Friday, April 04, 2014

Време

Немам време за спиење, па сонувам прекувремено. Не успевам да го запазам рокот на помисленоста. Секогаш крадам од терминот на непромисленоста. Постојано брзам движејќи се полека. Чекорам по минутите, а часовите летаат. Пливајќи ги стасувам. Некогаш нурнувам во длабочината на мигот – и губам здив. Тогаш добивам впечаток дека времето запрело. И барам безвременост. А, чувам копнеж со изминат рок на траење. Сосем нов, неупотребуван. Во вителот на вчера, денес, утре ... се врти хаотично моето сега.

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 13 Март, 2006 - 18:52

Коментари:
  • убаво исполнет простор што ми одзеде време! (istok 13 Март, 2006 - 19:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еј ова мене вака ме асоцираше(до мене е) ама ова на стареење ме потсети...ме уплаши:((maliotprinc 14 Март, 2006 - 00:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не е бе за стареење!Нум се плаши, возраста е состојба на умот - млад си дур се чувствуваш така. Smiling
    Постов е за сето помислено , а нереализирано време Eye-wink
    (oksimoron 14 Март, 2006 - 07:46 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment