Friday, April 04, 2014

Криво право

Имаме многу права. Не сме ни свесни колку. Никој не ни кажал точно, ама знаеме дека се многу. Премногу. Тежок товар е тоа. Ни го свива р бетот. Може затоа понекогаш се чувствуваме како магариња - поради силата и издржливоста со која ги носиме нашите права.
Едно бачило е уништено во бурната 2001ва. Не знаеме што точно се случи таа година, зашто секој обид за дефинирање повредува нечии права. Ете, таа година во некаков недефиниран конфликт на права, изгинаа многу јагниња. И овци и коњи. Паднаа како жртви на неразбраноста. Оние кои преживеаа останаа без трло, без покрив над главата. Блееа залиптавено во студените ноќи, без услови за пристоен живот. Под стрес. Кутрите тие. Но, нивниот стопан се сети дека живее во правна држава. Со правни, а и уставни рамки. Држава со закони. Не сме Швајцарија, ама барем законите ни се ко нивното сирење. Квалитетни, де. Закон е закон. Право е право. Чиста тафтологија. Чисти 700 000 евра. „Па ово нема ни у Београду!“-ќе рече некој. (Е па, нема никаде, ама Белград изгледа ни е најдалеку до кај што ни стига паметот!).
Пустото трло си имаше стопан. А стопаните имаат стопански права. Урамени. Настрадаа оние пашитни животинчиња кои немаа стопан. За нив нема оштета. Не им следува. Колатерала на независноста. Сал стопан може да бара правична застапеност. Оно, повеќето се вадат на кривичната застапеност, ама ... ај да не детализираме до толку. Ќе повредиме несакајќи нечии права. Нека другото, никој нема да ни верува дека било несакајќи, дека сме се изгубиле во деталите. Тенденциозно ќе не обвинат за тенденциозност. Имаат право на тоа. Затоа - само без детали, молам. Сал крупно. Унитарно.
Велат, кроткото јагне од две мајки цица. Цица, цица. Ама, не сме сите јагниња пустото. Природата не зезнува често. Пораснавме, демек созреавме. Сега друга поговорка ни думаат - „Кога си овца, секој ќе те стрижи“. А и многу волци се намножија, бре! Оние, на Хобс.
Барам право да ми се одземат сите права. Ми тежат и на плеќите и на разумот. Отсега...фаќам кривини...


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 16 Март, 2006 - 11:17

Коментари:
  • Бравос !!! Отвори многу теми... Ако не си го гледала, гледај го „Мандерлеј“ на Трир, зборува баш за тешкотијата на справување со правата... (makondo 16 Март, 2006 - 11:40 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Другарчево поштено ни ја одрал државава. А не забележав нешто посебно срам да го фати од камерата што направил нешто што од авион се гледа дека е нечесно. Само што нема докази. (GoodBytes 17 Март, 2006 - 03:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А бе јас би рекла државава не дере нас, секојдневно, делче по делче, а понекогаш и одмакнува и некое поголемо парче. (Bi 19 Март, 2006 - 03:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не се прашувај што може државата да стори за тебе, туку што мжеш ти да сториш за државата, рече дечкото, и УМРЕ. А ние, пустите упорно со таа максима. Све је лаж осим смрти, разбираш. Све е превара. Илузионисти ни го снимаат филмот во кој си ги трошиме нашите животи, во споредни улоги. И сеа као ја паметен. Абе уствари сакам да ти кажам дека ми е многу драго шо те запознав и шо пишуваш нешо шо ме тера да го читам, само по себе. (POPEK 19 Март, 2006 - 12:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Kакви кривини младиќу. Пa и ми коња за трку имаамо. Не ми подсустанувај.
    (worm 19 Март, 2006 - 12:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А, бе, коњи имаме, туку .... за друго ми беше муабетот - за она што немаме Eye-wink
    А кога фаќаш кривина од она што го нема - значи на прав пат си! Smiling
    (oksimoron 19 Март, 2006 - 14:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Абе...ке ти простам што си ми го „украл“ никот, ептен ти е добро размислувањето. Да, имаме превише права, па дури на моменти и самите се губиме во нив. Ете и педераната има право да се маа у гз, нели? У секој случај, одличен тектс. Keep on the good work младичу(badmotherfucker 22 Март, 2006 - 11:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Nе знам шо мислиш со тоа „крадење на ник“, ама во секој случај имаш право да си кажеш, нели?! Smiling
    Ај појасни ми
    (oksimoron 22 Март, 2006 - 14:57 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment