Friday, April 04, 2014

Приватизација

Едно време, кога некој поединец поседуваше поголем капитал, државата го одземаше и го трансформираше во народен. Процесот го именуваше како национализација. Дали од тој корен беше извлечен и национализмот?! Граматички, држи вода. Национализација – национализам – националист! Значи, ја имаме основата на денешниот проблем. А проблемот треба да се сече у корен.
Беше тоа друга држава, друг систем, но...истиот простор. По безброј перипетии, добивме можност на овој ист простор да градиме нова држава. Со нов систем. Истекоа сите зрнца во клепсидрата и логично беше да се преврти наопаку. Протекоа пак истите зрнца во истиот простор на сосем поинаков начин. Истите луѓе кои порано беа дел од државната власт и национализираа во тоа име, добија можност да приватизираат. Овојпат во свое име. Оно, во суштина и нема којзнае каква разлика. Тогаш имотот се одземаше за да располага државата со него, а сега сопствениците на истиот имот располагаат со државата. Значи се е исто. Тогаш беа државна власт сеа се сопственици. Ни тогаш кур ги болеше, ни сега. И прашуваат дал нас не боли. Е, па, боли! Ама, нив прашањето им е онака...реторичко. Ко и се друго у државава. Ја поседуваат и им се може. Приватизирана држава сме.
Е сеа, во процесот на приватизирање прво се проценува вредноста. Потоа таа вредност се дели на акции. Оној кој ќе го откупи управувачкиот пакет од 51% на акциите, станува управител и менаџира. Успешноста на менаџментот се одредува според висината на реализираниот профит. Со тоа расте и цената на акциите. Управниот одбор (владата) не успеа да го покачи животниот стандард на граѓаните (акционери). Постојано сме во дефицит и се задолжуваме со нови кредити. А вредноста ни паѓа, паѓа...
Потребно ни е ново изборно собрание или отидовме под стечај! Ако веќе не сме. Којзнае!? Има многу конспиративни моменти во целава приватизација. Владата постојано се жали дека не зависело од неа. Може имаме стечајни управници. Ќе не распродадат на делови, еј!

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 11 Март, 2006 - 21:32

Коментари:
  • Има многу конспиративни моменти во целава приватизација.
    Ма нееее... нема конспирација. Се знаат сите кои се и што правеле. Достапни се на јавноста, недостапни на правдата. Плус и големи другарчиња се со тие кои не ги бркаат.
    (GoodBytes 11 Март, 2006 - 23:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Конспиративноста е во поглед на сопственоста na акциите и делбата на профитот (оној кој не фигурира никаде)....сомнителен ми е странскиот фактор. Оној кој би фигурирал ко стечаен управник, де Eye-wink Smiling
    (oksimoron 12 Март, 2006 - 00:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мала додавка за горниот дел.....„Национализација – национализам – националист!-националност...да бидат барем во 1 од 4 зборови застапени 25% нели потпишавме договор:) (maliotprinc 12 Март, 2006 - 01:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • No comments:

    Post a Comment