Friday, April 04, 2014

Перформанс


Изборната програма на една партија е право уметничко дело. Во зависност од стилот се добива формата.
-Хуманизмот и ренесансата у програмата даваат масивни, цврсти и складни форми. Најчесто кружни. Значи, вртење у круг. Ренесансата носи препород, т.е. преродба. Не се битни чекорите, има место за сите ;)
-Готскиот стил нуди невидени височини. Остри агли, издолжени линии. Програма со тенка содржина, а висока цел. Одат нагоре, не надоле. Или беше обратно?! Веројатно им се свртило у глава од висината. Далеку се од тлото, од базата, па губат осет. Гледаат сал ѕвезди пред очи. А велат - кој високо лета.... :)
-Импресионистите тепаат на емоциите. Шетаат низ земјава црпејќи инспирација за популистички ветувања од реалната беда на народот. Па поттикнуваат емотивни реакции со прости математики и одземање дипломатски пасоши. Индивидуалци кои работат ЗА СЕБЕ.
-Барокот нуди асиметрија, противење на востановенит ред, практиката да се гласа „или-или“. Нуди реформи, нуди движење и поинаков распоред на државните елементи. Знае да го оддели светлото од темното. Нијансира за да се долови впечатокот на реалноста. Јасно и сликовите. Но, најчесто, ваквите програми остануваат во сенката која ја употребуваат за подобар израз. Денес скромноста не се разбира дури и кога е нацртана јасно.
-И Грчкиот стил е присутен. Тој нуди контрасти. Знаете, коа една целина се дели на два дела, па едниот е темен, другиот светол. Ама, од разбирливи причини (заради соседска нетрпеливост, де) најчесто овој стил е прикриен. Може сал да се насети. Но, и ако го насетиш- го негираат. Грчка работа.Овај, стил.
Секоја програма има и презентација на својата вредност. Исто така стилизирана. Најчесто експресионистички се претставуваат состојбите на паника, внатрешна нелагода и изобличени резони, предизвикани од другите програми и партии, за да надреалистички, оптимистички се понуди решение за состојбите. Футуристички се движат во нашето видно поле, се судруваат едни со други, користат оптички илузии. Некои завлегуваат и во постмодернизам со неразбирливи форми, необични материи, изобилство од бои и апсурдна поврзаност на сето тоа. Типуваат на збунка. Колку понеразбирливи се, мислат дека повеќе ги сфаќаш.
И после, ќе рече некој дека културно-уметничкиот живот во Македонија бил запоставен. Ма, појма нема. Шо се разбира он од уметничка политика....


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 27 Јуни, 2006 - 18:35

Коментари:
  • Феноменално. Се поклонувам (LOLITA 27 Јуни, 2006 - 19:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • фала Лолита Smiling
    Мило ми е што ти се допаѓа перформансов Eye-wink
    (oksimoron 27 Јуни, 2006 - 23:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мене отсекогаш ме воодушевувала готиката. Патетично е тоа што во твојот коментар дозволуваш твоите лични партиски интереси да влијаат на инаку добро осмислениот концепт. Не мора да додадеш уметничка природа на твојата одлука да гласаш за оние кои ќе ја запустат македонија како што скопје го направија ренесансно. Се понашаш како оние фуфиците кои се многу важни, а сакаат секс, но нејќат да признаат. Признај си бе ќе гласам за овој и чао. а не овде ренесанси (лажни) и др... У секој случај батали уметност не те бива, оди лепи плакати. (Yellow Star 27 Јуни, 2006 - 23:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Smiling)))))))
    Падају звезде!!!! (една песничка,де)
    Читни неколку поста подоле - јасно си кажав за кого ќе гласам, а тоа не е ни готика ни ренесанса туку барок Eye-wink
    Инаку, за лепењето плакати...ај, не заебавај...сакаш да ме упуцаат таму? [-X
    п.с. стилот на изразување ја отсликува личноста на тој што пишува. Излегува дека жолтите ѕвезди не се баш сјајни. Сал жолти се. Sticking out tongue
    (oksimoron 27 Јуни, 2006 - 23:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Екстра...
    Неам коментар. Аплаудирам !!!
    (iacovibus 28 Јуни, 2006 - 13:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Генијално.....со една исправка....кај делот шо стои СЕ ВРТИМЕ ВО КРУГ ....пооргинално би било СЕ ДРВИЖИМЕ ВО АРХИМЕДОВА СПИРАЛА СО НАСОКА КОН НУЛАТА (sting EYE 28 Јуни, 2006 - 14:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • искрено ми се допаднаа компарациите. Си играш со уметничките правци и политиката. Јас прилично добро ги владеам правците, но никогаш не сум размислувала на овој начин. Можеби затоа што ја оставам политиката на страна. Богами оксиморон, ти во овј пост се покажуваш и како одличен познавач на историјата на уметноста. Пријатно сум изненадена. Баш ме расположи Smiling
    (Аrwena 29 Јуни, 2006 - 00:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ептен ми се свиѓа што во неприметливата поврзаност на работите си успеал да ја најдеш аналогијата :] Добро ти текнало. И, морам да признам, ептен добро осмислено :] Секоја чест. (shaihulud 29 Јуни, 2006 - 00:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Фала за убавите зборови. Отсекогаш сум имала афинитети кон уметноста, многу одамна (во средно)имам дури и учествувано на две изложби со мои дела (да се пофалам малце,де Sticking out tongue ). Затоа ми се познати правците и стиловите во уметноста Arwena. Smiling
    Инаку, уметноста ја гледам насекаде околу себе - па еве се обидувам да ја „видам“ и во политиката Eye-wink
    (oksimoron 29 Јуни, 2006 - 14:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • штета што не се опфатени афричките стилови..нашиве политички племиња се тамам како од Африка..инаку во право си за грчко-римските..педери и педерски работи колку сакаш..(anaveno 30 Јуни, 2006 - 02:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Полна и потполна мастурбација! set your tv on blue, имено. (jurak OT petrof 2 Јули, 2006 - 14:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Jurak ot, во тоа е убавината на уметноста - секој ја перцептира на свој начин, во зависност од личните, внатрешни немири. Eye-wink
    Не се ограничувај на плавото, има цел спектар од бои Smiling Бар ти, ко уметник треба да имаш сенс за сите бои и нијанси Eye-wink
    (oksimoron 2 Јули, 2006 - 15:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Имроко, нека ги племињата, ние сме пософистицирани у стилизирањето. Од афричкиот континент користиме сал египетски стилови. Градиме пирамиди за нашите фараони. Eye-wink
    (oksimoron 2 Јули, 2006 - 15:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сенс, ДА. Време, НЕ. :) (jurak OT petrof 2 Јули, 2006 - 16:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Но, да дополнам. Што се однесува до твојот текст - бонбона е, но, не го заслужуваат бре вниманието! Не се бои боја, или. :) (jurak OT petrof 2 Јули, 2006 - 16:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Уживав додека Те читав.
    Како и секогаш.
    (OGI SINKO 4 Јули, 2006 - 00:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • перформанс на декларативна основа, а програмата е куха како шуплив оров!!!А се согласувам дека е уметничко дело, ама апстракно во некоја нова форма на кутурно - уметнички живот! А кој се разбира? (blogenius 5 Јули, 2006 - 13:05 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment