Friday, April 04, 2014

Манипулативно манипулирана манипулација


(за малцинските работи)
Припадноста на еден субјект во одредена држава се определува со неговото државјанство. За кохабитирање на субјектот во институционалниот систем на државата, за добивање на лични документи(лична карта, пасош и слично) неопходно е уверение за државјанство. Со тоа тој добива статус на рамноправен жител на државата за кого важат сите закони на истата, сите привилегии, бенефиции но и обврски. На ниеден службен документ нема задолжителен запис за етничката припадност т.е. национална припадност на субјектот. Секој може во однос на националноста да се декларира како сака, односно онака како самиот се чувствува. Може да се повика на националното чувство на негова прабаба или прапрадедо. И тоа ќе биде негов личен избор, негово интимно чувство. Службено, официјално и според сите регуларни прописи – тој ќе биде она што му пишува во државјанството, т.е. неговата припадност во однос на другите држави ќе се определува од неговото државјанство. Најдобар пример се Соединетите американски држави (САД), каде живеат луѓе од разни етнички потекла, но сите гордо се декларираат како американци. При определбата на својата припадност, за основа го земаат своето државјанство, а не етничката припадност.
Кај нас во Македонија малку е изместен овој систем на вредности. Се добива впечаток дека етнитетот е примарен и најбитен параметар за определување на државна припадност. Низ годините оваа девијација стануваше се повпечатлива и во одреден момент аголот на прекршеност доведе до ескалација на настаните , при што со воен конфликт истата се имплементира во уставот на државата. Кулуминацијата беше воведувањето на Бадинтеровиот принцип на гласање при донесување на одредени (точно дефинирано кои) закони. Се создаде илузија дека на тој начин ќе бидат задоволени правата на сите припадници, т.е. жители на државата. Смешно. Наместо да се повикува на човекови права за сите, почнаа да се истакнуваат правата на малцинствата. Се создаде зависност и пренагласеност на етнитетот наспроти сите државни и правни регулативи.
При донесувањето на одредени законски акти, Бадинтеровиот принцип бара мнозинство на малцинствата. Притоа не е нагласено мнозинство од само еден етникум, туку се бара мнозинство од избраните претставници на сите етнитети, кои ја потенцирале својата етничка припадност, а се малцинства во државата. Е сега, бидејќи етничката припадност е лична определба, интимно чувство – секој може да се декларира како сака. Значи, сосема е возможно и правно издржано одреден дел од избраните претставници кои се во состав на парламентарните групи од партиите коалициони партнери и партиципиенти во владата – да декларираат етничка припадност различна од мнозинството! Со оглед на богатата историја на ова парче земја, каде низ вековите ротирале освојувачи од разна национална припадност, секој државјанин на Р. Македонија може да се повика на националното чувство на некој свој предок и со тоа да се декларира како дел од тој етнитет. Влашка, Српска, Бугарска, Хрватска, па дури и Геманска, Француска, Австриска етничка припадност.
Кога веќе се манипулира со етнитетот и неговата улога како подлога за уцена при донесувањето на законите, се отвара можност за еволуација на манипулацијата. За да не се создава вакуум во работата на парламентот, при што истиот ќе биде злоупотребен за бескрајни натегања, преговори, уцени во обид за издејствување на нереални побарувања...за да не трпи државата штети и да нема застој предизвикан од процедуралните недоследности.....предлагам еден дел од пратениците, кои се во состав на владината коалиција, да изразат национално чувство т.е. етничка припадност различна од мнозинството. Барем во број доволен за „критичниот“ процент кој го бара Бадинтеровиот принцип.
Одамна сме скршнати од патот кон економски и демократски развој на државата. Лутаме низ шумата на етничките поделби. А за да се вратиме на правиот пат – потребно ни е скршнување од скршнатата патека во обратна насока.

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 6 Септември, 2006 - 12:59

Коментари:
  • Не само што предлогот е „непристоен“, туку е и мошне опасен. Пред 2001 год., Собранието многупати го изигруваше принципот на мнозинско донесување на одлуките, за сметка на малцинските права. Повторното изигрување на модификуваниот принцип на донесување на одлуките би значело повторно разгорување на конфликтот, и веројатно нова воена криза. Ако некому не му се допаѓаат уставните правила на игра, тогаш има начин како тие легитимно да се променат. Изигрувањето на правото не е решение, туку нов проблем кој може да генерира нова општествена криза. (пишав и посебен пост на мојот блог) (јаснесумјас 6 Септември, 2006 - 14:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Жарко,
    постојано се потенцира дека претставници на малцинствата во парламентарниот состав се пратениците на коалицијата ДУИ-ПДП (17, од кои 14 на ДУИ и 3 на ПДП)и пратениците на ДПА (11). Дури и екс министерот за финансии, Никола Поповски, во својата дискусија по повод експозето на мандаторот, нагласи дека малцинствата не биле соодветно застапени (28 од 120), т.е. немале 25% застапеност во парламент, колку што имаат % во населението на Р.М. па тоа можело дополнително да генерира нова криза (божем некој од мнозинството е виновен што за малцинствата гласале толку колку што гласале).
    И постојано се збори сал за македонците со албанска етничка припадност како да се единствено малцинство во државата, ко Бадинтеровиот принцип (толку артикулиран и кај шо треба и кај шо не треба) да важи само за нив.
    Јас се прашувам, дали во постојниот парламентарен состав нема претставници со влашка, српска, турска етничка припадност и дали нивниот глас не се вбројува во потребното мнозинство на малцинствата при споменатиот принцип на гласање?! Зошто толку галама околу уцената од ДУИ-ПДП дека нема да гласаат за носењето на законите при кои е пресуден овој принцип? 17 пратеници не се мнозинство од малцинствата ако се бројат сите претставници на сите малцинства Eye-wink
    Еве, на пример, мене ме интересира како ќе се брои гласот на Љубчо Георгиевски, дали ко на глас од мнозинството или ко глас на бугарското малцинство во земјава? Оти, општо познато е дека тој има и бугарско државјанство, а за да се добие истото - потребно е да се даде изјава во која се наведува дека личноста има чувство на бугарска национална припадност. Значи, тој таму се произнел како бугарин и следствено на тоа, бидејќи живее и работи во Македонија - претставува тука претставник на бугарско малцинство Smiling
    (oksimoron 6 Септември, 2006 - 17:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оксиморон, Кога зборуваме за малцинства, зборуваме за повеќе од 25%, и „бадентеровиот принцип“ не важи само за етничките Албанци - пеки. „17 пратеници не се мнозинство од малцинствата ако се бројат сите претставници на сите малцинства“ - е тоа допрва ќе го видиме кога ќе се гласа, како кој ќе си се изјасни. Ете и за тоа се согласуваме - во принцип, иако практиката може да зборува нешто сосем друго. Не се согласувам само намерно да се „шифтаат“ идентитети за да се изигра правото (без разлика дали се согласувам со конкретниот принцип или не). Има чуден парадокс во тоа што бадентеровиот принцип има колективистички дух, а правото на „национална“ припадност е индивидуално - и прашање на личен избор. Што се однесува до Љубчо Георгиевски, и другите случаи на двојно државјанство - можда треба да почнеме да размислуваме за решение со кое ќе оневозможиме државата да ја предводат луѓе на кои Република Македонија не им е единствената држава. Нели е малку чудно што добивме и министер кој не знае да зборува македонски, а тоа е еден од условите за добивање на македонско државјанство. (jasnesumjas 7 Септември, 2006 - 00:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • мал срч....
    http://blog.com.mk/najdi?query=kibicer&domain=onnet&x=16&y=12
    (omx 7 Септември, 2006 - 01:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • уште еден мал срч....
    http://www.google.com/search?hl=mk&q=volci%20obuka
    (omx 7 Септември, 2006 - 01:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Жаре,
    зошто дури сега те чуди министер кој не знае добро македонски?! Па ние веќе имавме потпретседател на влада кој не знаеше македонски а и министер за земјоделие кој освен што не знаеше македонски - не се ни појави во ресорното министерство! Си задоцнил со чудењето Sticking out tongue Eye-wink
    Инаку, министрите задолжени за странски инвестициии повеќе потреба имаат од странски јазици отколку од македонски, оти нели „странски“ инвестиции, де Smiling
    Уствари...и нека не зборат - нека работат! Eye-wink
    (oksimoron 7 Септември, 2006 - 16:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • цитат..
    Најдобар пример се Соединетите американски држави (САД), каде живеат луѓе од разни етнички потекла, но сите гордо се декларираат како американци...
    не сум против Америте..напротив..
    ама..
    Врховниот суд на САД на Индијанците им бара HLA-genes..бла..бла..за..бла..бла..
    истиот HLA-Genes резултат објавен за Македонците и суб-сахарското потекло на Грците не е "прифатлив"..
    демократија?..наука?..се во вода..кога се однесува за нас..
    секој може да се декларира како сака..кај нас..
    тоа е ОК..
    но..
    има и смешки..
    пример Грција..
    фаци арапски се декларираат за антички Македонци..
    истите ја воскреснуваат и античката религија..
    и се под удар за тоа од Грчката православна црква..
    Бугарија..азиски фаци за "Словенски" Бугари..или Тракиски..
    значи..се е без врска..
    и секој го користи правото како што сака..
    на радост-жалост на другите..
    (anaveno 7 Септември, 2006 - 17:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • anaveno,(или имроко)
    токму заради примерите кои ги наведуваш, насловот на постот е таков каков што е Eye-wink
    Премногу се манипулира со малцинствата, со нивната етничка припадност, значењето, улогата и правата....наместо да се стремиме кон надминување на разликите, ние упорно ги истакнуваме и проблематизираме Smiling
    Дури и „правата“ како категорија добиваат манипулативна димензија кога се делат на вакви, такви, онакви...никакви Sticking out tongue
    (oksimoron 8 Септември, 2006 - 10:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Среќен роденден! Eye-wink
    Happy Birthday 2 U, Happy Birthday 2 U
    Happy Birthday Dear Oxy, Happy Birthday 2 U!
    (iacovibus 8 Септември, 2006 - 18:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Smiling
    Фала, iakovibus
    (oksimoron 8 Септември, 2006 - 19:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ова е амо едно не соодветно читање на законите!!поентата од научен аспект е добра, но никој не ја почитува, а за улогата за америка знаеш дека многу сум пишувал!поздрав(atractivART 10 Септември, 2006 - 16:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Е, токму тоа Мобара Smiling
    Кај нас законите се пишувани така, да секој може да си ги интерпретира на различен начин, во зависност од индивидуалните потреби .
    Оставаат бришан простор за манипулација. Eye-wink
    (oksimoron 10 Септември, 2006 - 16:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • а што е нај трагично, една иста регулатива се уредува со различни закони што остава доплонителен простор за манипулација! (atractivART 10 Септември, 2006 - 16:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • No comments:

    Post a Comment