Saturday, April 05, 2014

Сакам-несакам


На некои луѓе никако да им тргне од рака, ако не им оди под рака. А на други ни така. Па сите рака за рака...
ДУИ: „ Се враќаме во парламент.... не се враќаме. Се враќаме...не се враќаме...“
ДПА: „ Излегуваме од владината коалиција... не излегуваме. Излегуваме... не излегуваме....“
НСДП: „ Не‘ маргинализираат... не не‘ маргинализираат. Не‘.... не не‘...
ВМРО-ДПМНЕ: „ Имаме мнозинство во парламентот.... немаме мнозинство. Имаме... немаме...“
СДСМ: „ Не бидува за опозиција... не не бидува. Не‘ бидува... не не‘ бидува...“
Eден виц за Дивиот Запад. Влегува каубојот Џон во Барот и се налактува на шанкот. Го прашува тој од неговата лева страна:
- Сакаш пиво?
-Не сакам - одговорил тој.
Џон вади пиштол и го застрелува. Потоа се врти и го прашува тој од десната страна:
- Ти, бе, сакаш пиво?
- Сакам - одговара уплашено овој.
А Џон го застрелува и него. Го дува чадот од пиштолот и вели:
- Кај мене нема сакам-несакам.
Изгледа вицов ќе ни стане реалност. Ќе дојде Џон кај нас у МК да ги расчисти дилемите. Кога сме толку неодлучни самите....

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 28 Мај, 2007 - 20:38

Коментари:
  • Еден copy/paste можит? Smiling
    --------------------------------------------
    Џам, не дека се фалам ама ко баба Ванѓа сум(во склоп на моето лаење коментаторско вчера) Eye-wink...
    Читај како Европа реагира на најавите и контра-игрите на
    “наивниоот Груевски и и уште понаивниот Џафери“...ЕУ: Предвремени избори е погубно решение за Македонија
    (она со баба и дедо Ванѓа нема врска Smiling, него имам некоја природна карактеристика брзо и правилно да анализирам некоја ситуација, а да пишувам постови на тема политика, подобро не, ќе почнат да ме следат па можда и портпаролтско место ќе ми дадат Eye-wink just kidding шо би рекле европските тинејџери од англиското говорно подрачје.)
    Во целата оваа ситуација која се режира од страна на ЕУ-курвата како што ја нарекувале во некои минати времиња, на некои луѓе не им е јасна причината ЗОШТО политичко-терористичкото ЛЕГАЛИЗИРАНО(од ЕУ) крило е љубениот им вонбрачен син. Уште на тоа ако се додаде дека синот и е сериски убиец, испаѓа дека токму мајка му, значи проститутката, е онаа која му всадила психичка траума на сопственото и омилено чедо. При очи има слепи...МОРА ДА ГО ОПРАВДААТ КРИМИНАЛОТ-ТЕРОРИЗМОТ КОЈ ТОКМУ ТИЕ ЕВРОПСКИТЕ БОРЦИ ПРОТИВ ТЕРОРИЗАМ И СЕПАРАТИЗАМ ГО ОДОБРИЈА И ОПРАВДАА. Имам уште многу...ај можда ќе се предомислам и партали ќе разлетам...во целата оваа приказна тесно е поврзана и приказната за Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски.
    Да ќе заборавев, ова е приказна која и се сервира на мак.јавност БУЛВАЛНО одма по моментот на објавата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, а пласирано токму од курвата.
    Изјавата на Ермира Мехмети, поточно оној Адеми...
    (парафразирам)
    -Ние победивме на овие избори и очекуваме да не поканат на преговори за состав на нова влада...
    П.С. Четврти пат го апдејтувам коментаров. Зрело е за пишанка, ама боље не. Smiling
    (Бунка 28 Мај, 2007 - 20:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сакав да кажам.... не, не сакам.... Smiling
    (Внукот 28 Мај, 2007 - 20:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А бе цар си Smiling
    ..Ова Бог де Sticking out tongue
    не... Гуру
    или...
    не пукај... си одам Smiling
    (seelenluft 28 Мај, 2007 - 20:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • реши....
    (анка 28 Мај, 2007 - 21:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Додека одлучиме дали сакаме или не сакаме и што всушност сакаме, ни отиде возот.(KLIKER 28 Мај, 2007 - 21:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ми се допаѓа! (БЕЗ не ми се допаѓа)
    (Dozgulpmus 28 Мај, 2007 - 21:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • влегува Џон у кафана и вреска..
    кога пие Џон..
    сите пијат..
    сите ураааа..
    потоа Џон..
    кога плаќа Џон..
    сите плаќаат...
    паралела???????????????
    при пиење пиво (од постот)се оди во ВЦ..
    и така Амидон си го држи над писоарот..
    и ете ти го Џон кај влегува..
    ни едно ни две..
    мое вртење и врескање..
    ијјјј Џон Вејн...
    заклучок?...
    (Амидон 28 Мај, 2007 - 21:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ОК (Анорексичниот 28 Мај, 2007 - 23:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Да незнаев дека ова групиве се викаат партии, ќе мислев дека се размазени деца на кој нема кој да им удри стап дренов по газовите.
    Политички партии - најлигави креации од северот до југот... на МК.
    http://deejay.blog.hr
    (Диџеј 29 Мај, 2007 - 01:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Абе боксерот мисли дека е многу паметен и моќен па го дрибла Ахмети, демек не можат да се договорат. И ќе мора нови избори, на кои боксерот мисли дека ќе освои се. А бе затоа е он боксер со криви нозе. Грдото дете не знае што го чека, не знае дека е прочитан. Ќе гледаме сеир и оваа лето не можам да дочекам на есен да ги гледам ВМРОВЦИТЕ како ги апсат, а колку криминал имат направено богами ќе има смеа:))))).(macedonia 29 Мај, 2007 - 08:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во Кавадраци викат се врте вааа. (macedonia 29 Мај, 2007 - 08:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ми се допаѓа вицот! Smiling
    Значи не е наш, вицот мислам? Eye-wink
    Поздрав Smiling
    (Natka 29 Мај, 2007 - 08:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оху, twelve points!
    L'Oxie, douze points!
    Cool
    (iacovibus 29 Мај, 2007 - 15:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунка,
    има нешто во тоа што велиш... ете и ДПА во минатиот собраниски состав го напушти парламентот во одреден период, па ни Европа ни тогашната владејачка гарнитура во МК не се претргнаа да ги вратат назад, ниту пак се креираа „кризи“ кои би се решавале со „дијалози“. Ама, тогаш беа нормални времиња во кои немаше духови од договори (у рамки,де) за заплашување. Сега меѓународната заедница се штити од сеништата на сопствените грешки со нивно протежирање. А ние со нашата неодлучност и помагаме Smiling
    п.с. дедо Вангел,а? Sticking out tongue Laughing out loud
    баба Трајанка,
    кажи, де.... уствари, не - не кажувај Eye-wink
    seelenluft,
    а бе, не си оди... глеј што убаво ти тргна. Не се плаши, со ќорци пукам Smiling
    анка,
    реши, па и згреши ако треба. Ама, мислам дека сум неодлучна... или не сум... ма, сум... или не сум?! хм... Smiling
    Кликер,
    хехехе, а овие од Европа велат дека ќе сме скокале од воз во движење.... каков воз,бре - чек прво да се качиме на него! Smiling
    Dozgulpmus,
    мене не ми се допаѓа. До кога ќе ги живееме вицевите?! Laughing out loud Eye-wink
    Амидон,
    опасен е Џон Smiling
    Сеа... настрадуваат и панталоните некоаш у афективни состојби, де Eye-wink
    Диџеј,
    у секој возрасен се крие по некое дете, ама кај овие возрасниот е скриениот изглеа Smiling
    macedonia,
    остај боксерот, арно си ја тера тој работата, сал што не може се сам. Туку, бела рада некако овена у целава неодлучност... лист по лист... бидува, не бидува, сака, несака... Smiling
    Викаат у Кавадарци, ама тебе ти се врти у глава од викање изглеа Sticking out tongue Laughing out loud Eye-wink
    Натка,
    мило ми е што ти се допадна вицот. Незнам чиј е, стар виц е, ама у секој случај е НАШ во однос на реализиацијата Eye-wink Smiling
    Поздрав Smiling
    Iacovibus,
    фала, фала Smiling
    Ова евровизиски дух,а?
    Треба пак да пеам? Laughing out loud
    (oksimoron 29 Мај, 2007 - 20:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Одлично. Али како го вклопи вицот свака част! (femgerila 29 Мај, 2007 - 20:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси..
    паралелата..
    е чаламот..
    на Џ(Д)он Грујо..
    пробај да извадиш извод или друг документ во СК...
    ...заклучокот...
    малиот човек си има ретки моменти на задоволство..
    ама Џ(Д)он ќе му се приближи..
    и ќе ја упрска работата...
    важи истото и за партиите..
    (Амидон 29 Мај, 2007 - 22:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • До кога ќе ги живееме вицевите?! Shocked
    А, што ќе се случи кога кловнот ќе ја изгуби сериозноста пред својот настап?!
    (Сериозен сум колку кловн пред настап!)
    (Dozgulpmus 29 Мај, 2007 - 23:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • кој ist the best..
    ВМРО + Кловнови = http://www.youtube.com/watch?v=JleTPTT_SAQ
    (Амидон 29 Мај, 2007 - 23:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Пишман аџии.
    (GoodBytes 31 Мај, 2007 - 00:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • И да ги стрела, арно ќе напрај! (Ki 4 Јуни, 2007 - 18:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не гледам ништо лошо, човек да си каже како сака, колку сака
    што го возбудува, на што му се дига и како најбрзо доживува оргазам.
    Политиката е курва дамнешна, па ги знае сите финеси.
    Разликата е само колку време има на располагање.
    (OgiSinko. 18 Јули, 2007 - 23:18 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment