена слободна безбедна територија - на која се гарантирала безбедноста во тоа време. А имало услови “Голема сала“ од кујната на Манастирот ...
    А границите со Србија се покасно “договорени“. Во тоа време Манастирот заедно со цела денешна Македонија и дел од јужна Србија била Бановина Македонија.
    Зашто не Шара. Од најновите збиднувања - тоа е небезбедна територија а таква била и тогаш. Качаците долго време владееле со шара како и денеска...
    А за Бране. Немам коментар. Го “Игнорирам“...но само како личност, не и како функција - функцијата председател ја почитувам ... Smiling
    (волан 5 Август, 2006 - 15:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • волан,
    1000 зошто, 1000 затоа....
    Инаку, многу личности ја кријат својата неспособност позади функцијата, ама, кај БЦ таа неспособност е толку голема што сепак ѕирка од страните Eye-wink Нема толку голема функција за целосно затскривање Smiling
    (oksimoron 7 Август, 2006 - 15:43 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment