Американската конгресменка Каролин Малони покрај новата резолуција за Македонија, поднесе и иницијатива до американскиот Претставнички дом за елиминација на македонските учебници зашто ширеле пропаганда. Изгледа сака да работи во нашето Министерство за образование. Зошто некој не и каже дека тука платите се мали и да си седи таму кај што си е, грижејќи се за образованието на тие кои и дале доверба да ги застапува ?!
Туку, ајде малце хипотетички.... еве, ако успее иницијативата, ако биде прифатена во американскиот Претставнички дом, па преточена во препорака од американската администрација до нашата влада и, како и сите „препораки“ од таму, биде реализирана со образложение дека „тоа се бара од нас“ заради... ма не е важно заради што, важно СЕ БАРА од нас... ете, ќе ги едитираме нашите учебници, ќе ги забраниме лектирите во кои се пишува за тој период од нашата историја, ќе елиминираме секаков запис за спорното ни минато од кое црпиме аргументи за нашето име... Што потоа?! Дали ќе се премине на бришење т.е. едитирање на меморијата на генерациите кои веќе го завршиле своето образование (со спорните учебници)? Или, елиминација на оние постарите, сеуште живи сведоци за историските случувања – оние што несмеат да влезат во Грција затоа што во пасошот им пише родно место некое село кое во моментот кога се родиле било македонско а сега е грчко? Еутанзија за нив. Погрешен им е кодот за новиот матрикс. За Новата Македонија.
Денес се прославија 104 години од смртта на Гоце Делчев. Човекот кој се декларирал како македонец години пред Балканските војни. Бил роден во село во денешна Грција. Го разбирал светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. Но, што фајде од тоа... светот не го разбра него. Културата се отркалaла до шумата и одтогаш и се губи секаков траг. Остана сал натпреварот помеѓу народите. Бокс меч. Велат времето работело за нас. Одбројува 1....2....3....стануваме на 9. Одвај. Уште колку рунди има до крајот? И колку ниски удари сме подготвени да издржиме без да реагираме?!
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 4 Мај, 2007 - 22:14
Коментари:
(Бунка 4 Мај, 2007 - 22:36 | логирај се за да пишуваш коментари) (волан 4 Мај, 2007 - 22:38 | логирај се за да пишуваш коментари) (кибицер 4 Мај, 2007 - 23:30 | логирај се за да пишуваш коментари) па потоа.. туку.. додека некои аргументи црпат.. на други црпките во трските.. п.с..ттттт.. ако ни побараат.. ќе им дадат.. (Амидон 4 Мај, 2007 - 23:31 | логирај се за да пишуваш коментари) http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1076&ArticleID=70394 (Амидон 4 Мај, 2007 - 23:41 | логирај се за да пишуваш коментари) не ми уфкај... Волан, а бе, паѓаме, стануваме и... пак сме у калта Кибицер, токму така. Се прашувам само дали оваа иницијатива ќе ги опфати и историските музеи во Британија и Франција каде се чуваат многу документи и мапи за овој простор од времето пред Балканските војни. Амидон, крајот го краси делото. Заплет, кулуминиација и расплет со него добар линк, кај го ископа јаснесумјас, дедо му на сопругот е единствен од својата фамилија кој побегнал во Македонија во периодот кога се вршело асимилација на населението во Егејска Македонија. Пред неколку години почина брат му (во Грција)и тој не можеше да отиде на погреб, не го пуштија на грчката граница затоа што во пасошот му пишуваше родно место Лерин, Македонија. Сите кои се родени во периодот пред поделбата, се воделе како жители на тогашна Отоманска Европска провинција Македонија, која ги опфаќала и Пиринска и Егејска и Вардарска Маледонија заедно. Потоа границите се прекројувале, но останува записот од раѓањето. Затоа и имаат проблем тие луѓе. А времето... кое велат работи за нас - ги згази. Инаку, за државно или етничко.... пред осамостојувањето сите бевме по државност Југословени ...и Македонци, Срби, Хрвати, Словени .... ако се гледа на државјанство(македонско) - нема постаро од 16 години (oksimoron 5 Мај, 2007 - 00:22 | логирај се за да пишуваш коментари) (Бунка 5 Мај, 2007 - 21:47 | логирај се за да пишуваш коментари) како минува времето, стануваат се поагресивни и.... поналудничави грциве. Барањево за промена на учебниците ги надминува сите здраворазумски перцепции за „проблемот“ со нашето име и историја. Мене сал ми е криво што нашиве млако реагираат. Можеби е тактички - игра со нервите ... ама, незнам чии Верверичке, а бе, дај не коби вака - масовна измена на колективната свест... Ние сеуште сме во колективна несвест, има да се изначекаат дур се свестиме па да делуваат на нас. Ко шо викаше Бубо од К-15 - ние на кондиција ги фаќаме А за тоа дека мора да се скине ластикот наречен привремена спогодба за името - прав си. (oksimoron 5 Мај, 2007 - 21:50 | логирај се за да пишуваш коментари) одамна не си јал ќотек, а? Е па, нема ни сеа. Седи гладен. (oksimoron 5 Мај, 2007 - 21:53 | логирај се за да пишуваш коментари) и дај, Oxy, речи им нека престанат да ме реметат веќе. ми се повраќа (iacovibus 8 Мај, 2007 - 16:11 | логирај се за да пишуваш коментари) нека што го претворија натпреварот помеѓу народите во бокс-меч, туку и ниски удари маваат,бе. п.с.Јас веќе повратив. Слаб желудник имам, тешко вари вакви провокации (oksimoron 9 Мај, 2007 - 19:12 | логирај се за да пишуваш коментари) тие ќе ми се правеле на ЕНГЛЕЗИ.. http://news.bbc.co.uk/2/hi/science/nature/6621319.stm п.с... нека си расчистат.. кој прв почна маме му е.... (Амидон 13 Мај, 2007 - 02:49 | логирај се за да пишуваш коментари) |
No comments:
Post a Comment