Friday, April 04, 2014

Реакции...


Жаре (кој инаку многу го почитувам и ми е еден од омилените блогери кои редовно ги читам) ме подбра за постот во кој сум цинична околу борбата за права. Реагира преку пост со наслов Насилтвото е показател за нееднаквост.
Решив мојот одговор да го постирам и тука.
„....да образложам зошто бев цинична и саркастична во наведениот пост за правата на жените.Убаво кажуваш ти - има семејно насилство, има силувања и предрасуди за способностите на жените. Но ај да ги погледнеме и од друга страна тие појави. -Насилство.Статистиките од МВР кои ги приложуваш се факти, но не говорат за немање на права туку за КРШЕЊЕ НА ТИЕ ПРАВА. Тие статистики се показател за % на психички неоформени луѓе кои во недостаток(и неспособност за) на рационални резони се служат со насилни методи. Биолошки мажот е креиран како физички посилен од жената. Но тоа не му дава за право таа физичка надмоќ да ја демонстрира со насилство врз послабите. Тоа право самите си го земаат луѓето кои имаат насилнички код во себе и е насочено не само кон жената туку кон сите во својата околина. Насилниците се насилници во скоро сите ситуации каде доаѓа до израз нивната интелектуална немоќ. Физичката насилност укажува на психичка слабост. Тоа што оваа појава е најчесто насочена кон жените не значи дека тие немаат права како сите, туку постојат злосторници кои ги кршат истите. Следуваат и законски санкции за прекршителите. Исто како и за сите кои ги прекршуваат сите човекови права. Човекови, не женски права.Не велам дека некој не може да ме нападне физички. Може. И ќе ме повреди тоа многу. И физички и психички. Но, нема да сметам дека со тоа ми се повредени правата како жена, дека сум полово дискриминирана или обесправена. Ќе сметам дека врз мене е извршен криминален акт. И ќе дејствувам следствено на тоа-ќе ги третирам насилниците како криминалци и истите ќе ги почувствуваат сите правни механизми кои следуваат за таквата повреда на правата на човекот. На човекот, не само на жената. Оти, која е разликата ако физички ме нападне жена, а не маж?! Дали и тогаш сум дискриминирана?!-Предрасудите.Е, кон ова ми беше насочен сарказмот во постот. Потребно е рушење на предрасудите дека жените мораат да бараат права, дека ако не ги бараат - ќе ги немаат. Правата не се определени со полот, туку тоа се човекови права за сите, без оглед на пол, вера или сексуална припадност. Сакајќи да ги рушат бариерите од предрасуди, жените во повеќето случаи се користат со екстремни, дури искарикирани начини. Бараат права дури и таму кај што не им се скратени и со тоа самите се ставаат во подредена позиција. Тоа е она што мене ме иритира. Наместо да се делува како рамноправен во секој поглед и на секој обид за дискриминирање да се реагира како на криминално дејство насочено против човековите права - тие упорно пропагираат полова застапеност, полова припадност. Па фештите околу прославата на 8ми март, па демонстрирањето на машки манири.....признај дека има простор за сарказам и цинизам тука. -Силување.Е, ова е сосем друга приказна. Го видов постот на Лепа наша и навистина отсликува една реална ситуација за влијанието на ПРЕДРАСУДИТЕ во секојдневието. Многу добар пример е тоа. За мене силувачите се сосем друга категорија на луѓе. Нив ги ставам заедно со педофилите и манијакалните убијци. Најлош тип на криминалци. Тоа се изопачени, психички пореметени луѓе кои својата фрустрираност поради немоќ, неспособност и лично незадоволство од самите себа - ја проектираат преку сексуално злоставување и манијакално изживување врз физички послабите од себе. Злосторници.Знам дека ти се залагаш против смртната казна, но не дај боже, некоја ваква изопачена креатура да ја повреди ќерка ми - мене воопшто нема да ми биде важно дали има или нема смртна казна. Би ја спровела веднаш. Па, ти после пиши дека тоа не е во ред ;) ...“

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 22 Мај, 2006 - 11:48

Коментари:
  • јас се надоврзав со коментарите кај мене на блог, но од една сосема поинаква страна. Ме предизвика и мене текстот на Зомбификација, па напишав едн пост, ама тој пост се уште се бори со хтмл-кодовите на блогерајов.... Laughing out loud))))))))
    (Аrwena 22 Мај, 2006 - 11:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А бе, глеам и ја дека има некаков проблем со ХТМЛто на блогов, не ми излезе уредено како шо требаше. Ама, ќе го исправам покасно, коа ќе профункционира Eye-wink
    Туку, на темава.... го видов твојот пост и навистина темава е обемна и може да се гледа од повеќе аспекти. Мене ми е цел жените да се однесуваат рамноправно во реалност, а не само да манифестираат желба за рамноправност преку квазиборби.
    (oksimoron 22 Мај, 2006 - 12:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Човековите права со оваа скапана властм ги нема, а ако ги барате пред меѓународниот суд ќе помине разумниот рок и ќе остарете во потрагата по правдата.Само транспаретно треба да се изнесе како сега, а после се знае и се збори за македонска револуција.(blogenius 22 Мај, 2006 - 12:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • човековите права..ги поделија во групи..заштита на вакви..такви..онакви..кој каде си има интерес..таму се вметнува..за другите ич не им "чуе"..се партиционираме ли во таа "област"? (anaveno 22 Мај, 2006 - 12:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Баш заради таа поделба на правата и пишував саркастично. Не смее да има никаква поделба. Станува збор за ЧОВЕКОВИ права.
    (oksimoron 22 Мај, 2006 - 12:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Тотално се сложувам, али следен пат, стај барм еден ентер, вака се изморив (domenica22 Мај, 2006 - 16:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Човековите права се една и единствена категорија и тие неможе да се делат по групи или на делови. Поделбата која сакаат да ја направат одредени групи секогаш дава контра ефект. Хомосексуалците се борат за “своите“ права, жените за “своите“, одредени групи(национални/верски итн...) за “своите“ и на крај сите доаѓаат до истиот заклучок дека се за што се борат е универзално право на секој човек без разлика каков е. (Jakov23 Мај, 2006 - 08:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ај кога ќе имаш време погледни го мојот блог и текстот Феминизам или фашизам, и кажи ми искрено шо мислиш.
    (ki4ma 23 Мај, 2006 - 13:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Хехе, браво за постот, ти си типичен пример за жена која нема да дозволи да биде дискриминирана, малтретирана или ставана во подредена улога токму поради ваквиот став,и ваквото гледање на работите, камо и сите други припаднички на понежниот пол да размислуваа на ваков начин. (nasty69 23 Мај, 2006 - 16:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ниту сите мажи се мажи, затоа што имаат пимпек, Ниту сите жени.Подеднакво ни е дадено правото за се.Различен е начинот и средствата со кои ги остваруваме.Ако имаш потреба да кажеш дека баш Ти си го направила тоа и тоа, така нека биде.Да сум женско, ке ми биде поважно да се заврши работата, а не кој ја завршил. (OGI SINKO 23 Мај, 2006 - 18:32 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Супер ти беше постов, арно ама кога го видов делот со смртната казна ми се скрши филмот. Оправдувањето на смртната казна се наоѓа во потребата од одмазда, која пак е племенски рецидив на задоволувањето на правдата. А да не зборам дека смртната казна е во целосна спротивност со човековите права - правото на живот. (кнсис 3 Јуни, 2006 - 17:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Делот со смртната казна во постов ми е за педофилите и силувачите. Знам дека сум субјективна за тоа, но имам ќерка и мајчинскиот инстинкт за заштита на своето чедо би реагирал ако нејзиниото правото на живот и слободно развивање бидат уништени од некоја психички изопачена креатура.
    Баш поради човековите права, посебно основното право-право на живот, сите прекршители на тоа право се лишуваат самите себе си од понатамошно повикување на тоа право за себе. Неможе да убиеш некого, сосем свесно и намерно, притоа громозорно да се изживуваш над жртвата и потоа да се повикуваш на своето право на живот! Таквата постапка е нечовечна и не дозволува повикување на човекови права. Не е доволно само да бидеш човечко суштество за да можеш да се наречеш ЧОВЕК.
    Екстремно е секое повикување за смртна казна, меѓутоа баш поради екстремната толеранција и бескрајното повикување на човековите права, деновиве сме сведоци на најава за формирање на партија на педофили во Холандија. Не знам дали си родител, ама за мене правото на детето како човечко битие во развој е многу позначајно од „правото“ на некои возрасни личности да го злоупотребуваат тоа.
    Еднаш, (пак беше кај Жаре)прочитав нешто за толеранцијата :
    „...апсолутна толеранција може да доведе до толеранција на идеи кои промовираат нетолеранција, што понатаму може да ја уништи толеранцијата.“ - Моника Маковеј, Министерка за правда на Романија
    Прочитај го и тој пост (http://jasnesumjas.blogspot.com/2006/03/blog-post_114308172664347340.html) за парадоксот на толеранцијата, па после да говориме за оправдување на смртната казна или не во екстремни случаи на нарушување на човековите права од некои кои се нарекуваат луѓе.
    (oksimoron 3 Јуни, 2006 - 17:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не сум родител но те разбирам. Меѓутоа јас не зборувам за толеранција - таа не треба да постои за прекршувањето на човековите права; Нетолеранција кон појавите, а не кон луѓето. Јас зборував за човековото право на живот, кое е дадено од Бога и никој нема право да го одзема. Убиецот не се откажува од правото на живот, зошто на крајот на краиштата тој не си го дал сам на себе животот ( како што реков само Бог дава живот ). Со извршување на смртна казна државата станува убиец и тоа во заштитата на правото на живот. Кој апсурд! Ако сакаме да бидеме хумано општество треба да го отфрлиме талионот ( око за око заб за заб ). И Џек Мевосек и Али Ахмети го имаат правото на живот. (кнсис 4 Јуни, 2006 - 12:04 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment