Friday, April 04, 2014

Преговори


По изборите на кои граѓаните го направија својот избор на програма за делување во следните четири години, се издефиренцираа неколку групи на претставници на различни изборни програми. Ниедна доволно голема за сама да ја превземе одговорноста. Затоа се почна со договарање за формирање на нова влада. Носител на овие договори е партијата која има освоено најмногу пратенички мандати. Договорите се прават на доброволна основа, со рационална проценка за полезноста од партнерскиот однос на сите партиципиенти, т.е. договорени странки. Заеднички креирана агенда за усогласување и реализација на изборните програми како предмет на договор. На тој начин создадени се сите услови тој договор да биде и успешно реализиран.
Но, процесот за формирање на нова влада од меѓупартиски договори се претвори во преговори. Последниве неколку денови се повеќе се користи тој термин. Преговори. Обично, преговорите стартуваат по веќе реализиран конфликт на интереси. Тогаш се обидува да се најде заедничка платформа за делување при што ниедна страна нема да биде задоволна, зашто преговори не се прават за реализација на барања туку за стабилизација на пропусти. Суштината на преговорите е да се избалансира веќе создадениот револт и да се неутрализираат реперкусиите од истиот. Значи, никој не добива што сака, сите се откажуваат од понешто за да има мир.
Секој процес со повеќе учесници започнува со договор. Ако тоа не успее, значи тргнало на лошо и следува фазата преговори. Во случајов....дали станува збор за договори за формирање на нова влада или преговори за одржување на мирот во државава?!


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 23 Јули, 2006 - 16:47

Коментари:
  • Окси,
    Само нека се формира владата.
    Не е лошо Ти да почнеш да си го пакуваш куферчето - За Брисел.
    Што се мене тиче би можела и за Стразбур.
    (OGI SINKO 23 Јули, 2006 - 19:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оги,
    сал да не е Хаг, де Smiling
    Во сенка на сите договори и преговори се кријат и заговори Eye-wink
    (oksimoron 23 Јули, 2006 - 20:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси,
    Нема идеален Правилник за распределба на плати.
    Нема идеални резултати после било какви преговори.
    Ти тоа убаво го кажуваш.
    Заговор.Против кого.
    Ајде ти сепак спремај се за Разговор.
    По модерно го викале Интервју по претходна Апликација.
    Значи, ке ми до доставиш Твоето CV, Јас ке му удрам еден Мур и ке го проследам понатаму.
    (OGI SINKO 23 Јули, 2006 - 20:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А бе, ти се реши да ме набркаш од Македонија?! Ме стаи на нишан, а? Ако, ако.... сал да ти кажам дека сум подвижна мета, треба јака концентрација при нишанење Eye-wink
    Апликација за симплификација.
    Не. Не. Не си одам ја од туа.
    А мурот чувај го за други проследувања. Ќе ти треба Smiling
    Јас веќе сум „понатаму“ Eye-wink
    (oksimoron 23 Јули, 2006 - 21:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ако сакаш да го тргнеш од политичка сцена,
    пушти го во Амбасадори.
    Добро ма Окси, добро.
    Ако Ти е арно, седи си, кај што си седната.
    (OGI SINKO 23 Јули, 2006 - 21:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • околу Амбасадите..каде е Чешката?..за Бугарската знаеме веќе.. (anaveno 24 Јули, 2006 - 00:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Imroko,
    зош ти се амбасади, седи мирен...преговарај за договор Eye-wink
    (oksimoron 25 Јули, 2006 - 16:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • е порано не ни требаа..ама сега Шенген е..менгеме..и тоа договорите не биваат..ти сега..јас после..не вреди..па ај уште еден комјутер дома..ама.. (anaveno 25 Јули, 2006 - 23:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Интересно е зошто никој не кажа однапред со која влада ќе настапат, ако ги добијат изборите. Тоа во светот се знае уште пред да почнат изборите, овој министер, овој амбасадор, оној директор таму и таму. А тука уште се договара и разговара, а од изборите поминаа цел месец. И тоа не е само сега, тоа како некоја пракса станува. Абе цела влада треба да се позната, по сите комбинации. А не сега ќе трошиме зборови, оној ќе биде, е не тој, друг, па трет. Глупости! (media 1 Август, 2006 - 15:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Медиа, не е лошо што се договара и разговара...лошо е што се ПРЕговара ! Eye-wink
    (oksimoron 1 Август, 2006 - 21:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • стварно тисироко, преговарај.
    (макрок 5 Август, 2006 - 11:15 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment