Friday, April 04, 2014

Декларативност


Во нашава држава се развива еден нов правец на хипокризична идеологија. Специфична примена на декларативноста. Кога за нешто не е бива, пристапуваме кон примена на методологијата на оваа идеологија. Декларираме.
-Се декларираме како независна држава, а чекаме во стендбај да ни свирне ЕУ, да ни каже што да направиме (без како или зошто).Независно зависиме од нивниот чеиф. И горди сме на независната исполнителност на барањата.
-Се декларираме како мирољубива држава, и мирољубиво испраќаме војници во Ирак како мирољубива подршка на мирољубивиот терор на Америка во Блискиот исток. Воено-мирољубиво улизнување кон НАТО.
-Декларираме унитарност и носиме закони за локална самоуправа и територијална поделба кои отвораат широко врати кон федерализација.
-Декларираме грижа за природните богатства на земјава и инвестираме во тендери за продажба на истото. Го нудиме лицитирајќи со експолоатацијата на трудот како најниска вредност. Капиталот го затвораме со отворени понуди за провизија. Декларирањево го именуваме и како странска инвестиција (за домашни загуби). Се грижиме без грижа на совест.
-Декларираме транспаретнтност при сите конспиративни трансакции на олигарсијата.
Еве, пред секои избори во земјава, декларираме залагања за фер и демократска организација на истите. За-ЛАГА-ња. Ептен ни оди декларативноста. Никој во светот не ја практикува на начин како што ние тоа умееме. Можеме дури и да си го патентираме овој начин како наш изум на безумноста.

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 17 Мај, 2006 - 21:36

Коментари:
  • Не заборавај на декларирањето како Македонци. (Bi 17 Мај, 2006 - 22:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Заборави да кажеш дека декларираме, декларативност, а се се прави матно, задкулиси, скриено. (Jakov 17 Мај, 2006 - 22:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Декларација за самоуништување. (nasty69 17 Мај, 2006 - 22:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • цццццц (ZeleN 17 Мај, 2006 - 22:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оксиморон.Ако сакаш да се скриеш, влези меѓу народ.Кажи ја вистината и никој нема да ти верува.Па ние сме познати по декларативност и пеење песни.Полоши од нас се само Црногорците со своето Чојство и Србите со својата воинственост.Затоа сите ние, што реше некој на блогов сме во западен Б(В)алкан. (OGI SINKO 17 Мај, 2006 - 22:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сосем се согласувам Оги,
    со разно-разно декларирање ја покриваме манифестираната неспособност
    (oksimoron 17 Мај, 2006 - 23:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • БИ, декларирањето како Македонци кое го практикуваме, даде една поинаква димензија на македонштината. Не дека заборавив, ама се обидувам да заборавам. (знаеш, она со непријатните вистини Eye-wink )
    (oksimoron 18 Мај, 2006 - 08:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • декларација или бандерола? Smiling
    (Аrwena 18 Мај, 2006 - 08:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Види стварно ми е жал што си во право. Не дека не е така како што велис, ама сепак јас би додал дека тоа што се онака се случува според желбите на олигархијата и политичките елити, ни најмалку не е случјно. Со таквата декларативна заложба за се и сешто токму таквите го постигнаа саканото. Денес во Македонија народот е разочаран, апатичен, очаен; мудрите им го оставија водењето на државата на глупавите, секој што вреди се дистанцира од одговорноста за овие декларативни заложби . Во таква една ситуација овие гадинки си прават што сакаат и никој не им смета.А оние што малку останавме трезвени ни останува само овој жалосен блог за да се исфилтрираме малку и за да не пукнеме од мака. Продолжи така, се надевам ќе се освести овој народ, па на петти јули ќе гласа од дома, пред телевизорот... А.М.Теофилов (ki4ma 18 Мај, 2006 - 12:36 | логирај сеза да пишуваш коментари)

  • виртуелна држава. ен-ес-ка може вода да ни носи. декларативно не има, ама...
    (Црнориз 18 Мај, 2006 - 12:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • У моменат на ДЕКЛАРИРАЊЕ фер и демократски избори, заштита на малцинствата кај соседите, неменување уставно име, неменливост на постојни граници, пат кон НАТО и ЕУ, културни соработки...настанува нивно ДЕПЛАСИРАЊЕ
    (tv-set on blue 18 Мај, 2006 - 13:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Шо е проблемот,сакам да знам____кој је сјебан а???/
    ја или вие или тие КАЖИ МИ
    (NiNjA Billy 18 Мај, 2006 - 14:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не ти треба да знаеш, Нинџа, седи мирен.
    Ни ја, ни ти, ни они.... сите сме сјебани. Ама, се декларираме као никој Eye-wink
    (oksimoron 18 Мај, 2006 - 15:14 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ки4ма,на ред сме ние да се декларираме на 5-ти јули.
    ТВ, декларативноста ни е депласирана, ама стандардна. Фураме некое ретро изглеа.....
    (oksimoron 18 Мај, 2006 - 15:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јас се декларирав, купувам нов 19 инчен ЛЦД, навивам за Холандија и ќе глеам Светско. До сега се занимавав само со "сериозни теми" ама сеа за прв пат ќе кулирам цело лето у Скопје. Знаеш она ретро, шовинистичко машки: футбал. пивце чипс - а оние "сериозните" нека тепаат време купувајќи гласови. Телефонот го исклучив (недоразбирање со МТ), удба да ме бара нема да ме најде. Се читаме преку лето. П.С. Понудава важи за сите, но во ограничен број, разбира се. (ki4ma 20 Мај, 2006 - 16:40 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment