Friday, April 04, 2014

Шминка


Не ми треба. Можам и без неа :)
Дали темната линија околу очите ги сокрива парчињата стакло во зениците? Ставаме бои на капаците за да го оправдаме спуштањето на погледот. Руменило на образите за да ја сокриеме анемичната природа. И кармин на усните за да остави траги наместо зборовите.
Се будиме наутро и размислуваме кое лице да го облечеме денес. Па одбираме. Лице задоволно од самото себе. Да. Најубаво ни стои таа боја на карактерот. Ги порамнуваме краевите на насмевката и го закопчуваме погледот. Па се качуваме на штиклите од нашите критериуми. Совршен мејкап, совршена фризура, совршена гардероба. И зачекоруваме - совршени ние во совршен свет. Хипокризија на секојдневието. Бесмислени разговори за смислата. Надмудрување на глупостите. Лесно е да се биде друг. Се е лесно освен да се прифатиш себе си токму таков каков што си.

Секогаш најудобно се чувствувам во стари, излитени фармерки. Со стари, износени патики или чевли. Без фризура. Без шминка. Ја измивам и шминката на блогов. Го облекувам повторно стариот дизајн.

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 2 Април, 2007 - 17:27

Коментари:
  • Интересно сознание и признание ... Smiling
    (волан 2 Април, 2007 - 17:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се сложуваме Окси. Навистина најубаво е чувството во старите, износени работи... А и шминкава на блогов е добра Smiling
    (dr. Max 2 Април, 2007 - 17:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Волан,
    сознанија, признанија.... не сме совршени, имаме куп маани. Интересното е во прифаќањето себе си сосе мааните Eye-wink
    ----------------------------------------
    др. Макс,
    кажи... стари, топли, познати, удобни нешта... ммммм...
    Повремено забегуваме, се правиме нешто шо не сме, ама... едно плиснување со вода во лице не враќа Eye-wink
    (oksimoron 2 Април, 2007 - 19:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Има шминка која сокрива и шминка која открива- втората е дел од нашето персоналити.
    (е-lady 2 Април, 2007 - 20:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • огледалце, огледалце, кажи на светот најубав кој е?:) (fitoplankton 2 Април, 2007 - 21:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Едно време мислам дека имаше таканаречени Шминкери(New Wave Romantics)... Duran Duran-како слика за оние кои немаат поим како изгледале Шминкерите и Шминкерките... Cool
    E Офф Топик е знам, ама што да праам...ми излета... Laughing out loud
    Се зависи каква намена има шминката...Од нас зависи Каролинооооооооооооооооооооо! Sticking out tongueСе извинувам најискрено за моево дерење...но навистина нема причина зошто да дојдам до крајниот стадиум на причините за Шминката во нормална апатична фаза.
    (Бунка 2 Април, 2007 - 21:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Лејди,
    шминка си е шминка. Го сокрива неубавото а го открива т.е. истакнува убавото. Е сеа, ние сме и убавото и неубавото во едно. Откриено или сокриено. Eye-wink
    ----------------------------------------------
    fitoplankton,
    токму така душо Smiling
    Суетата често зезнува се.
    ----------------------------------------------
    Бунка,
    а бе, кај ти текна сеа на Дјуран-Дјуран? Ами Лимал или Бој Џорџ шо не си ги споменал (коа веќе забегуваш од темава, а да биде у контекст сепак Smiling ) ?
    А намената на шминката е најчесто таа - да им се допаднеме на другите. Прифаќаме туѓи стандарди за убаво. Маскенбал, бе ! Smiling
    (oksimoron 2 Април, 2007 - 21:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бој Џорџ...? Зошто се вратив на темата потоа, а и немав место кај да му го допишам името...а и не ми е некако за спомнување...
    Кама, кама, камилиија ју каминг гоу...
    Многу шминка става тој, затоа не сакам да го спомнувам Laughing out loud
    а поголем маскенбалџија има ли од Џорџи Бој? Тој ти е типичен пример за материјализирана шминка.
    (Бунка 2 Април, 2007 - 21:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • таа лошата макеа, била и лоша i glupa, не се гледала во огледало туку гледала она што сака да го види (fitoplankton 2 Април, 2007 - 22:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Така оди тоа fitoplankton.... слој по слој шминка... и не се гледаш повеќе себе си туку само последниот, површниот слој.
    Лоша маќеа, нема што Smiling
    (oksimoron 2 Април, 2007 - 22:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • шминка што покрива ЛИНИИ?..
    (bukvar 2 Април, 2007 - 22:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Аха. Smiling
    (oksimoron 2 Април, 2007 - 22:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Или пак во пиџами Eye-wink Во нив е најудобно Smiling
    (dr. Max 3 Април, 2007 - 01:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Зен-дизајн, исто како и логото горе десно. Супер, ме врати во младоста, фала ти! Smiling
    П.С. Имам еден џемпер кој, иако ми е од прва година средно, сеуште го носам.
    (GoodBytes 3 Април, 2007 - 16:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • dr. Max,
    ех... пиџами...убавини.... си се излежуваш, онака, раскомотен ... Smiling
    --------------------------------------------
    Good Bytes,
    Фала Smiling
    Веројатно се чувствуваш удобно во тој џемпер, затоа си го сакаш. И јас сум иста Smiling
    (oksimoron 3 Април, 2007 - 20:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Од машка страна: БРАВО!! Еве зошто: Запознаваш девојка. Се дружите, се заљубувате. Таа е прекрасна. Секогаш стокмена, нашминкана, дотерана, едноставно - прекрасна. Решавате љубовта низ брак да ја делите... ФАКТ: Едно утро, случајно стануваш од кревет, порано од вообичаеното - ти се пие вода... Поминуваш покрај бањата и... гледаш некоја persona ("non") grata!!!! Чудно, жената ти ја нема во креветот, а оваа во бањата не е таа. ШТО ЛИ ПРАВИ ОВДЕ?!?! Си ја мести пунџата, се шминка, едноставно, како што би рекле нашите дедовци: се шмиргла... ОК... Можеби таа е само производ на твојата полусвесна и сонлива состојба... Пиеш вода и се враќаш во креветот до твојата женичка, а по пат гледаш дека привидението од бањата го нема. И утрото, кога од сон ќе излезеш, сфаќаш: Па тоа беше мојата ЉУБЕНА ЖЕНА!!!!! Поздрав и драго ми е што најдов ваков блог...(Buckalo 4 Април, 2007 - 00:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • интересно.
    искрено.
    соголува до гола кожа.
    прекрасно.
    ај лајк ит.
    поздрав
    (Ki 4 Април, 2007 - 01:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се будам без шминка со зборови зависни од нивната сила. чао драга Поетеса (er - or 4 Април, 2007 - 16:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Нема ништо поубаво од тоа да немаш или да не си созадавш притосок дека треба да изгледаш перфектно, нашминкано и постојано стокмено...зошто го гуши чувството на комплетна слобода, го одзема приматот на спонтаноста и природноста,кои за мене се најважни, зошто дозволуваат од секого да излезе тоа што е најдобро во него...имаше еден краток расказ од покојната Јадранка Владова, дека девојките многу преферираат да стваат водоотпорна маскара...затоа што, сметаат на солзите однапред, ме наежи тој момент......и...ај, другпат.. (Amelija 6 Април, 2007 - 11:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Buckalo,
    тоа е така зашто премногу се концентрираме на изгледот и мислиме дека се е во него. А не е. Има многу повредни нешта. Ама, поместен е критериумот за вредност изгледа Smiling
    ------------------------------------------------------
    кристин4е,
    од кожата надвор не можеме. Затоа треба да се сакаме такви какви што сме Eye-wink
    Фала Smiling
    ------------------------------------------------------
    ерор4,
    поздрав и до тебе
    ------------------------------------------------------
    Амелија,
    не сме совршени. Имаме куп маани. На другите може да не им се допаѓаат, да не ги прифатат, ама не и самите ние. Наши маани се. И ни требаат. За да бидеме свои. Да бидеме тоа што сме. Без залажувања. Без калапи. Без шаблони. Па, шо биде нека биде. Smiling
    (oksimoron 6 Април, 2007 - 13:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Порано многу се шминкав,море се боев.Сега најчесто сум без грам шминка, со фармерка, ниска чевла и некоја блуза што ќе ми „падне в око“,и среќна сум што не робувам на шминката и на гардеробата.И толку...тоа сум јас...Поздрав Окси,интересен текст. (lucija 6 Април, 2007 - 14:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ако сепак дознаеш, за некој мејкап, кој го покрива животот од лицето, јави ми. Со една работа не мошам да се сложам. Најтешко е да се прифатиш себе си, таков, каков што си. Да беше лесно, сите ќе бевме без мејкап.:) (lak 6 Април, 2007 - 15:28 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ја сака ногу да лафам за make-up things...ама мал ми е фондот на зборови Sticking out tongue
    (Бунка 6 Април, 2007 - 19:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Луција,
    кога ќе почнеме да се сакаме самите себе си такви какви што сме - сфаќаме дека шминка не ни треба Eye-wink
    ------------------------------------------------------
    лак,
    никаква шминка нема да ги покрие лузните од животот - тие се во отсјајот на очите, во погледот. А, за сложувањето, изглеа не се разбравме. Јас велам дека е се е лесно ОСВЕН да се прифатеме себе си такви какви што навистина сме. Значи....сепак, најтешко е тоа. Поздрав Smiling
    ------------------------------------------------------
    Бунка,
    не била така таа. Не туку ногу лафи, фани се за работа и пиши. Ќе вииме тоги, коа ќе а завршиш прказната шо а одолговлекуиш Eye-wink Sticking out tongue
    (oksimoron 7 Април, 2007 - 11:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јас би рекол стари испробани и докажани фармерки, старите добри чизми од докторот, и фризура as is ... анегдота...Ана: Колку ти е убав парфемот, шо марка е. Коце: Од кај знам што парфеми купува цимерот. (blok 9 Април, 2007 - 18:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • одлично.... во секој случај, внатрешното никако неможеме да го нашминкаме... па ако (некогаш) го прифатиме фактот дека дека самите ние сме огледало на сопствената личност, можеби полесно ќе ни биде да сфатиме дека во излитените фармерки ни е далеку подобро... ;) (Te. 12 Април, 2007 - 18:39 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment