Saturday, April 05, 2014

Контрола


На мајка ти во пичката!
Да ти ебам цела фамилија по список!
Курви и педери!
Пички досадни и глупи курци!
Кретени! Идиоти!
Ебете се во газ! Пушете курови!
Ѓубриња смрдливи!
Одебете!
Ма, идете у курац!
Не, не ми е хакиран блогот. :)
Ниту пак некој ме изнервирал. А немам ни ПМС. Јас само вежбам да бидам андерграунд. Вежбам индивидуалност.
Толку многу се обидуваме да ги истакнеме разликите помеѓу нас, што веќе стануваме слични во различноста. Бунтовноста ја поистоветивме со грубост и вулгарност. Со навреди и понижувања. Со овие критериуми за бунтовност, стана премногу лесно. Кај и да се свртиме – сал бунтовници околу нас. Ни ебаа мајката!
Денес станува претешко да се биде цивилизиран и културен. Проклето тежок е обидот да се состави реченица без вулгарен израз во неа. Ако со крајни маки и успееш во намерата – одма си изложен на ризик да бидеш прогласен за морализатор. Денес тоа е забрането. Забрането е да бидеш фин и пријателски расположен. Забрането е да сакаш да се дружиш со другите луѓе. Забрането е да разговараш без да навредуваш и пцуеш. Или, чувај боже да изразиш позитивност. Забрането е да бидеш нормален. Чек сеа... нели бунтовност беше да се делува против забранетите нешта?!
Храброста не е отсувство на страв, туку одлука за делување и покрај него.
И, очигледно е дека немаме ние проблем со контролата, туку со самоконтролата. Никој никого не може да контролира ако се има самоконтрола.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 17 Мај, 2007 - 17:17

Коментари:
  • најтешка работа - да се исконтролираш себеси,
    или со други зборови -
    да се договориш сам со себе,
    и што е најважно -
    да го испочитуваш тоа Smiling
    (виолетова 17 Мај, 2007 - 17:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • г-ѓо Венера во срж го погодивте проблемот со младите денес. меѓутоа само јас би ве надополнал главниот проблем е кај родителите и нивната примарна неодговорност. младите сеуште додека се на ниво на развој, се обидуваат да се поистоветуваат со родителските модели.
    на блогот фалат оние добро воспитани момци, кои знаат да остапат место на постар човек во автобус, кои на пешачки умеат да му помогнат на стари бабички да ги пренесат полните кесиња од пазар, на млади мајки да речеме во извесни ситуации да му помогнат да ја качат или спуштат негде бебешката количка. ни фалат момци на ниво, културни и васпитани пред се, каква што секоја добра мајка би се гордеела со нив.
    некогаш работите беа многу познати, се знаеше за што треба да се бунтуваме и спрема кого, но се чини денес во виорот на транзиционите времиња како да ги изгубивте најдоблесните човечки особини. ова е страшно...верувам и ти си родител па знаеш каква грижа чувствуваш кога твоето сакано чедо го праќаш надвор, во сиот тој надворешен свет полн со најразлични опасности кои ги демнат буквално на секој ќош.
    затоа сме тука ние, фино воспитаните момци и девојки кои живееме мирен и семеен живот на средната класа, да интервенираме на еден укажувачки начин. многу млади се во заблуда кога ќе видат како невоспитано, вулгарно и безобразно момче изговора најголеми нискоски им тој им изгледа како фраер и...како велат младите денес, “кул“, но тоа навистина не е така. затоа неопходно се вакви трезвени реагирања полни корисни совети и поуки кои би ги одвеле младите, па и оние кои се стремат да се бунтуваат, на прав пат.
    уште еднаш, големо БРАВО и гушка за г-ѓа Венера.
    (alex.bukarski 17 Мај, 2007 - 17:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сепак, аргументите се најсилните и го кршат секој лош упатен збор. За жал, аргументирањето остана заборавена и запепелена категорија, доказите веќе се заменија со хипотези и хиперболизации на (не)постоечки изпревртени и перверзни вредности.(Верверичката 17 Мај, 2007 - 17:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • пингвинот не мисли ...
    ти вика дека претеруеш ...
    ...
    Мазев секогаш знаеше да рече ...
    а пропо негоите слики, кои за некои се грозни, за ХулаХоп - от мастер дела, а особено последната фаза, после смртта на неговиот син ... "зар треа да цртам цвеќиња коа душава ми се кине и ми се распора на парчиња, ме тера од внатре ме кине" ... а во смислата на делата на негови современици ... кои се чудеа дали слика апстракции или тамо нешо друго ...
    и на крај треа да се на пише Пичку Материн Пичку ... ама не се пишуе ...
    во тој дух и текстов ...
    треа ли овие говна години шо ги живееме ... од 90та навака да ги билдаме си фини зборови ...
    .. Вклучи се не мисли така ... само се отсликува тоа што се гледа ... се рефлектира
    .
    .поздрав
    (ХулаХопа 17 Мај, 2007 - 18:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Истиов коментар стои кај Фемгерила, во Уривање на пирамидата, но е потполно валиден и тука.
    Ганди вели: Живеј го секој ден како да ти е последен, а учи како да ја имаш цела вечност пред себе. Зборувајќи за денес, првиов дел е остварлив, но овој вториов е некако малку веројатен дека ќе се случи. Зошто? Па човекот побрзо ќе се одлучи да проба повеќе работи од кои само ќе ја изгребе површината, отколку да се задржи на една и да проба да ја разбери нејзината суштина (во целост или до каде што може). Тоа значи дека ќе живеам брзо, но значи и дека ќе живеам површно. Оваа (површноста) често се случува да остане незаприметена маѓепсувајќи не' со својата примамливост, секој ден одново и одново. И така животот ќе го поминеме површно, често и не знаејќи за тоа. Така, ќе ја живееме илузијата на животот, а не животот.
    Познанието нема да се роди во овие услови.
    Тоа што е пласирано (производот) мора да биде бомбастично и што е можно пократко во својата форма. И оние кои не размислуваат во ваквите рамки ќе бидат осудени на пропаст. Воопшто нема да бидат разгледани нивните размислувања бидејќи приодот кон нив не ни може да биде површински.
    Кога последно сте биле сами со себе и сте биле исполнети и задоволни? Ваквата ситуација на самосоочување може да биде во најмала рака страшна!
    Непознатото живее во вакви услови кај нас. Во површинскиот начин на живот. А ако се појави некое незадоволство најчесто го решаваме со нашите ОНИОМАНСКИ навики!
    Затоа, да го послушаме Ганди и да пробаме да му дадеме простор на применото.
    Да пробаме да си дадеме простор за себе.
    Да пробаме да учиме како да ја имаме цела вечност пред себе.
    На крај, што е она што не спречува да пораснеме? Стравот или мрзливоста...?
    Во мода е ефемерноста на медиокритетите. Зборувајќи за медиумите, за бирократијата, па дури и за неврзаните пријателски муабети, можеме да заклучиме дека ништо суштинско не се случува - мислам на дискусија па се' до акција. Површноста е фортифицирана во начинот на живот. Оттука се' она кое е неприродно, а се случува, ќе биде занемарено во функција на профитот.
    Мислам дека секој мора да се сврти кон себе, да се разбере без ничија помош, да се прифати и да делува на начинот кој е негов. Овој "ЕДИНСТВЕН и НАЈДОБАР" начин на живеење кој е пласиран, ја убива индивидуалноста, која според мене е есенцијата за квалитетниот општествен живот.
    Проблемите кои изгледаат нерешливи ќе исчезнат кога индивидуалецот ќе си ја оправда својата индивидуалност. Маските на поединците и на мрачните збратимувања ќе паднат и ќе се скршат бидејќи силата на вистината ќе излезе на површина.
    (Dozgulpmus 17 Мај, 2007 - 18:28 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Постов ти е у факинг пизду материну ... Сега да не додавам и кумановски изрази ... Smiling
    Поздрав.
    (волан 17 Мај, 2007 - 18:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се потсетив на Фортепијано то кој во 1 за почеток, а 19.000.000 причини за крај меѓу другото истакнува:
    "Еве, нашето ДПМ е спремно да потроши 19.000.000 ден. за антологија во која нема да најдете ниту една ПИЧКА, и ниту еден КУР. Тоа е цензурирана литература на самоцензурирани автори. Исфрлањето на овие два збора од вокабуларот на еден писател е исто како да се обидувате да ја дефинирате Земјата без нејзините води.
    Тоа се 60 години на книжевен мрак!
    Е сега, денешниве деца не можат да престанат да ги (зло)употребуваат тие исти пички и куреви. Што значи ова, ако не нови 60 години литературно помодарство?
    Ако министерството им одобри макар третина од тие силни пари на оние сенилни шкрабери, тоа ќе биде погреб на модерната македонска книжевност, а не одраз на целокупната македонска литература".
    Андерграундот станува меинстрим испливувајќи на површината, за нешто ново, па можеби и старото, (повторно) да стане андерграунд.
    Ова не е круг, туку повеќе е спирала која ја отсликува состојбата главно во уметноста, која за жал, ја има лошата навика да зарамува, да речеме стилски, жанровски итн.
    А стилот, односно препознатливоста, е уште еден доказ за човековата ограниченост.
    Прифаќајќи ги овие рамки, кои не се наши, туку наметнати или стекнати, ја убиваме индивидуалноста кај нас. Ваквата ситуација бара константна будност и преиспитување кај сите од нас, нешто кое, повторно, се случува многу ретко заради површноста на животот кој го живееме. Темата е комплексна, но, што не е?
    (Dozgulpmus 17 Мај, 2007 - 18:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во една работа ќе се сложам со Букарски, децата просто се одраз на родителите.
    (dr. Max 18 Мај, 2007 - 00:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Виолетова,
    без самоконтрола сите се подложни на манипулации.
    Букаро,
    лееееј, сомнителен си ми ти... толкав коментар а ниедна пцовка, ниедна експлицитна навреда...сигурно си се изнамачил... а бе, ептен си сомителен! Sticking out tongue Smiling
    Фалат воспитни мерки, за тои си во право. Mакар и иронично кажано Smiling
    Ама, андрагогијата кај е у цела оваа ситуација?! Eye-wink
    Верверичке,
    кога вулгарноста стана знак за бунтовност, аргументите станаа теореми кои мора да се докажуваат.
    ХулаХопа,
    претерувам, точно е. Ама намерно Smiling Треба поместување од шиниве по кои праволиниски ни се движи поимот бунтовност последниве децении. Уметноста е индивидуален израз, но изглеа дека индивидуалноста ни е предефинирана.
    Волан,
    шо го ебам, ја су од Кавадарци Sticking out tongue Laughing out loud Smiling
    Dozgulpmus,
    за првиот коментар кажав кај Фемгерила. Ми се допаѓа твојот резон. Навистина нема што да се додаде, се е кажано. Eye-wink
    А за фортепијано то... ех... има тој страшно добри текстови низ архивите на својот блог. Еден од ретките кој умее да направи баланс помеѓу вулгарноста и добриот израз. Во последно време изглеа е во некоја лоша фаза, ама јас се надевам дека ќе му помине и повторно ќе се врати со квалитетни, восхитувачки текстови. Eye-wink
    Спиралното движење кое го спомнуваш, создава ефект на движење по нагорна линија, ама во круг. Хиперболата (и математички и литературно земена) стана уметнички израз. Преувеличуваме до гротеска. И, да... комплексна е темата, но што не е?! Eye-wink
    Поздрав Smiling
    dr.Max,
    прво разложи, па сложи, де Smiling Секогаш постојат исклучоци Eye-wink
    (oksimoron 18 Мај, 2007 - 07:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • колку само си во право драга Оксиморон, Smiling
    се погазуваме себе си на секој чекор обидувајќи се да бидеме различни,
    но исто така и обидувајќи се да бидеме слични,
    очевидно полесно е да се оди по линија на помал отпор,
    очевидно полесно е да се прифатат лошите начини на извитоперена комуникација, полесно е да се спуштаме на пониски нивоа отколку што ни доликува,
    на пример блогосферава,
    баш сега читав некои блогови и не можам да се изначудам на вулгарноста на блогериве, ете на пример кога се дискутира за блог-конференцијата, или често на блогот на Јанко, или на историските блогови...
    веднаш пцовки, гадотии, вулгарности и перверзии, штета,
    а само кога со малку самоконтрола и држење до своето ниво на култура би останале свои...
    голем поздрав!
    (gersanina 18 Мај, 2007 - 07:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • За да не бидам папагал, ќе кажам само дека за муабетов пливам во истите води како и пинвинот ХулаХопа (RIBARO 18 Мај, 2007 - 09:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Dr.Max родителите не можат да бидат со своите деца кога се на училиште, надвор излезени да играат,кога...децата ги восприемаат по дифолт работите кои родителите дома не ги прават, користат или зборуваат. така да не ти баш држи муабетот.
    окси, ти донекаде си во право, ама сепак повеќе се сложувам со хулахопа и рибаро.
    тоа е тоа. Smiling
    (Aphrodite 18 Мај, 2007 - 09:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ух, ме збуни. Smiling Си помислив си одлепила Eye-wink
    (Леонова 18 Мај, 2007 - 09:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Нашиот менталитет подразбира дека сите сме препаметни и треба да бидеме шефови, а не работници (да не си шеф). Sad
    Од тука поаѓаат многу проблеми што ги имаме и во државата и во релации со луѓе/земји надвор.
    (Natka 18 Мај, 2007 - 10:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Драга Оксиморонке,
    Би сакал да Ви го пренесам задоволството после читањето на Вашиот пост. Тој е прецизен, концентриран и зборува за навистина битни нешта. Јас ќе се обидам да прокоментирам со Вас и со оној дел од коментарите за кои сметам дека го следат прашањето кое Вие го поставувате, зашто имам чувство дека низ многуте коментари малку се изгуби фокусот и работите се развлекоа на различни страни. Се на се, комплиментите се на страна на Вашиот пост од прва причина што воопшто претставува основа на ваков широк интерес и аргументации. Многу, многу нови прашања се отворија низ коментарите за кои навистина вреди повеќе да се анализираат и на кои се надевам во иднина сите заедно ќе им се обратиме. Посебно интересни во тој контекст ми беа коментарите на ХулаХопа и Dozqulpmus околу поврзаноста на темиве со уметноста, being an artist myself.
    Ми се чини дека работата не е толку во „забранетоста на работите“ кои Ве ги спомнувате, туку корените на целата бруталност многу повеќе лежат во одбивањето да се препуштиме на сопствените слабости. Имено денес се нарекуваат слабости и мекушавења сите оние ситни гестови кои ги редите и Вие и alex.bukarski и за кои во некоја рамка пишува и Dozqulpmus, па во обидот да се проектира супериорна позиција во однос на сите други околу нас (со исклучок можеби на оние кои сме ги одбрале за да им ја презентираме нашата „супериорност“ во однос на другите, зашто секоја проекција си бара своја публика), грубо се фалсификуваат и тотално се обезвреднуваат цивилизациски и културни вредности. Грубоста (ако веќе така одлучивме да ја нарекуваме) доаѓа од паничната потреба да се скријат слабостите (или оние нешта за кои сметаме дека можат да се протолкуваат како наши слабости). Сето тоа е од просто незнаење и немоќ да се справиме со светот околу нас. Од недостиг на трпение и на разбирање. Ако одиме докрај, од одбивање. Денес СЕ ОДБИВА да се биде трпелив и СЕ ОДБИВА да се има разбирање. Тоа се самоволни избори и тука нема простор ниту за жалење, ниту за милост. By the way, одличен коментар во оваа насока имаше Dozqulpmus.
    Не би се сложил докрај со забелешките на alex.bukarski и dr. Max бидејќи сметам дека сето ова нема толку врска со некакви односи помеѓу младите и старите или децата и родителите, туку дека бруталноста е генерален интер-генерациски принцип на комуникација денес, и тоа од примери во бурекџилница до примери со војни од светски размери. Макар што понекогаш (на овие простори), примерите од бурекџилниците, како кај Хармс, многу лесно и брзо прераснуваат во примери со војни од светски размери.
    Можеме понатаму да разглобуваме откаде доаѓаат овие текови и кои се причините за нив (што од сето ова потпаѓа како грев на образованието, што како грев на домашното опкружување, што како грев на глобалните тенденции, што како грев на нешто сосема друго, и што конечно како грев на односот помеѓу проекцијата и публиката во контекстот кој го спомнав погоре) но за тоа требаат подлабоки анализи на нашиот Zeitgeist.
    Во секој случај, поздрав до сите.
    (Crnorizec Hrabar 18 Мај, 2007 - 12:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Кога пцовката добива смисла, престанува да биде обична пцовка и ако е употребена во уметнички контекст, дури и не е пцовка! Читајќи зборови, но не и нивната смисла, можеме да заглавиме осудувајќи!
    Кога сета негативност добива смисла - станува убавина. Болка - убавина. Пцовка - убавина. Што да цртам после мртвиот син?! Секако дека размислите ќе се сменат, но ако целата приказна добие поента и смисла тогаш задачата на авторот е решена.
    Archie Shepp, тенор саксофонистот, бил прашан зошто во неговата музика има толку измешани емоции, љубов, агресија, толку невиност, но и гнилост?
    Archie одговорил дека додека бил дете, на неделната миса во црквата каде живеел, некој од белите луѓе фрлил бомба во црквата и тој гледал и поминувал низ парчињата тела од неговите родители, роднини... "Како сакате да свирам?"
    Кога на нешто олку силно успееш да му дадеш смисла, твојата работа е завршена.
    Уметноста се храни од болката која рика од тага, за да ја трансформира во естетика која плаче од среќа.
    (Dozgulpmus 18 Мај, 2007 - 12:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Плеасе рефер то реллевант портионс оф „Тхе Пицтуре оф Дориан Граѕ“ бѕ О.Њилде.
    П.С. Ова е само протест поради неможноста да се дадат коментари на латиница.
    (Crnorizec Hrabar 18 Мај, 2007 - 12:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Драга блог-пријателке, и контролата и самоконтролата се во прашање, како што велиш! Но, најмногу од се`, синдромот на самоуништување на сопствените корени!
    Подолу е мојот скромен придонес кон темата.
    АЈДЕ ДА ПИШУВАМЕ (ЗБОРУВАМЕ) МАКЕДОНСКИ!
    ЗБОРУВАМЕ ЛИ МАКЕДОНСКИ?
    Срдечно!
    (encyclopedia ga… 18 Мај, 2007 - 13:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • аманте бре луѓе веќе со овие квази-патриотски паранои од типот „да зборуваме македонски“.. некој наскоро ќе предложи да почнеме пак да пишуваме на глаголица.. аман..
    (Crnorizec Hrabar 18 Мај, 2007 - 15:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Crnorizec, How cаn I do this?!
    (Dozgulpmus 18 Мај, 2007 - 15:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • П.С. Ако "Уметноста се храни од болката која рика од тага, за да ја трансформира во естетика која плаче од среќа" треба да реферира на некого, тогаш тоа би бил Дозгулпмус. Ако, секако, мислеше на ова во својот коментар.
    (Dozgulpmus 18 Мај, 2007 - 15:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Dozgulpmus, првенствено мислев на предговорот што Вајлд го пишува, во кој на неколку места тој поставува референтни точки околу односот помеѓу уметноста и убавината, уметноста и моралот и помеѓу уметноста и етиката... Иако тоа се навистина кратки забелешки на Вајлд, сепак отвораат прашања за чие разгледување потребно е да се напишат многу повеќе редови.
    Извини за недоволната јасност на претходниот пост. И ти благодарам што сподели дел од искуството на Archie Shepp со мене.. И со сите нас.
    (Crnorizec Hrabar 18 Мај, 2007 - 16:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • И плус, драг/а Dozgulpmus, би сакал да ти ја препорачам современата Британска драматичарка Сара Кејн (Sarah Kane), во контекст на сето кажано за болката и убавината. Таа одлично се вклопува во разговорите за тоа како болката создава неверојатна уметност, после која се будиш во ноќи, со насолзени очи.
    П.С. На крај излезе дека и јас се изместив од фокусот на првичниот пост на Оксиморон. SmilingОксиморонке, модерирај! Smiling
    (Crnorizec Hrabar 18 Мај, 2007 - 16:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Пред можеби 40-ина години, кога македонските композитори требале да направат нешто како официјална благодарница до нивните претходници, Атанас Бадев, бардот на македонските композитори, бил ставен во кошот на недоумицата. Дали Бадев би требало да го испочитуваме како дел од нашето ВРЕДНО наследство?! Бадев е и тоа како значаен гледано историски. Неговата музика можеби не е нешто посебно вредна или оригинална гледано уметнички, но човекот е тој кој што го почна патот. Тој е тој кој што го скрши мразот и секако дека би морал да биде испочитуван. Како и да е, дискусијата во еден момент зоврела и темата се расплинала до немај-каде! Во зенитот на овој калабалак од размисли и идеи, еден од присутните станал и извикал: Продолжете, па ова е убавина!
    П.С. Фала за Кејн
    (Dozgulpmus 18 Мај, 2007 - 17:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, добар текст со многу вистина. Ама друго ми е муабетот, извини не за тебе, за оној горе Букаро.
    Букар ова е второто ти во тебе, раздвоена личност?
    Уште еднаш извини Окси на мојов коментар.
    (za bukar 18 Мај, 2007 - 17:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Драга г-це,
    и јас да дадам еден скромен допринос кон мошне интригантната дискусија која се разви на твојот блог:
    Добро бе окси, нели осеќаш како те работат и Букарски и овој Црноризец (мада за вториов не сум сигурен, може и озбилен да е). А коментарите на Дузглупумус се такви што на кој сака блог може да си ги постира. Од толкаво општо-човечко значење де, што ништо не менува во однос на конкретната тема. Smiling
    Знаеш ли што е важна карактеристика на добар писател? Го употребува правиот збор на правото место. Нема ништо послатко од тоа да се прочита сочна пцовка онаму каде драмскиот набој си го бара тоа. Секако, една воспитана млада дама како ти можеби не се осеќа пријатно во едно такво друштво на момци со пиратски речник, али мене па ми е уште понепријатно во друштво на луѓе што лицето во сукњата на мама го пикаат секогаш кога ќе го слушант зборот кур. Не се работи за бунтовност (wtf?), туку за слободно и искрено изразување. Кој има проблем со зборот кур има проблем и со прав кур, ерго има длабок проблем со себе и својата сексуалност.
    Само да не се претерува зашто ќе се изгуби магичниот ефект, и тогаш веќе „кур„ станува еден така прозаичен збор како „евро-интеграција„, што е вистинска штета за органот. Smiling
    Инаку не ти е потполно утната поентата, само што јас поинаку би ја срочил. Не ми пречи речникот, ми пречи односот према другите, демек ако сум на блог можам се да лупнам и секого да навредам и потоа жив да останам, па ајде удри. Само покажува каков зачмаен живот некој има ако мора интернетот вентил да му буде за да лечи пубертетски комплекси со слобода на изразување.
    (Сатаниел 19 Мај, 2007 - 01:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Леееееј, ама муабет сте си разврзале тука! Ја по матурски, а вие тука сте ја разглобиле темава до детали. Ма, шрафови летаат на сите страни. Браво,бе!
    Gersanina,
    Право во центар гаѓаш , мила Eye-wink
    Голем поздрав и до тебе Smiling
    Рибаро и Афродита,
    И јас се сложувам со ХулаХопа дека околината се рефлектира во нашето однесување и делување, во уметноста па и вокабуларот. Но, околината – тоа сме сите ние еден за друг. За менување на нештата не треба да се обидуваме да ги менуваме другите или да го правдаме нашето однесување со нивното рефлексирање, треба да тргнеме од себе, за да тоа се рефлектира на другите околу нас. Eye-wink
    Леонова,
    а бе, у секој случај... подобро одлепена, отколку залепена, зар не?! Eye-wink
    Натка,
    Не, не сум шеф. Јас сум си обичен работник. И не ми е проблем тоа Eye-wink
    Црноризец,
    Фала за доприносот кон темата Smiling
    Трпеливоста и разбирањето бараат вложување без загарантирана добивка, а никој денес не сака такви вложувања. Очигледно е дека е полесно е да се биде брутален, бар однапред си ја знае човек вината и после нема гајле кога го обвинуваат Eye-wink
    Доријан Греј ти е одличен пример Smiling
    Dozgulpmus,
    И до тебе благоданост за доприносот кон темава.
    Ова ти е многу прецизно:
    „Кога пцовката добива смисла, престанува да биде обична пцовка и ако е употребена во уметнички контекст, дури и не е пцовка! Читајќи зборови, но не и нивната смисла, можеме да заглавиме осудувајќи!“
    Тука, во оваа грмушка лежи зајакот. Наместо да се концентрираме на смисолот на тоа што кажуваме, ние се фокусираме на вулгарноста на изразот и ... ја губиме смислата! Па, се вадиме на бунтовност демек. Или уште полошо - на уметност. Уметноста бара разновидност и оригиналност во изразувањето, а повеќето упорно се повторуваат со пцовките, демек се е кажано со нив. Е, па не е! Пцовките можат да изразат револт, но во контекст на аргументирана дискусија која елаборира причини и последици во однос на темите и дилемите.
    Уметноста најчесто се храни од тагата, но тагата не се изразува само со грубост. Само изгледа дека е најлесен избор. Никој нема трпение да бара пософистицирани изрази. Тажно е тоа.
    Никола (Продавница на тајни),
    Се согласувам за употребата на македонскиот говор, но и зборовите „пичка“, „кур“ и „ебење“ се македонски зборови Smiling
    Не иритира нивната употреба, туку користењето и кај шо треба и кај шо не треба. Префорсираноста иритира Eye-wink
    За букар,
    не е тој раздвоена лична. Само многу сака да се зеза, и често тоа го прави на своја сметка без да забележи Eye-wink Инаку, не е лошо дете. Кога ќе порасне ќе биде друга приказна Sticking out tongue Smiling
    Сатаниел,
    Фала за укажувањата, душо. Не би забележала да не ми кажеше Sticking out tongue Laughing out loud
    Мене не ми смета да се употребуваат вистинските изрази за нештата, туку нивната метафорична употреба во навредлив контекст. Како што рече ти – има смисол кога се употребува правиот збор на правото место. Smiling Ама, кога истиот збор се користи пречесто и таму кај што не му е местото се губи од значењето. Тоа е и поентата на текстов – вулгарностите не зборуваат сами по себе, треба мисла, треба содржина.
    А, тие кои се срамат кога некој ќе употреби вулгарност во нивно присувство – навистина имаат проблем со својата сексуалност. Еве, и за тоа се согласувам со тебе. Сал, симптоматично ми е што ко пример го земаш само зборот „кур“... кој со шо има проблем, деSticking out tongue Laughing out loud (шега, шега... нуму сеа да се навредиш,де) Eye-wink
    Инаку, за употребата на вулгарностите, кај нас во Кавадарци во две минути муабет стопати ти ебаваат мајката Smiling Оперисани сме од непријатност при слушањето на такви изрази Eye-wink
    И, целиов проблем за кој зборам е лоциран во последната реченица од својот коментар. Многу прецизно. Поздрав и до тебе Smiling
    (oksimoron 19 Мај, 2007 - 08:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Кон бруталноста и експлицитноста
    Не знам дали некој од вас, драги соговорници, налетал на претстава режирана од Срѓан Јаниќиевиќ по некој од скопскиве театри. Тој тип си имаше зададено себеси задача да не просветли со тоа што ќе ни постави современи британски драмски текстови, за да ни покаже колку сме ние промашена средина и колку не водиме дијалог со светските трендови. За оние кои можеби не знаат, современата британска драматургија создаде еден специфичен поглед и третман на општеството денес, уште познат и како in-yer-face theatre. Тоа значеше дека тоа што тие имаат да го кажат, или поточно крикнат, ќе се плесне право во лице, како силен шамар, без дополнително објаснување, образложување или лигавење. А ако дигнеш две прстиња и побараш дополнително објаснување, ќе бидеш замолен полека да си ги спуштиш панталончињата/да го подигнеш фустанчето за да ти го опнат газето на некој ѕид. Бруталноста и експлицитноста на говорот беа/се нивно оружје. И не само на говорот. Таму имате многу пострашни, поморбидни и поболни нешта отколку просто набројување на курови, пички и останати внатрешни органи. Таму на пример, еден новинар во една хотелска соба во Лидс силува ретардирана девојка, па таа потоа му ги вади очите, па на други места имате многу дркања, силувања со штрафцигери, промена на полот скоро без анестезија и останати шопинзи и факинзи. Такви текстови (или делови од нив) се и некои текстови на Дејан Дуковски. Проблемот во ситуацијава е во тоа што за тој што има очи да види, во сите тие текстови (или да речеме во најголемиот дел од нив), сето ова физичко и вербално насилство не е најважно. Воопшто. Тоа е само форма. Она што е битно е, се разбира, скриено зад тие настани. И вистински грев е такви текстови да гледате на сцена, изрежирани од такви безмалку идиоти како Јаниќиевиќ, кој (како скопско типче кое се прикажува меѓу другото и за режисер) би требало да знае дека таквата шокантност во формата е сепак - само форма. Содржината е нешто сосема друго, за жал недофатно за неговите претстави. Оттаму денешната публика кај нас има впечаток дека новата британска драматургија не му носи на светот ништо повеќе освен пцовки, бљувотини, силувања и страшни насилства. Навистина е грев кога такво оружје, како бруталноста и експлицитноста на говорот и акциите, ќе му се „поклони“ на некој кој нема капацитет ни сам да го разбере, а да не збориме за можноста да ни укаже и на сите нам за големата општочовечка идеја што ја носат овие текстови.
    И како што е важно местото на пцовката, драги мои, уште поважен ми се гледа и начинот на кој е плесната во лице.
    (Crnorizec Hrabar 19 Мај, 2007 - 11:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Црноризец Храбар,
    повеќето денес се сконцентрирани на формата, ретко кој ја забележува содржината. Во наметнатото брзо темпо на живот, се добива впечаток дека дејството почнува и завршува во фазата на восприемање т.е. откако очите и ушите ќе регистрираат слика и тон, а пред да се пренесат информациите до мозокот, па тој да ги обработи податоците Eye-wink Smiling
    И, зарем се потрошија сите форми за уметничко изразување, па се зеде бруталноста како единствена преостаната ?!
    А за местото и начинот.... за таа важност зборам и јас - изгубена е зашто нема ни контрола ни самоконтрола. Со тоа, нема ни смисол повеќе Eye-wink
    (oksimoron 19 Мај, 2007 - 21:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Уф, уф...колку пцовки! Smiling
    (Бунка 19 Мај, 2007 - 22:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еј, андерграунд суштество, да се изразам пубертетско-андерграунд,текстов ти е ЗАКОН!:-) (puf 19 Мај, 2007 - 22:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Или имаме проблеми со контролата или со СУБконтролата. Се контролираме во погрешна насока, се стегаме, бегајќи од животот, за да ги одврземе вентилите на погрешен начин, во погрешна насока, еба ви мајката, ебави Smiling
    (seelenluft 21 Мај, 2007 - 17:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунка,
    ќе ме биде за индивидуалец,а? Глеј шо сочно пцујам Smiling
    А бе, ја не сум знаела каков индивидуалец се криел во мене.... андерграунд,де Sticking out tongue Laughing out loud
    Пуф,
    нуму сеа закон, де. Тоа повлекува и одговорност. Smiling
    seelenluft,
    контрола, самоконтрола, субконтрола.... ебати индивидуалноста која се мери според вулгарноста на изразот Smiling
    (oksimoron 22 Мај, 2007 - 19:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • се согласувам со виолетова дека најтешка работа е да се контролираш себеси.,но би додал најтешка работа е да се контролираш себеси но пред себеси,а пред други луге сепак се успева некако. (tristan 22 Мај, 2007 - 19:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Храброста не е отсувство на страв, туку одлука за делување и покрај него.... ме бендиса ова.
    Окси, што значи да бидеш андерграунд? Веројатно за повеќето, тоа е да пцуеш, да си вулгарен, да навредуваш? Која е целта? Не дека некогаш сум сватила зошто е потребно да пцуеш за да се вклопиш, меѓутоа се ми се чини дека е тоа поради желбата „да се биде во мода“
    Велиш „Забрането е да сакаш да се дружиш со другите луѓе. Забрането е да разговараш без да навредуваш и пцуеш.“. Не се согласувам. Сето ова е само еден производ на жаргонското и уличното влијание. Макс алудираше на родителите, за што повторно не се согласувам. Родителите, да, имаат кривица, но само делумно. Останатото е на свеста на оној кој ќе реши да пцуе.
    ВО тој андерграунд свет, еве така да го наречам, не би требало да стравуваш од фактот што би можел да бидеш прогласен за морализатор, бидејќи, тоа секако, нема да се случи. Паметни се таквите луѓе, можеби и повеќе од колку што изгледа, едуцирани, единствено што подлегнале на пцовките кои денес се неизбежен дел од нашето секојдневие.
    Пцујам јас, пцуе мајка ми, татко ми, комшиите, професорите, ми пцуе тренерот на балет, друштвото, па и баба ми....
    поздрав
    (Ki 28 Мај, 2007 - 10:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • No comments:

    Post a Comment