Friday, April 04, 2014

Бели мугри


„...Денови ли се денови,
аргатски маки големи,
стани си утре порано
дојди си вечер подоцна....“
Вака некако поминаа првите сто дена од формирањето на владата. Во духот на Рацин. Некои тоа го нарекоа селанско-земјоделски дух. Ако. Доста ни е од аристократи. Доста ни е од сина крв. Наместо отмен (кобајаги) филозофски поглед (т.е. заеб) од високо, ни требаше некој кој ќе засука ракави и ќе се фати за работа. Некој кој не се плаши, ниту срами од работата. Некој со идеа и план. Стратегија која се реализира чекор по чекор. Нека звучам и пристрасно, ама јас сум задоволна од овие сто дена на владата. Ниедна влада изминативе 15 години немала ваква експедитивност. Толку многу започнати проекти за толку краток период. И волја да ги спроведе. Ентузијазам и енергија.
„...На кантар студен со туч го мерат,
а можат ли да ги измерат,
нашиов тутун - нашава мака,
нашава солена пот....“
Ги слушам критиките на опозицијата и се прашувам со кое право говорат, кога до само пред сто дена имаа шанса да покажат што знаат и умеат. И покажаа. Се што незнаат и неумеат. Сега, божем знаеле што не чини. Ама не кај нив, туку кај другите. Едните споменуваат непотизам, реваншизам и корупција (експерти се за тоа), другите цртаат некакви пентаграми (ако знаат и самите што сакаат да кажат,еве де) а третите... е, третите се ко расипана лента која без прекин повторува „дијалог, ние сме победници, дијалог, сакаме власт, дијалог, земете не нас у влада, дијалог, меѓуетнички дијалог, сакаме власт, дијалог“. А имаа дијалог - тие си кажаа што сакаат и им беше одговорено дека не може. Пак си кажаа и пак им беше одговорено. Којзнае, можеби преведувачите зафркнуваат работа па не можат да сфатат дека Македонија е унитарна држава. Ако тоа не можат да го сфатат, тогаш навистина не им треба дијалог. Им треба дијагноза.
„...Нема ли срце, нема ли
срце - на срца срцето,
срце - ширини широко
срце - длабини длабоко
цел свет да збере, па да е
за вија гради малечко?“
Поминаа стоте дена. Но има уште многу денови напред. Ќе бидат тоа и сончеви и облачни и ветровити денови. Променливо до умерено. А не е само владата факторот кој ја определува „временската прогноза“. Сите ние делуваме на општествено-политичката клима во нашата држава. Ни треба колективно порамнување на свеста. Не, не зборам за рамниот данок :) . Ни треба порамнување на желбата за напредок, на решителноста да расчистиме со сенките од минатото, на трудољубивоста за креирање на подобри услови за нашите деца, на волјата за работа според нови, поуспешни методи......
„...На работа!
На труд!
Та не сме саде ние
та не сме саде тука-
ние сме по цел свет
безбројни
милиони,
на трудот
црн-
народ!“

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 5 Декември, 2006 - 22:32

Коментари:
  • Треба малку време за да застанеме на колена.Сеуште ползиме. (Јанис 5 Декември, 2006 - 22:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • "Доста ни е од аристократи, доста ни е од сина крв"
    Браво ОксиМокси, не кажувам ништо веќе.
    (Бунка 5 Декември, 2006 - 22:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сите партии се борат да дојдат на власт, но ниедна не се труди да остане на власт. Па толку ли им беше тешко да сфатат дека се што треба да прават е да си ја работат работата чесно и одговорно и народот ке ги сака и ке има даде не еден или два, 10 мандати ке им даде. Но тие што дојдоа на власт не ги интересираше ни народ, ни држава, ни социјална правда ни социјална заштита. Тука беше телеком, електро, окта, и илјадници други фирми од Тито изгрдадени за кои требаше да се земат милионски суми во џеб за да се продадат за 1/10 од цената. НИКОГАШ ПОВЕКЕ да не дојдат тие проклети политичари на власт,но сакам во ЗАТВОР СИТЕ да ги видам. Новата власт покажа дека знае да работи, да не ја урочуваме но луѓето си ја вршат работата. Само така, доколку вака продолжат мојот глас сигруно ке го добијат на следните избори. Само сакам Бранко во затвор да го видам, и ЉуБчо, и Ахмети и сите други одговорни за уништувањето на македонската еконмија, судство и државност. Браво На новата власт за 100 дена. Уште 100 илјади денови ке ви дадеме, само така продолжете. И ИЗГРАДЕТЕ УШТЕ ЗАТВОРИ, оти ке нема место!!! (vectra175 Декември, 2006 - 23:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вектра има еден линк кај ОксиМокси тука десно негде во горните, кликни го Smiling.
    (Бунка 5 Декември, 2006 - 23:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • „Доста ни е од аристократи. Доста ни е од сина крв.“
    Малку идеолошки луташ, ама не е важно. Важно е да сме пристрасни. Некој мора и тоа да е.
    (кибицер 6 Декември, 2006 - 00:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • „... да расчистиме со сенките од минатото...“
    Оваа комуњарава што мрчи, токму тие се сенки на сенките од минатото. Им посакувам никогаш повеќе да не добијат власт.
    (GoodBytes 6 Декември, 2006 - 00:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • јанис,
    на колена сме одамна , затоа и ползиме. Сеа е ред да се застане на нозе и да се чекори цврсто,сигурно Eye-wink
    бунка,
    Smiling
    вектра17,
    чекор по чекор, верувам дека се ќе се среди. Сите кои имаат криминални дејствија зад себе ќе си добијат судски процеси пред себе Eye-wink Треба само истрајност и решителност.
    кибицер,
    споредбата со аристократија е направена у однос на манирите кон „поданиците“ , ароганцијата и презирот кон нив. Не станува збор за идеолошка споредба Eye-wink За таква споредба.... им нема примери. Неспоредливи се. Сами по себе се пример за себе. Sticking out tongue
    goodBytes,
    дај боже Smiling
    (oksimoron 6 Декември, 2006 - 19:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • рацин и оваа влада не одат заедно :) (Shepard 7 Декември, 2006 - 03:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Одат,одат Smiling
    Вредни се, трудољубиви и сличен им е чекорот при делувањето против злоупотребителите на народната мака. Револуционерни дејствија за промена на наизглед безизлезните сосотојби Eye-wink
    Само да не завршат ко Рацин.....од рака на своите....
    (oksimoron 7 Декември, 2006 - 12:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, како за на десно што ми маваш, многу од лево ја вати работава (со Рацин мислам) Smiling
    (RIBARO 7 Декември, 2006 - 15:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А бе, како сакам така фаќам, од кај сакам од таму мавам, на кај ќе ми текне натаму ја вртам работата. И така лево- десно, па у центар и после нагоре-надоле, па у круг....се додека не ви се сврти паметот Sticking out tongue Smiling
    Шегата настрана, зошто сите го поврзуваат Рацин со левичарската идеологија?! Човекот пишувал социјална поезија. Како божем сал левите да се револуционерни и се борат за човекови права. Може на хартија е така со идеологиите, меѓутоа во пракса, на терен.... малку понаку стојат нештата. Левите кај нас се навистина ЛЕВИ луѓе. Smiling
    Јас Рацин си го сакам како поет, ми беше тема за матура, и ќе си го поврзувам со теми каде јас гледам сличност Eye-wink И толку.
    (oksimoron 7 Декември, 2006 - 15:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • И мене нешто на Рацин ми одат деновиве, чудна коинциденција. Рацинови денови! Smiling
    Владата - јас би почекал да ги видам резултатите, па тогаш би оценувал. Засега не изгледа лошо.
    Panta Rei
    (GoodBytes 7 Декември, 2006 - 20:16 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment