Friday, April 04, 2014

префикс(ност)


По се изгледа имаме сериозен проблем со еден префикс во нашиот општествено-политички дијалект. Да тргнеме со ред....

ПРЕИМЕНУВАЊЕ - горлив проблем со кој се соочуваме подолг временски период. Не ни викаат по име, ама извикани сме. Безгласна, безимена викотница. .

ПРЕБРОЈУВАЊЕ - избирачките списоци за ниедни избори не ни се целосно ажурирани. Или има вишок, или мањак. Битно, никогаш не сме токму.

ПРЕМЕРУВАЊЕ - ни за границата не сме баш сигурни. Секакви карти се цртаат и секое ново прецртување на Балканот завршува со нас. Подебелиот крај е наш.

Ако на ова се додадат и

пренемагањето на јавните личности,

препредноста на политичките елити,

претензиите на екстремистите,

прегрупирањата во коалициите,

премислувањето на електоратот,

превртливоста, преформулациите, претумбациите.....

Одамна веќе не се задоволуваме ни со малку ни со многу. Прифатливо е или премалку или премногу. Претерувањето ни е прелиминарно. Предуслов за преобразба.

Префиксани сме.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 9 Мај, 2006 - 20:47

Коментари:

  • Преферирам пресврт Smiling
    Оти изгледа имаш право кога велиш дека "...не сме токму" Smiling
    (globus 9 Мај, 2006 - 20:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Пре-лежуваме детски болести.....
    (ASN 9 Мај, 2006 - 21:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ма, пре-болуваме пре-форсирани детски малверзации Eye-wink
    Преврат, глобус, преврат. Smiling
    (oksimoron 9 Мај, 2006 - 22:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Пре-суши инспирацијата.
    Или сме пре-варанти или пре-немагачи....Пре-дели на пре-пре-дени..
    Пре-дадени на вечната и не-пре-мостлива глу-пост Smiling
    (ASN 9 Мај, 2006 - 22:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Пост-Гну пре-фригантност на пре-молчените ни пре-дедовци! Smiling
    (tv-set on blue 9 Мај, 2006 - 22:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Преамбула:) (Bi 9 Мај, 2006 - 23:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • остај друго, пре-ситен е фонтот на некои од темплејтите денес. пре-тумбав се живо и диво додека не сватив дека не е само кај мене. Sad пре-вара!пре-давство!
    (Црнориз 9 Мај, 2006 - 23:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ова е веќе премногу. (Jakov 10 Мај, 2006 - 07:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Фонтот се пресизира, предлог за преформулација на поплаките. Smiling
    (oksimoron 10 Мај, 2006 - 15:29 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment