Friday, April 04, 2014

Права...

Права.... Измени
Баждаџијата започна тема за правата на жените. Одамна се мислам за истата тема, ама никако да седнам да напишам нешто. Еве, сеа посветувам неколку минути на размислите. Да си кажам прво дека сум жена. Да нема забуни понатаму додека читате.

Стара, максимално експлоатирана тема. Борци за права. Па и жени. Незаситен хемиски елемент е тоа. Секогаш нешто им фали. Никако да бидат задоволни. Се изборија за некои права кои се елементарни човекови права без оглед на полот,а беа доведувани во непосредна зависност баш од полот - за право на вработување, право на глас, право на избор на професија без оглед на потешкотиите, право за учество во општествено-политичкиот живот. И добро е што успеаа. Ама, не се задоволија со рамноправноста која ја издејствуваа. Сакаа уште. Затоа ги променија критериумите и ги поместија границите на поимот рамноправност.

Се изборија да не им ја отворат вратата, да не им го придржат палтото, да не им сипат во чашата....се изборија и за правото први да им пријдат на предметот на нивната сексуална привлечност. Прв дојден - прв услужен (начин на распределба на царинските квоти, де). Битката ја продолжија во бесконечна низа од каприци. Као, зошто пак нема мажи кои би биле џентлмени,ама на начин со кој нема да го повредат нивното чувство за рамноправност. Искрено, не гледам каде би завршила таа борба. Можеби со промената на полот. Којзнае....можеби еден ден ќе бидеме сите мажи на планетава, ама предност ќе имаат тие кои претходно биле жени. Заради рамноправност, де.

Инаку, за ова борбата за права...има еден куп организации за заштита на правата на жените, за децата, за постарите и изнемоштените, за антирасизам, за хомосексуалци, за жртви од репресии, за наркозависници, за хендикепирани, за животни, за...за...цела палета од организации кои се борат за нечии права. Многу обесправени целни групи има. Е сеа, кој какви нокти има... Борбата за права почна да дискриминира. Дискриминација на дискриминацијата. Според мене, најзагрозени се мажите од белата раса кои се хетеросексуални - за нивните права никој не се бори ! Кутрички....


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 10 Мај, 2006 - 23:29

Коментари:
  • Ми се допаѓа принципот на прв дојден - прв услужен... А што е со бисексуалците? Има ли некој да им ги штите правата? Најверојатно организација за слободна сексуална ориентација.
    Јас мислам дека стрејт „мачо“ мажите нема да се сложат со тебе Окси. Како тоа тие ќе ја докажат својата машкост ако некој друг се бори за нивните права. Они не барааат права, они си ги земаат. Да се знае кој е “муж у куќа“.
    (qzevski 11 Мај, 2006 - 00:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • "Којзнае....можеби еден ден ќе бидеме сите мажи на планетава, ама предност ќе имаат тие кои претходно биле жени. Заради рамноправност, де." - jakooooooo! Smiling)))
    преку леб, и сол. се` е мутноооооооо!
    (Црнориз 11 Мај, 2006 - 01:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Можеби и немора да го кажам ова, ама се инспирирав од еден друг блог, и ова ми беше местото тоа да го кажам. Жените уствари се палат на себе. Тоа е одговорот на се. Се надевам нема потреба да објаснувам. (Bi 11 Мај, 2006 - 01:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • нема, нема. Smiling
    (Црнориз 11 Мај, 2006 - 02:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сакам, бре, што сум жена! Не се чувствувам обесправено на ниедно поле, нити дискриминирано на некој начин. Ги имам сите права кои ми се потребни. Но, си го сакам правото да си бидам жена. Право на женственост. Smiling
    Денес борбата за правата на жените некако е извикана и гротескна. Да не речам искарикирана. Се бараат права насекаде во име на полот. За повеќето работи битни се вештините, умеењата и познавањата на областа која се обработува, а не полот на работникот кој ќе ја извршува таа работа. Исто ко со барањата за нацинална застапеност - као да не е битно кој шо знае и умее, туку која националност е!
    Паметните и вешти жени успеваат секаде. Оние кои ги немаат тие особености - се вадат на полова застапеност Eye-wink
    (oksimoron 11 Мај, 2006 - 06:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Немам што да додадам освен да се потшишам. И јас сакам што сум жена, сметам дека жените се благословени со можноста да создадат живот, и дека паментните и вешти жени се и поуспешни од мажите- пореализирани и позадоволни се. Не би сакала да сум маж и сите права кои ми требаат воспитана и обучена сум како да ги заслужам и да ми бидат испочитувани. Браво за постот !! Не знаев дека си жена ! (E-Lady 11 Мај, 2006 - 11:16 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • примерите ти се погрешни, жените не се бореле за права што значат “да им отвараат врата, да им местат столче, да им тураат пијачка...“ и слични глупости, туку да нема машки и женски професии, да бидат рамноправни во школување и вработување, да не ги продваат и купуваат како крави туку сами да олучуваат за кого ќе се мажат без да плаќаат цена за жената како за стока, да биде со сите права како мажот, а не своина на мажот и тој да одлучува, а така е сеуште во некои муслимански земји, некои жени немаат права, ги заборавивте?! (Eva 11 Мај, 2006 - 11:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Eva, затоа реков дека некои права биле скратени, но се успеало да станат реални. Зборуваме за послерамноправноста.
    Бесмислено ми е да се бараат посебни (божем изедначени) права по разни основи. Правата треба да се еднакви за сите личности. Мене воопшто не ми е важно дали личноста е женско или машко, дали е гај или стрејт, дали е верник или атеист.Важен ми е начинот на кој таа личност размислува и делува. Агилноста, спретноста, духовноста, снаодливоста, позитивните ставови... Тоа е системот на вредности според кој донесувам проценка дали една личност вреди или не. А не припишувам вредности само според една особеност здружена во име на некакви права.
    (oksimoron 11 Мај, 2006 - 14:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Тоа со борбата да не ти се отвара врата, сипа у чаша нема врска со борба за рамноправност - туку со сељачка самобендисана несигурност. Ако тоа е рамноправност јас сум еским. Борбата за права на жените, ко и сите други права според мене е борба за рамноправен избор, не дадени практични навидум борби кои немаат врска со целта на таа идеја. Право на образование, право на работа, право на личен избор и сл. - се останато е извртено не обавестено дивеење на женетините, не жените Smiling
    Баш претпочитам да ми се отвара врата, сипа у чаша (по можност ракија ил црвено вино) и љуби рука - на кој му одмакне попија клоца Smiling)))))
    (калина 11 Мај, 2006 - 14:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Токму тоа и е поентата на постов, Калина. Smiling
    Дајте, жените еднаш веќе да признаат дека се рамноправни и да почнат да се однесуваат и да делуваат како такви. Доста е со измислување на нови (сељачки као шо рече ти Eye-wink ) права и постојано мрчење. Да уживаме во својата женственост. Smiling
    (oksimoron 11 Мај, 2006 - 15:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сконтав јас и се согласувам - ама кај Баздарџијата не се сложив со една ствар, а и овде сега ја велиш пак. ‘жените еднаш веќе да признаат дека се рамноправни’ Кои жени се рамноправни? Види неможеш ти да гледаш Ребека или Лила и њима слични и нивните постапки и да заклучиш дека жените се рамноправни. Темата на пример кај гзевски беше за глобалниот статус на жените - но немора да одиме глобално. Тргни малку по селата, седни со млади девојки чија иднина, одлука за образование, маж, иднина е во рацете на некој друг, а кога ќе пробаат да го променат тоа игра буздоганот. На пример кај него линкот до натписот дава убав пример со силуваните девојки во Босна и нивното прекутување поради даден менталитет кој владее. Јас и ти може да сме рамноправни во нашите одлуки и живот со нашите машки сограѓани но незначи дека е случај за сите и дека борбата е завршена. не тргнувај од себе. Второ, лошо е да споредуваш со останатите дискриминирани групи - дискриминација е дискриминација, и тоа што една е помала од друга незначи дека некој треба да седи и ќути и биде среќен со она што го има пошто може да биде и полошо - правата не смеат да зависат од бројноста или степенот на дискриминација. Тоа што некоја дошла до степен во кој ги надминува границите на логичното со захтеви за не отварање врата , незначи дека треба да се заќути во име на девојката од Жеровјане која на 12 години е омажена против своја воља. Тоа што постојат ликови кои ја кварат идејата и значењето на дадена борба, незначи дека самата борба треба да се закопа. Жените се далеку од рамноправност во овој свет, исто ко што се далеку многу други групи - едноставно зависи од што ти е битно, нели. Ал тоа со вратите и чашите секогаш успева да ме насмее и не е уникатна одлика на жените - индивидуална глупост е тоа и неможност да се долови суштината. (калина 11 Мај, 2006 - 16:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Тука секогаш треба да е отворено прашањето и дали жените (глобално гледано) воопшто сакаат да се еманципираат? Всушност, дали оние права кои ние ги нарекуваме „универзални“ и инсистираме на нивно почитување, не се всушност само наметнување на една доминантна вредносна матрица? Има интересни примери со востановените културни пракси; една од нив е ,на пример, во Индија , по смртта на мажот жената да изврши ритуално самоубиство. Англичаните кога ја колонизирале, згрозени од ваквото однесување, нели, им дале на жените слобода на избор. И повторно најголем број од жените се одлучиле на самоубиство. Ова кажува дека не е доволно добро на субјектот да му дадеш право во рацете, право кое не е соодветно на неговата културна и социолошка и незнам каква средина, без да го обучиш за неговата вреднocт и начинот на користење на правото. Па потоа да му оставиш можност за избор дали да го практицира. (makondo 11 Мај, 2006 - 16:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Макондо има право... Прашање е и дали треба да се интервенира кај некоја култура, особено ако интервенцијата доаѓа од туѓа култура. Лично не го поддржувам концептот на еволуција и мисла дека бил само оправдувања на злосторстават што се вршеле од т.н. современи култури врз т.н. примитивни култури.
    И една процедурална забелешка. Не сум гзевски туку qzevski. q не еднакво на g. Еве и со големи за да може да се направи поочигледна разлика Q не е еднакво на G. Ако го користите гзевски како шала тогаш ми е симпатично Smiling. Во спротивно Ве молам користето го qzevski. Ви благодарам
    (qzevski 12 Мај, 2006 - 00:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Би сакал да те клонирам во 100000 примероци за доброто на сите нас ( мажи и жени ) ! И после сите 100000 ти да ве испочитувам без страв дека некој доколку му отворам врата нема да ми одбруси " што јас неспособна сум !!!? Мислиш дека јас САМА немозам да си отворам врата ??? " или " мене рацете ми се фатени , ако ми се пие вино ке си дотурам ај не биди напорен " !!!! Ух не си свесна колку ми го разубаве Животот со постов (бев помалце разочаран бидејки мислев дека ниедна жена нема веке потреба да биде жена ( а се испостави дека биле повеке од една )!!! Ти благодарам за ова !!!! (S.O.Provokator 12 Мај, 2006 - 06:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • „Сите животни се еднакви, ама некои се повеќе еднакви од другите.“
    (Џорџ Орвел 12 Мај, 2006 - 12:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Хехе добар текст. Сепак да бидеме искрени постојат луѓе кои се обесправени и треба да се заштитат. Во оваа група се и голем број жени (јас сум машко -) ). Меѓутоа напливот на организации кои наводно ги штитат обесправените направија луѓето да Чувствуваат одбивност кон одредени граѓански и човекови права. Добар дел од тие организации служат за манипулација и за перење пари, и навистина е жалосно што заради таквите луѓе ќе страдаат оние на кои навистина им е потребна заштита на правата. (SLaCk 12 Мај, 2006 - 20:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Точно е дека некаде во светот сеуште некои целни групи се обесправени и под пресија на предрасудите. Се сложувам со Калина, Слек а и со другите кои наведоа примери. Токму поради тие примери (и поради линкот на постот на Баждаџијата) го напишав постов. За наште т.н. феминистки да видат за кои права станува збор, а не да збеснуваат без причина и повод, да говорат за процентуални застапености и навреда од заштитничкиот, џентлменски однос на мажите во своето опкружување. Иритира каприциозноста во смислувањето нови, сосем нереални права (кои додуша, повеќе укажуваат на искомплексираност отколку реална обесправеност). Smiling
    (oksimoron 12 Мај, 2006 - 20:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • во некој од моите следни постови..почит кон жената..и нејзината улога во археологијата..поздрављам.. Smiling
    (Аrwena 12 Мај, 2006 - 20:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Добар пример што прочитав за високата свест на феминстките од Грција. Имено една пратеничка од грчкиот парламент покренала иницијатива да се укине забраната жените да го посетуваат третиот крак на Халкидики односно Света Гора. Феминистките од Грција беа против овој предлог образложувајќи дека има далеку позначајни прашања за дискутирање како и тоа дека се мешаат правата со традицијата која не е штетна. (SLaCk13 Мај, 2006 - 01:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • денес моја пријателка промовираше книга на саем...е малку профеминистичка...но..како е да живееш сам/а..по свој сопствен избор...одлична е ама окапав цел ден на саем, а сакам неа да ја замолам да напише нешто за мојот блог па ќе го постирам...ваљда у понеделник...(Аrwena 13 Мај, 2006 - 01:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Иако сум жена,јас потполно се согласувам сотебе,е ,сега за тоа деке никој не се бори за правата на белите хетеро мажи тоа е затоа што тие можат поединечно да се борат и не им треба организација.Кој не може да признае дека овие феминистките претераа нивен суетен проблем е тоа.Би сакала да и кажам нешто на таа Ема:душо изгледа не си запознаена со последниве плановина феминистичките орг на западот.Упорно се трескаат од земја демексо тоа што не нарекуваат понежен пол не потценуваат,со тоа што ни помагаат при потешка физичка работа не прават неспособни...и т.н.Не да им текне да се фатат за работа и да помогнат таму каде што треба,има места каде што жената не да нема право на глас туку не смее да ззуцне!Ај да не ги замараме со светски проблеми,нешто локално:барем да им помогнеа на жртвите на семејно насилство или нешто слично а?А дали ти драга Ема си слушнала што имаат изработено членките на Здружение на жени на град Скопје во последно време а?Јас ќе ти кажам-едно големо НИШТО!пред некоја година имаше акција преку нив се делеше second hand облека за деца без родители,социјални случаи и слично,и,што направија?Пред мои очи си ги поделија поубавите работи а другото и го дадоа на една женичка,и ја задолжија таа сама да ја подели на неколку стотини луѓе!А лепотиците си отидоа на руќек!Е сега немој да ми кажеш дека не е претерано.Кај нас овие организации се жив пропаст.И дека се претерува,се претерува,да не се лажеме! (dinjicka 5 Декември, 2007 - 07:57 | логирај се за да пишуваш коментари)



  • No comments:

    Post a Comment