Friday, April 04, 2014

Технократија


Порано, кога се менуваше некој функционер, одлуката за негово разрешување се испраќаше по пошта. Службено. И патуваше 2-3 дена, период во кој сите знаеја и шушкаа наоколу, а самиот функционер појма немаше. Или насетуваше, па се препотуваше. А често покажуваше и грижа за иднината, па самоуверено префрлаше средства од функционерската сметка на некоја лична. За секој случај, де.
Денес, во ерата на перманентен развој на технологијата, овозможен е нов, современ принцип. Се донесува одлука за нечие разрешување и во момент се пушта по факс. И нема никакви дилеми. Нема препотување, ниту пак душегрижништво. Постапката е завршена за неколку минути. Ефикасно. А богами и ефективно. Со техника за кратење т.е. по скратена постапка. Технократија.
Технологијата во служба на демократијата. :)

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 2 Септември, 2006 - 18:22

Коментари:
  • Некаде во иднината
    .
    Прво ке го отпуштат а после ке му пратат мејл
    А шушкањето ке започне неколку месеци после отпуштањето
    ХИПЕР Технократија
    Smiling
    (sting EYE 2 Септември, 2006 - 19:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ма, каков маил - најбрзо ќе биде со СМС Eye-wink
    (oksimoron 2 Септември, 2006 - 19:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Уште и ако со еден факс разрешиш 100+ функционери и директори, навистина ефикасно и брзо.
    Грабиме кон зајдисонцето. Smiling
    (Jakov 2 Септември, 2006 - 19:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Уште и ако со еден факс разрешиш 100+ функционери и директори, навистина ефикасно и брзо.
    Грабиме кон зајдисонцето. Smiling
    (Jakov 2 Септември, 2006 - 19:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еднаш одамна имаше едни чудни суштества кои се викаа луѓе ...од милост...потоа се отчовечија и станаа демократи...технократи..крати и крати...до каде? (lucija 2 Септември, 2006 - 21:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси,
    Си се препотувала ли некогаш?
    (OGI SINKO 2 Септември, 2006 - 22:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Luci,
    до кога? до каде?
    ....додека не се стане пак човек Eye-wink
    оти, откако се отчовечија(ко шо велиш ти) добија некои израстоци, па сеа мораат да се скратат за да бидат пак луѓе Smiling
    (oksimoron 2 Септември, 2006 - 22:14 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оги,
    сум, ама не од мислачки...од други, поудобни причини Smiling
    ко, да речеме....сауна, трчање, играње баскет....и други физички активности Eye-wink
    (oksimoron 2 Септември, 2006 - 22:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ајде, ајде. Кажи ја главната.
    Ваљда не ти е срам.
    (OGI SINKO 2 Септември, 2006 - 23:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ogi,
    ваљда...
    ваљда нема потреба да цртам...
    ваљда....
    ќе ме разбереш и без експлицитност, де
    ваљда...бистар дечко си ти Eye-wink
    говорете македонски Smiling
    (oksimoron 3 Септември, 2006 - 14:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Општествово ни е некако тромо... што знам?
    Еве на пример, новите шеријаткси закони прифаќаат развод доколку три пати едниот сопружник прати порака „Се разведувам“ на својот партнер... што значи, заостануваме зад (вообичаено конзервативнииот) источен свет.
    Иако, имало најверојатно (ваљда) некоја убавина во тоа да добиеш печатена верзија... хартијата можеш да ја искинеш, да правиш сцени... Eye-wink
    (iacovibus 4 Септември, 2006 - 09:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • iakovibus,
    Smiling)) Sticking out tongue
    а бе, замисли така да функционира промената на раководните структури во државните институции....
    „Разрешен си. Разрешен си. Разрешен си. “
    И, за да не ги викаат за в лице да им кажат - преку вестите на националните медиуми Smiling
    Не, бе...шо е многу, многу е. Не бива до толку.
    Плус, ко шо велиш - и хартијата си има предности Eye-wink
    (oksimoron 4 Септември, 2006 - 14:57 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment