Friday, April 04, 2014

Во име на народот


Сакате да ја измамите државата?
Сакате да извечете пари од државната каса?
Сакате да ги почувствувате благодетите од работата на државните институции?
Сето тоа е сега возможно. На многу едноставен начин. Сега е лесно.
Наместо да се малтретирате по бројните институции тропајќи од врата на врата, чекајќи од шалтер на шалтер...наместо да ги трошите своите шарлатански вештини напразно, ко непресметан ризик...наместо да смислувате стратегии и акциони планови за реализирање наплата на туѓи средства на лична сметка....наместо да се измачувате како без труд до многу пари....побарајте го Тајното Кривобранителство и сите ваши споменати проблеми ќе бидат решени! Таму ќе добиете насоки за спровирање низ дупките на системот, без да ги извалкате чевлите. Обучени експерти ќе поминат низ лавиринтот од законски акти и регулативи, само за вас. Тие ќе глумат лудило место вас. Нивното искуство и вештина ќе бидат ставени во ваши раце. Во истите раце каде набрзо ќе се најдат и посакуваните државни пари.
Зашто...државата – тоа е народот! А народот – тоа сме сите ние! И јас и ти. Тајното Кривобранителство работи за нас. Наплати ја својата припадност на државата. Во име на народот. Во свое име. За себе.

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 11 Септември, 2006 - 13:57

Коментари:
  • Државните пари се од народот за народот!
    (ZOJA LEGA 12 Септември, 2006 - 10:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мислам дека и на Зоја Лега и сличните на неа полека им доаѓа КРАЈОТ.На секој почеток има и крај ма колку тие се нафатирале или живееле добро. (EKV 12 Септември, 2006 - 11:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Според извршните решенија за наплата од буџетот ... многу грешна држава сме биле, бе!
    Зоја (кобајаги),
    предлагам правобранителството да го трансформираме во надлежен орган за спорот со името. Ќе видат Грците...они нас.. Sticking out tongue
    ЕКВ,
    крајот го краси делото, нели? шо оти ќе биде крај за нив, коа ќе биде крај и за државната каса? Smiling
    (oksimoron 12 Септември, 2006 - 17:28 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • но коммент..
    само..линк..
    http://www.blog.com.mk/node/43735
    (cakamtedadoides 14 Септември, 2006 - 21:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • но коммент..
    само..линк..
    http://www.blog.com.mk/node/43735
    (cakamtedadoides
    ----
    Здраво и за тебе Анелиа :}}
    и гласав дека си женско ,нема потреба од анкетата:}
    2:22 PM, September 09, 2006
    MOTABA
    MOTABA said...
    Zdravo i za tebe so malo kasnenje.Anketa koj spomna anketa:)) whatever
    2:34 PM, September 12, 2006
    (omx 14 Септември, 2006 - 22:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Некој е крив за таа пролеана крв и за дупките во системот, но за пролеаната крв, не ќе се најде таков извор да ја измие, и се како резултат на празноглавноста на политичарите и нивните слуги! (atractivART 15 Септември, 2006 - 20:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не е Тајно Кривобранителство, туку Тајно Кривотепателство. (media 15 Септември, 2006 - 21:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А таксени марки од колку треба....и....треба ли 200-300 гр. кафе и кока кола или ке биде и без тоа :-) (POPEK 15 Септември, 2006 - 21:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • cakamtedadoides,
    интересна анимација. Блиску си Eye-wink
    омх,
    пак ми спамуваш Sad
    АРТ,
    не смее ни да се направи обид за миење. А за празноглавоста....некогаш слично делуваат и полноглавците Eye-wink
    медиа,
    а бе, ко она „аман, бато, доста ме бранеше“ Eye-wink
    попек,
    хехехе....таксират од такси Smiling
    (oksimoron 16 Септември, 2006 - 15:05 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment